Среда, 28 Август 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (24)

pano1

ПЛЕМИЊАТА ЛЕЛЕЗИ, КАРЦИ, ЛИКИЈЦИ, ЛУВИЈЦИ, ЛИЃАНИ И ХЕТИТИ

Во праисторијата Лелегите живееле на јонските острови, често со Караните, и тоа на Закинта, Кефалонија, Итака, Леукада и др. Тие биле жители на јужниот Балкан, населени долж линијата која оди од Јонското Море кон Ламија, островот Хиј и Троја. Биле во Акарнанија, Локрида, Мегара и на западен Пелопонез. Лелегите биле основачи на градовите Пил во Елида, Пил во Месена и Лаконија, како и на кавкаскиот Пил

Прв крал на Спарта, како и Мегара во Атика, бил Лелег. Ќерки на владејачките династии на Лелегите биле Елена и Пенелопа, а женејќи се со нив Менелај и Одисеј си обезбедиле свои кралства на Пелопонез во Спарта и во Итака (Томсон, 1954 г., 115). Според митологијата, лелегиска Локрида í дала на Троја илииски елемент и имала привилегија да именува тројански свештеници.

Лелегите на Локрида, матријархатен и неелински елемент, биле присилени во 683 година пред Христа да се иселат од Елада во епизефриска Локрида на врвот на италијанската „чизма“ (Grevs,1990 г., 136, 4 и 158, 8). Во времето на  процветот на минојското владеење во Егеј, во XIV век пред Христа биле преземени многубројни експедиции против гусарството. Тогаш многу Карани и Лелеги, заедно со феникиските Кадми, ги напуштиле Кикладите и се населувале на јонските острови.

Во праисторијата Карците или Карите (Kares, основата καρ, καρες, καρα, kar, kares, kara-најголем дел, врв, глава, шума, тврдина) биле жители на Карија, покраина во југозападниот дел на Мала Азија, јужно од реката Меандер, северно од Род. Тие честопати се поистоветуваат со Лелегите.

Херодот смета дека Лелегите биле едно од племињата Карци и дека биле добри морнари, како и тоа дека Карците биле еден од најзначајните народи на своето време. Тие ги населувале поголемиот дел острови во Егеј: Сам, Хио, Дел, Кос, Наксо, Киклада и др., а на Пелопонез: Епидаур, Трезен, Ермиона, а во Атика Мегара (Томсон, 1954 г., 115).

Најпознат град во Карија бил Халикарнас, каде што бил роден Херодот. Се смета дека овој историчар не бил со елинското туку со кариско потекло, од татко Карец по име Ликсеј (Томсон 1954 г., 112).

pano2

Балкански Полуостров

Еден од познатите во историјата цареви-сатрапи, во IV век пред Христа, околу 360 година пред Христа, бил Мавзол, на кого неговата жена Артемизија му подигнала убав надгробен споменик „Мавзолеј“, во Халикарнас, кој претставува едно од седумте светски чуда. Свет симбол на Керците и на други народи на Анадолија била двостраната секира.

Ликија е планински крај во Мала Азија, меѓу Средоземното Море и Памфилија, Фригија и Карија. Ликијците биле многу културен народ од праисторијата, со главен град Ксант. Национален симбол им бил волкот (λυκος, likos, основата λυκ, латински lux-светлост), па оттаму и нивното име. Епонимен бог им бил ликијскиот бог Аполон.

Ликијците негувале матријархат, што се согледува од некој епиграфски формули како „... Александар, од непознат татко...“ итн. Ова мошне пластично го изнесува Херодот (I, 173): „Кај Ликијците постоел еден особен обичај каков што нигде не можел да се најде. Ги носеле имињата по мајките, а не по татковците. Кога некого ќе запрашале кој е тој, овој прво го кажувал името по мајката, потоа името на својата баба, па на прабабата итн...“

Ликијците во историјата се познати и преку египетските извори од времето на Рамзес II, во XII век пред Христа, како пирати на Нил, под името Лука. Во XII век пред Христа, заедно со некои племиња Карани, емигрирале во Налестија, каде станале познати како Филистејци (Kretschmer, 1896 г., Tomson 1954г.). Ликијците ѝ биле сојузници на Троја, а нивниот крал Сарпидон се споменува како водач на ликијската војска во Тројанската војна. Како и кај Каранците, нивна национална карактеристика била коњска грива на кацигите.

Лувијците биле народ со индоевропско потекло чија држава била во Мала Азија, јужно од реката Меандар, денешна Арзава (Arzаwa). Ливија била освоена од хетитскиот крал Лабарнас, кој се смета за родоначалник на хетитската династија, околу 1600 година пред Христа (Macqueen, 1986 г., 162).

Археолошките истражувања во сегашниот Бејцесултан (Beycesultan), во Турција, откриле богата материјална култура и палата која била уништена во 1700 г. пред Христа. Се смета дека тогаш нејзините жители ја напуштиле својата татковина и пребегнале на Крит и други егејски острови, носејќи ги со себе културата, јазикот и писмото познато во глосологијата како линеарно писмо А (Папаставро, 1972 г., 22). Се смета дека лувискиот јазик е еден од супстратите на јазиците на „егејската цивилизација“, пред доаѓањето на Хелените, во ранобронзената епоха (Macqueen, 1986 г., 33).

На западниот дел на Мала Азија, меѓу реките Хермо и Меандар, се наоѓала покраината Лидија, со главен град Сардо. Лиѓаните биле праисториски народ и биле сродни со Етрурците, познати уште како Тиранци, заради нивното потекло од градот Тир во Лидија. Лиѓаните и Етрурците имале ист јазик, биле роднински врзани со Пелазгите и живееле во матријархат. Во историјата биле утвредени три династии: Атијади, Хераклиди и Мерманди.

Во митологијата лиѓанските Хераклиди се поистоветуваат со Етрурците од Servius Tullius. Во време на династијата Атијади, Лиѓаните во еден период биле под царство на Хетитите. Еден од последните кралеви на Лидија од династијата Хераклиди, околу 1300 година пред Христа се викал Мурсил, како и неговиот хетитски истоименик.

Многу антички писатели тврдат дека митолошкиот крал Пелоп, кој ги повел тесалиските Ахејци (Хелени) од Фтија на Пелопонез, бил автохтон малоазијат од Лидија (Томсон, 1954 г., 288). По овој Пелоп е и името на тој полуостров, кој порано се викал Апис (бик) или Пелазгиотис, како и епонимот на микенската династија Пелопиди, која со мажачки и женидби ја заменила династијата Данаиди.

pano3

Хетити

Од лиѓанската династија Хераклиди потекнува и митолошкиот јунак на Хелените Херакло и неговите потомци Хераклиди, кои биле предводници на Дорците при населувањето на Пелопонез, 1104 година пред Христа и кои извршиле егзодус и геноцид над Ахејците. Династијата на Хераклидите владеела со Лидија во временски интервал од 22 поколенија, т.е. 505 години, кога власта преминувала од татко на син, сé до Кандаул, син на Мирсов (Херодот, I, 7).

Последна династија биле Мармендите, на чело со кралот Гиг. Неговите наследници владееле околу 130 години. Последен владетел бил кралот Крез (560-590 г.), кога Лидија била најмоќна држава, а Крез најбогат човек на светот. Неговото кралство го срушил персискиот крал Кир (559-529), во 547 година пред Христа.

Хетитите или Хетеи, односно Арзавани (Arzawani), за кои многу малку се знаело до XIX век, биле мешавина од народи на Мала Азија и се смета дека се доселиле од јужните руски степи и Кавказ, околу 2900 година пред Христа (Cavaignac, 1936 г.,  Macqueen, 1986 г., 27). Се зборувало на индоевропски јазик. Нивното царство во XIV и XIII век пред Христа било распространето. Го опфаќало континенталниот дел на Мала Азија, со престолнина Хатус во Кападокија. Моќните хетитски кралеви, како што биле Мурсил II (1345-1315), Супилулиум I (1380-1334), Мурсил III (1333-1309) итн., имале меѓународна репутација.

Хетитското општествено уредување било патријархално. Биле познати по употребата на „клинестото “ писмо и борбени коли со две тркала. Нивната империја исчезнала околу 1200 година пред Христа со инвазијата на Бригите (Фригите) од Балканот (Macqueen, 1986 г.).

Некои истражувачи на Агамемновата гениологија, односно на Ахејците во Микена, т.е. Пелопиди, со кралот Пелоп на чело, го истакнуваат нејзиното хетитско или лиѓанско потекло, преку последните лиѓански Хераклиди. А ова се потврдува и со описите на хетитскиот крал Мурсил од Хатус, кој ги истакнува своите односи со Ahhiyava (ахејски) водачи (Томсон, 1954 г.).

Во поглед на религијата, историчарите го наведуваат хетитското потекло на божицата Артемида од Кавказ. Тоа се поврзува со Амазонките и градот Ефес, кој според митологијата бил под управа на последната Амазонка која се викала Смирна (Garstang, 1929 г.). Хетитскиот назив за Троја бил Wilusa.

Продолжува

Sh Donco   slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ - ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македонија

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македони

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.