Среда, 27 Ноември 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (37)

dОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА I ДЕЛ

Бидејќи по долгогодишните индивидуални лингвистички истражувања на Балканот (Шкокљев и Шкокљев, 1996 г., 38) констатиравме дека и во Србија постојат топономи, посебно хидроними со митолошко значење, на југоисточните простори на Панонија, преминавме на нивна систематизација и митолошка реконструкција. Како што веќе беше кажано, ономастиката припаѓа на палеобалканската глосологија

Митолошките имиња на реките и адите на Дунав претставуваат ликови од Хесиодовата козмогонија и теогонија. Големата низина во Средна Европа, во сливот на најголемата европска река Дунав, меѓу Алпите, Карпатите, Динарските и Родопските Планини, го носи името Панонија. До нејзино формирање дошло во текот на географската еволуција на овој простор. Во палеозојскиот период, пред околу 40 милиони години, во овој регион бил океанот Тетис (Τηθυς, tetis, кованица од τη, te-оној и θυω, θυς, tio, tis-трча, беснее, се бранува, т.е. море), кое се простирало меѓу тогашна Африка и палео-Европа.

Во Тетисовиот Океан, Балканскиот Полуостров тогаш бил систем од острови и архипелази. По 10 милиони години, новоформираното балканоско копно се нашло меѓу Средоземното Море на југ и Панонското Море на север. Во период од пред 10-20 милиони години, во миоценот, Балканот бил полуострово, припаѓал во Европа и на неговите простори владеела тропска и суптропска клима, со соодветна вегетација и животински свет.

Во Хомеровата и Хесиодовата митологија Тетија (Τηθυς) била прамајка на сите богови и живи суштества, сопруга на Океан, ќерка на Уран (Ноќ) и Геа (Земја) и мајка на три илјади ќерки, Океаниди. Во текот на митолошката еволуција на Океан (Ωκεανος), кој ја персонифицира правдата на северниот дел на првобитниот општ океан Тетис, како Панонско Море го добило антропоморфизмот во името на единствениот сеопшт бог под името Пан (Παν-во сé, сосема, потполно, сеопшт) и потврдната лична заменка non (νων-его, јас, јас лично), т.е. „Јас сум семоќен Пан-господар“ и оттаму Панонија како хороним. Кај некои народи од Средна Европа, како што се Словаците, Чесите, Полјаците, е прифатен зборот пане кој означува господин и господар.

dd1Господов Пантеон

Во понатамошниот геолошки тек дошло до истекување на Панонското Море во правец на југоисток кон Понт (Црно Море), пробивајќи се низ карсниот карпатски планински масив, со што била создадена Ѓердапската Клисура, митолошки Тартар или Бездна, а пределот го добил топонимот Тартес.

Со исчезнувањето на Панонскиот Океан, на исушеното дно на базенот се развиле големи панонски реки, огромни пештери, ади, мочвари и ливади. Овој географски процес во митологијата е опишан како гигантоманија, која според Хесиод (Теогонија, 182 и понатаму) се одиграла во големата битка на Флегриската Рамнина (Φλεγραιον πεδιον, Flegrajon pedion).

Во гигантската борба победила третата генерација митолошки богови на чело со Зевс-Диос (кос падеж Δίος, Δία и буколски Ζαν, Δαν, Zan и Dan и генитив Δανου-Danou со βιο, bios-живот Danubius или Dounavios), т.е. Дунав, кој бил најстар син на боговите Крон и Реа (вода). Со својата сила, искуство и мудрост Зевс ги надминал сите останати богови од неговата генерација и водел мирнодопски начин на живеење.

Пан станал бог на стадата и пастирите, нагрнат со крзно ловел ѕверови и свирел на флејта (συριγξ, siriks-флејта, како и името на селото Сираково кај железничката станица Стиг). Ги прогонувал убавите нимфи во Панонија, но и младите пастири. Поседувал претскажувачка дарба и го научил Хипербореецот богот Аполон на претскажување. Градот Панчево (παν, pan-сé и καιω, keo-гори) го носи неговото име како и целата област.

Мајката на Зевс (Дунав), божицата Реа (вода), родила многу нимфи (езера и реки), кои биле вечно млади и убави, а на своите миленици можеле да им подарат вечен живот, хранејќи ги со нектар и амброзија.

Меѓу езерата во Панонија најпознати се Балатон и Палиќ. Балатон или Блатно Езеро во Унгарија, е со длабчина до 11м, а површината му е 591км². Етимолошки е кованица од зборот βα, βας, ba, bas-крал и зборот Λατω, Λητω, lato, leto, што се однесува на титанката Лето, односно Лато.

Во митологијата Лето или Лато била Хиперборејка, ќерка на Кеј и Фебина. Зевс ја засакал Лето, а по венчавката со Хера, со Лето ги зачнале божествените близнаци, па затоа неа ја прогонувала Хера, која се обидувала да го оневозможи породувањето на својата противничка. Бремената Лето (Лато) долго скитала по светот, сé до егејскиот остров Дел, каде се породила со големи породилни болки. Бабица била Хиперборејка, божицата Ејлејтија, ќерка на Зевс и Хера.

Божицата Хера го одолговлекувала породувањето девет дена и ноќи и дури кога златнокрилестата гласничка на боговите Изида (Ιρις, iris-виножито), од Иришкиот венец í однела златен ѓердан на Ејлејтија, породувањето завршило. Во истиот миг се родиле боговите Аполон и Артемида, по потекло Хиперборејци.

ddd1Езерото Палиќ

Езерото Палиќ и градот Палиќ се наоѓаат во Панонската Низина, близу градот Суботица. Езерото има површина од 4,2 км и длабочина околу 3,5 м. Во митологијата, според Хесиод (Теог., 376), Палант (Παλλας, palas од παλλω, palo-тресе, лула) бил еден од Титаните, син на Криј и Еурибија, оженет со Окенаида Стига (Млава), која ги родила: Зелос, Кратос, Бија и Ника. Според друго предание, Палант бил син на Земја и Хад, Гигант, кого во борбата на боговите со Титаните го убила божицата Атена, го одрала и со кожата го заштитила своето тело.

Од многубројните песочници во Панонската Низина најголем е Делибатскиот голем песочен часовник, во југоисточен Банат, пред Ѓердапската Клисура-Тартар. Таа има околу 2800 км². Се состои од жив песок кој сега претежно е под шуми, земјоделски култури и ливади. Етимолошки Делиблато е сложен збор од Δηλος, delos-сјаен, божествено извишен и нашиот збор блато, односно жив песок. Меѓутоа, бидејќи коренот е δι, διος-Διος, т.е. Зевс, со ελος, elos-ливада, тоа би бил Зевсов песочник.

Хера и Зевс (Делиблатски песочник и Дунав) постојано се карале. Навредена од неговите неверства, таа честопати го навредувала со сплетки. За таа цел, Хера често ја користела божицата на подмитувањето, интригите и дарителка Доро. Така е направена сплетката за Херакловото раѓање, кога í наредила на божицата на породувањето Ејлејтија да го одложи неговото раѓање три месеци. Или, за да ја поттикне Зевсовата страст, односно да му ја ослабне волјата, па често од божицата Афродита го позајмувала волшебниот ремен. Персонификацијата на божицата Доро е топонимот Голем Дос (Δως Δωρω, dos, doro-дар, дарување, подарок).

Во Панонската Рамнина постојат уште неколку области и градови кои имаат митолошка ономастика. Така на пример, со префиксот Ба (од βα кој е вокатив од βας, т.е. βασιλευς, basileus-крал, владетел, војвода, поглавица) постојат поголем број топоними. Покрај наведениот Балатон, во Унгарија се јавуваат: Баја, Батасек, Бачалмаш итн., во Хрватска Барања, додека во Србија: Бач, Бачка, Бајмок, Батина, Банат, Бајска, Бајша и др.

Според Хесиод (Теог. 371 и понатаму) и Диодор Сиц. (III, 57), Ба или Басилеа била ќерка на Уран и Титеина (Θεια, teja-божица која припаѓа на божеството, жена на Океан, мајка на речните богови и на Океанида). Бидејќи водата е почеток на сите нешта, таа е мајка на Вселената. Басилеја имала осумнаесет браќа-Титани, како и поголем број сестри, од кои е најпозната Титанката Реа (вода). По Титеа, веројатно, го носи името и градот Тител, на устието на реката Тиса во Дунав.

Продолжува

dddd1ddddd1

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ - ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.