Среда, 04 Март 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (10)

15

ТРАКИЈА

Североисточниот брег на Егејското Море припаѓа на Тракија. Според Хекатеј, околу 500 година пред Христа, родум од Милет, кој е еден од најстарите антички географи и историчари, границите на Тракија се следниве: јужна – Егејско море, југоисточна – Мраморно море, источна – Црно Море, северна – планината Хем, западна – пранинскиот венец на Родопите и реката Неста (Nestos). Меѓутоа, Херодот и Тукидид изнесуваат дека под Тракија се означувал просторот на Балканскиот Полуостров помеѓу Дунав, Црното и Егејското Море, а на запад до границите на Илирските земји.

Во митологијата, Трака е епоним на хероината Тракија, Океанова и Пертенопина ќерка, сестра на Европа, полусестра на Азија и Либија. Името на земјата Тракија потекнува од зборото thrax–тракиец, што значи смел, упорен, груб, суров. Ономастиката Тракиец на почетокот, веројатно, се однесувала на некоја племенска формација, па подоцна се проширила на поголемата популација околу VI век пред Христа. Ходинот1 изнесува дека Тракијците ја населувале денешна Бугарија, Романија, Унгарија и Украина. Додека, пак, според Хомер, сите земји северн од Тесалија претставувале Тракија.

Hoddinott, F.R.: The Tracians, Thames and Hudson, New York, 1981.

Ареолошките истражувања утврдиле дека културите Караново 1 и 2 кај Нова Загора, Азмак, Банат крај Пазарџик и други припаѓаат на неолитскта култура на централниот Балкан.2 Овие наоди ја потврдуваат тезата за автохтоно тракијско население уште од времето на малдото камено доба помеѓу 65000-55000 година пред Христа.

Gimbutаs, M.: The Goddesses and Gods of Old Europe 6500-3500 B.C. Myth and Cult Images, Univ. of California Press, 1982

Херодот3 изнесува дека Тракијците, после Индите?, се најголемиот и најбројниот  народ на светот и би биле непобедливи доколку биле сложни и доколку имале само еден поглавар. Приближните пресметки покажуваат дека нивниот број изнесувал од 800 илјади до еден милион. Нивниот бог бил Посејдон, како и боговите Дионис, Ареј, Артемида, Салмоксис и други. Во бронзеното доба општествениот, политичкиот и стопанскиот развој на тракијските области бил многу близок со оној во областа на Средниот Балкан и во Егејот. Освен тоа, преку своите три мориња и големи реки, тие биле цврсто поврзани со Мала Азија, Црното Море и егејскиот свет и тоа бил правецот на меѓусебните взаемни влијанија.

3  Херодот, Историја, V, 2, Матица Српска, Београд, 1988.

Класичните и подоцнежните литературни податоци за Тракијците се многу оскудни, но најновите антрополошки истражувања на научниците од Балканот по Втората светска војна утврдиле дека Тракијците водат потекло од Кавказ. Тие, на југоисток на Европа, во карпатско-балканскиот регион, дошле од северниот правец околу Црното море, преку море или преку Мала Азија.4

Херодот, Историја, 15, Матица Српска, Београд, 1988.

Утврдено е дека Тракијците биле многу способни земјоделци и рудари, заедница со општествено зрела структура, ама претставуале еден етнички амалгам од различни народи, кои со времето ги асимилирале. Внатре во самите заедници, групата на родовската аристократија се издвоила наспроти селаните, сточарите и занаетчиите. Што се однесува до обичаите, Херодот5 вели дека тие имале обичај да ги продаваат своите деца во странство. Кога ќе се роди дете, кукаат поради неволјите што тоа ќе мора да ги претрпи во текот на животот, додека смртниците ги спалувале или погребувале со игри и големо славје.

Исто, V, 2-8.

Постоела полигамија и слободна љубов. Теториварењето било знак на високото благородништво. Безработицата за нив била нешто најубаво, додека обработувањето на земјата нешто најлошо. Да се живее од војување и пљачкосување била најголема гордост. Во традицијата на Централниот Балкан, па и на Тракија, ликовите на Дионис и Орфеј биле многу присутни, како и богот Арес. Дио-Нис, Диос од Ниш, роден е во Нис6, го исчувале нимфите на оваа земја и, кога пораснал, тргнал во свет накитен со венци од бршлен и ловор.

6  Хомер, Илијада и Одисеја, I, 1, IV, 133, Нови Сад, 1985. (прев. М. Н. Ѓуриѓ); Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, p. 940.

Бидејќи го пронашол начинот на одгледување винова лоза и правење вино, Дионис, со својата придружба, во која се наоѓала и неговиот воспитувач Силен, кој бил надарен со благородност, добрина и најголема мудрост, го започанал својот победоносен поход преку Тракија, Македонија и Грција до Египет, Индија и Шпанија. Дионис ја претставува 4-та генерација богови, заедно со Сабазиос и Орфеј. Тој е бог на вегетацијата, големо божество, го гарантира соединувањето со бог и спасувањето после смртта. Првиот судир го имал со тракијскиот крал Ликург кој му се спротивставил и Динис морал да го спаси со скок во морето, поради што кралот од боговите бил казнет со лудило.  

Митот за Орфеј, син на кралот на Македонија и Тракија Еагар, кој после смртта е погребан под Олимп, исто така е поврзан со Централен Балкан. Неговиот лик го спојува почитувањето кон сонцето како главно божество на видливиот свет, па поради тоа велеле дека Аполон е Орфејов татко.7 Тој се смета за ревизионист на теоријата дека душите на мртвите одат во подземните Адови палати, по разочарувањето што го имал по неуспехот да ја изведе на светлоста на денот својата сакана сопруга Евридика. Поради тоа тој ги советувал луѓето да го почитуваат Аполон Хелиј, богот на Хиперборејците, како најголемо божество бидејќи душите на мртвите одат на небото. Орфеј ја формирал религиозната секта на орфичари кои верувале во божествената природа на човековата душа и во првобитниот грев. Нивната доктрина била дека душата, поради гревовите, скита, но со екстаза, аскетизам и иницијација таа се чисти и се враќа на небото.

Apollodori, Bibliotheca (I-II век пред Христа.)

16                                  

Меѓу многубројните племиња, Страбон изнесува дека постоеле 22 тракијски племиња, најпознатите се Гети, кои верувале дека се бесмртни. Тие живееле помеѓу Хем и Дунав, а потоа се преселиле преку Дунав и го добиле името Дачани и во I и II век пред Христа имале силна држава со Децибел на чело. Во времето на Демостен имале три мали држави.

Од останатите племиња тука спаѓаат: Траузи, Скирнииди, Нипсеици, Сатри, Беси. Како прочуен тракијски крал се спомнува Ликург (волк) кој, според митологиајта, бил Дријантов син, Ареев внук, крал на Едонците, кој го прогонил Дионис, ама војувал и со египетскиот крал Озирис, кога и загинал.

Тука спаѓа и Диомед, крал на тракијските Бистонци, исто така Ареев син, кој ги поседувал бесните кобили и се спомнува во врска со Хераклевите авантури. Други кралеви на Тракија биле: Амикос, Олор, Ринеус, Спаргапитес, Терс, Тереус, Амадокс, и др. Тукидит наведува дека при крај на VI и почетокот на V век пред Христа, Терес прв го создал големото кралство Одрис кое го зафаќало поголемиот дел од Тракија и бил прв владетел кој добил голема моќ меѓу Одрисите.

По повлекувањето на персиските гарнизони од тракијскиот брег во 479 година пред Христа, Терес успеал да го прошири своето владеење од Дунав до Мраморното и Егејското Море. Негови наследници биле Спарадок и Ситалко.

Во митологијата како крал на тракијскиот Салмид на Мраморното море се споменува и Финеј, сопругот на Бореината ќерка Клеопатра, која била сестра на Бореада и на Хиона. Тој се споменува во врска со походот на Аргонаутите во 1225 година пред Христа.

Од средината на V век (од 450 до 424 година пред Христа) на чело на Одрис дошол Ситалко чие доаѓање било пропратено со династички судири. Тој ги проширил границите на запад на сметка на Македонија и Халкидики во 429 година пред Христа. Во војната со Трибалите, во 424 година пред Христа, бил поразен и истата година умрел. По Сеут  I, владетел станал Амадок I (407-386).

За јазикот на Тракијците одговор ни дава ономастиката на географските имиња  кои припаѓаат на ПБГ. Од оронимите тоа се Хем (крв која тече, ама и род), Родопи (роза, изглед), Пирин (огнен). Од хидронимите на прво место е Истрос (храна која тече), Хебар (млада силна река), Местос-Нестос (полн), Асимос (незначителен), итн. Терминот Тракијци и Тракија (основа Thax, глагол thrauô – смел, храбар, дрзок и да сотрее, разбие), исто така, припаѓаат на ПБГ.

Во Тројанската војна Тракијците биле на страната на Тројанците за што Хомер8 пее: „Тракијците јунаците Пирој и Акамант ги водеа во војна,/а нив ги опкружува Хелеспонт со своите струи брзи./Копјаниците Киконци во борба ги водеше Еуфем,/ внук ...“

8  Хомер, Илијада и Одисеја, I, 1, II, 844, Нови Сад, 1985. (прев. М. Н. Ѓуриѓ)

Колонизацијата на тракијската крајбрежје започнала многу рано, уште за време на првиот Феничанец Кадмо на островото Тасос, а потоа во VIII век пред Христа од страна на феникијските колонисти од Халкида и Еритреја. Таа била, исто така, интензивна и од страна на Еолците и Јоњаните од Мала Азија. Македонците ја освоиле Тракија за време на владеењето на Филип II (359-336). Римското владеење во Тракија е воспоставено за време на Октавијан Авгут (27 – 14 година пред Христа).

Продолжува

 Dshko  Katin6 

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и ќе освои 54 пратеници

Анкета на БИПС: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и ќе освои 54 пратеници

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.