Среда, 18 Декември 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (40)

herakle1

ПАТУВАЊАТА НА ХЕРАКЛЕ – I ДЕЛ

Делото „Од Панонија до Егеј“ од АнтонијеШкокљев-Дончо и Славе.Николовски-Катин, во издание на „Македонска искра“, Скопје, 2007, 1-196,е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се’ историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации.

Во хеленската митологија Херакле бил најголем, најсилен и најславен јунак. Легендите за него биле создадени од Дорците, кои како трет по ред народ на југот на Балканот, по староседелците Пелазги, Ахејци и Еоли, доселени во XVI век пред Христа, мигрирале од север во Пелазгија, во XII век пред Христа. Легендите имале двојна намера: 1) да го истакнат божественото потекло на Дорците, со тоа што нивниот јунак потекнувал од Зевс и 2) дека тие претставувале синтеза од староседелците Пелазги-Данаиди, Ахејци-Пелопиди и Дорци-Хераклиди (Томсон, 1952 година, 190), т.е. подоцнежните Хелени.

Името Херакле (`Ηρακλης), етимолошки е кованица од именката `Ηρα, Hera и глаголот κληζω, κλεω, klezo, kleo-става, извикува, именува, се гордее т.е. „Херина слава“. Во митологијата Херакле бил роден во Беотија, но неговото родно место било Арголида на Пелопонез, каде од првобитното живеалиште Дорида, конечно се преселиле Дорците и ги протерале Ахејците.

herakle2

Монети со ликот на Херакле 

Херакле бил син на Зевс со сопругата на Амфитрион, Алкмена. Амфитрион бил крал на Микена, исто така од династијата Данаи. Нејзината мајка Накипа била ќерка на Пелоп, од династијата Пелопиди. Негов полубрат бил Ификло, син на Алкмена, но не на Зевс, туку на кралот Амфитрион. Првобитното име на Херакле бил Алкевс (Αλκευς) по неговиот дедо. Со измама на Зевс и Атена, новородениот Алкевс (Alkid) í бил подметнат на заспаната божица Хера на доење заради божественото млеко од кое станал бесмртен. Тој своето почетно образование го добил од очувот Амфитрион, а подоцна по казна чувал говеда на Китерон сé до 18-та година.

Секој во Херакле го препознавал Зевсовиот син, зашто бил силен, висок и бестрашен. Го одбрал патот на добрината, зашто Питија му претскажала дека ќе биде славен ако се врати кај кралот Еуристеј и да го служи дванаесет години, а за тоа време да изврши дванаесет јуначки дела. Делфиската Питија тогаш прва го нарекла Херакле (Херина слава).

Неговиот дедо по мајка Еуристеј, крал на Микена, му дал на Херакле дванаесет тешки задачи, од кои шест на Пелопонез, а другите шест надвор од него. Меѓу задачите на Пелопонез биле: Немејскиот лав, Хидра од Лерна, Керинската кошута, Ериматскиот вепар, Аугиевите штали и Стимфајските птици. Другите задачи во оддалечените земји биле: Кретскиот бик, Диомедовите кобили во Тракија, Ареовиот појас на Амазонската кралица, Герионовите стада од Еритија, Хесперидините јаболка и фаќањето на Кербер.

Бидејќи завршил со задачите на Пелопонез, Херакле тргнал со брод кон далечниот север и тоа прво во Тракија, кај кралот на Бистонците Диомед кој имал бесни кобили. Тие се хранеле со човечко месо кое пред нив го фрлал кралот, а било од странците кои доаѓале во оваа земја. Херакле требало да украде четири кобили. Во жестока борба го совладал кралот, а кобилите му ги пратил на Еуристеј во Пелопонез.

Тоа го направил заедно со Златниот Арејов појас на амазонската кралица Хиполита, кој во меѓувреме го освоил. Амазонките биле внуки на Зевс и Хера, ќерки на богот Ареј, еден од дванесетте олимписки богови. Според Херодот (IV, 8 и понатаму), родниот крај на Амазонките била Темискира на Термодонт, т.е. сегашната рамнина Термечај кај Синопа, на турскиот брег на Црното Море. Меѓутоа, други сметаа дека Амазонките ги населувале Тракија и Илирија (Вергилиус, Aeneis, XI, 659). Името амазонки (Αμαζονες) е кованица од зборот α, a-не, без и зборот μεζος, μαστος, mazos, mastos-дојка, брег, т.е. оние кои немаат дојка. Се сметало дека тие ја отстранувале десната дојка за да не им пречи при затегнувањето на лакот и фрлањето копје.

herakle3 

Борба со лав

Следна Хераклева задача била да појде во Еритија и да ги донесе Герионовите говеда со извонредна убавина. Според Херодот (IV, 8 и понатаму) Херакле тргнал по копно на север. На тој пат ја преминал малата македонска река Ехелор, каде Кикно (κυκνος-лебед), син на Ареј и Пирена (Πυρηνα-Pirin-планина), го предизвикал на двобој. Но, Зевс пуштил гром меѓу војниците и го прекинал бојот. Херодот понатаму раскажува „. . . Герион не живеел на Црно Море, туку во Океана (Дунав), на еден остров кој Хелените го нарекуваат Еритеја. И кога Херакле дошол во земјата која сега се вика Скитија, а пред тоа не била населена, па бидејќи фатиле зимата и мразот, тој облекол лавја кожа и заспал, а коњите од неговата кола, кои се наоѓале на пасење, исчезнале на таинствен начин. . .“

Во земјата на Скитите, која се протегала северно од Дунав и Карпатите, а на исток до Црното и Каспиското Море, Херакле доживеал низа перипетии и уништил многу диви ѕверови. На крај кога ги сретнал Нимфите Нереиди, ќерки на Зевс и Темида (Тамиш), тие му покажале каде живее претскажувачкото морско божество Нереј (реката Нера). Херакле го грабнал заспаниот стар и побелен морски бог и го принудил да каже како може да се дојде до Еритија и Герионовото стадо, како и до градината со златни јаболка на божицата Хера.

Како што беше кажано Еритија е остров на Дунав, подоцна наречен Ада Кале, а Герион, внук на Титанот Океан, бил крал на Татар (Ѓердап), а и самиот остров понекогаш се викал Тартесус или Еритеја (ερυθρη, ερυθ, ερυθρος, erit, eritros-црвен, жолтоцрвен). Последниот назив, веројатно, потекнува од големата Црвена карпа која и денес се наоѓа на левиот брег на Дунав во висина на Лепенски Вир.

Според Паусанија (IV,36), кралот Герион го сметале за најсилен жив човек. Имал три глави, три тела споени во половината и шест раце. Тој господарел со „островот Еритија, од другата страна на Океановата струја“, т.е. водопадите на Дунав. Поседувал најдобри и најубави говеда на светот, со жолтоцрвена боја. На островот пасиштата биле многу богати, па млекото не давало сурутка. Заради тоа í било посветено на божицата Хера, па оттаму и вториот дел од кованицата θεια, tea-што припаѓа на божество. Во Еритија имало прочуени маслинови градини, овоштарници со смокви, портокали, урми и др. Говедата ги чувале пастирот Еуритион (многупочитуван), син на богот Ареј и двоглавиот пес чувар Ортро.

Продолжува

 Sh Donco  slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ - ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Култура и туризам

News image

ОСТАНИ ДОМА - ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

ОСТАНИ ДОМА -  ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС ЗА ТАТКОВИНАТА, ЗА ЧОВЕШТВОТО Мини-есеј: Марија Емилија Кукуба...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (14)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ IV)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.