|
|
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (13) |
VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ III) Аматиј или Ематиј бил крал на македонската област Ематија, која го опфаќала македонското приморје, просторот помеѓу Бистрица и Вардар, тнр. Долна Македонија со Олимп. Пинд бил крал на западниот дел на Македонија во Пиндскиот масиф, според кого оваа горостасна планина го носи и името. Според легендата, браќата го мразеле Пинд поради неговата убавина и висина, па затоа тој се повлекол во дивината, во друштво на дивите животни и една голема змија. Пинд владеел со горниот слив на реката Халиакмон, во областите Орестида, Елимеја и Тимфаја, како и со Паравај со врвоите Војон и Грамос. Пир (Pieros-светец или на бога посветен) е митски и епонимен крал на градот и областа Пиерија во Македонија, а се споменува и како крал на Ематија. Пиерија се простирала од бреговите на Егејското Море, помеѓу устието на Халиакмон (Бистрица) и Пенеј на исток, а ги опфаќала Олимп и Пиерските Планини на запад. Главен центар бил градот Пиерија, во близина на античкиот град Дион, кој бил посветен на Зевс. Пиерија уште се викала и Земја на музите и била центар на верскиот и културниот живот на сите Македонци за време на владеењето на кралот Архелај (413-399 пред Христа). Ономастиката Пиерија значи ’света гора’ што таа и била не само за митолошките, туку и за античките Македонци. Кога Македонците ја напуштиле Панонија заедно со останатите Еолци, своите големи богови од хидролошкиот систем на Дунав ги сместиле на Олимп и им изградиле нивни храмови. На Олимп, богот Аполон ги чувал ’Светите говеда’, а музите Пиериди со својот божествен глас ги славеле подвизите на дванаесетте бесмртни богови. Кралот Пиер со нимфата Метона го имал синот Еагар и девет ќерки – Пиериди. Во чест на неговата жена, еден град на бреговите на Егејското Море во Пиерија, го носел нејзиното име - Метон. Еагар станал крај на Пиерија и на тракијските Бистонци. Музата Калиопа му ги родила синовите: Орфеј, Лин и Марсиј. Калиопа била Зевсова и Мнемосина ќерка.13 Била најотмена од сите музи и е сметана за претставничка на уметноста, особено поезијата, и тоа епската поезија. 13 Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, стр. 79. и понатаму Орфеј е најстариот син на кралот Еагар. Најголемиот дел од својот живот го поминал како крал на Македонија, Одриз и на Тракија. Погребан е во македонската Пиерија, во градот Леиберт (во близина на Дион), кој му бил и место на раѓање и каде му е подигната голема биста од кедар. Првиот поуки за пеењето и свирењето Орфеј ги добил од Аполон, кој му подарил лира со седум жици. Бил најдобриот пејач и свирач на своето време, а силата на неговите песни и музика била чудотворна. Бил учесник во походите на Аргонаутите. Се оженил со Евридика, со која го добил синот Леонт. Во една прилика, кога Евридика со своите другарки шетала низ цветните полиња на Пиерија, ја каснала змија-отровница и таа умрела. Орфеј не можел да ја преболи смртта на љубената сопруга и поради тоа им се придружил на Аргонаутите за од Подземниот свет на Стига (Млава) на Дунав да ја врати меѓу живите. Аргонаутите во својот поход за златното руно пребродиле многу тешкотии заедно со Орфеј: тој ги смирувал страшните бури кај Босфор, го успал змејот кој го чувал златното руно, ги смирил сирените... За делата на Орфеј во Космогонијата и теогонијата, воведувањето на мистерии и сектата Орфичари, ќе биде изнесено повеќе во наредното поглавје. Инаку, Орфеј хронолошки се лоција околу 1250 година пред Христа. Орфејовиот брат Лин е познат македонски поет, пејач и писател. Неговите тажни песни биле познати и пеени не само на Балканот, туку и на Кипар, Египет, а основач е на китародиите. За него најмногу податоци има кај Хомер14 во делот каде се дадени слики на животот во село, при берба на грозјето: „Во срдина, на лирата ѕвонлива/свирел милно и Линовата песничка драга...“ Освен тоа, Лин бил учител на Херакле и го подучувал да чита, пишува, но и да свири. 14 Хомер, Илијада и Одисеја, XVIII, 570, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ) Марсиј е нареден син на кралот Еагар кој живеел во Голема Фригија, во Мала Азија, крај главниот град Келен. Сите го почитувале поради скромноста, доблестите и разборитоста, а неговата музика била восхитувачка. Бил посветен на божицата Кибела. Судбината му била поврзана со натпреварот со Аполон во врска со свирењето, каде Аполон бил прогласен за победник, а Марсиј сурово казнет, додека, пак, други велат дека Аполон му го поштедил животот на својот противник и дека Марсиј за казна добил свинска опашка. Еагаровите ќерки Пиериди го добиле прекарот според областа Пиерија каде биле родени. Спорад Хесиод15, Пиеридите биле музи, родени недалеку од врвот Олимп, имале убава палата каде ја опејувале славата на својот татко и олимписките богови. Тие се викале: Полихимнија, Клија, Мелпомена, Талија, Уранија, Ерато, Терпсихора, Евтерпа и Калиопа, според ќерките на богот Зевс. Нивните имиња се користени во називите на Херодотовата Историја за време на Александар Македонски, во девет книги колку имало и Пиериди.
Орфеј со Евридика го имал синот Леонт, кој станал епонимен херој на атичките Фили Леонтиди и Тезеев пријател. Леонтовите деца биле: Килант, Пракстиеј, Теоп и Еубул. Додека Тезеј бил крал на Атина, неговите роднини Палантиди, кои се надевале дека по смртта на својот чичко Егеј, ќе завладеат со Атина, бидејќи Тезеј бил вонбрачно дете, тргнале вооружени кон Атина. Во таа прилика, Орфејовиот син Леонт му ги открил на Тезеј плановите на Палантидите и ги разбил заверениците. Македонска војска Во друга прилика, во време кога во Атика косела глад, Леонт, според совет на Делфиското пророштво, ги жртвувал своите ќерки за спас на татковината. Благодарните Атињани во Керемеика им подигнале на Леонтовите ќерки светилиште наречено Леокорион. Според Аполодор,16 Леонтовата ќерка Пракситеја била жена на атинскиот крал Ерехтеј. Кога пророштвото во Делфи објавило дека Атињаните ќе го победат Еумолп од Бореја, кој им се придружил на Елеусинците со својата војска, доколку како жртва принесе една кралевска ќерка, кралицата Пракситеја се согласила за спас на татковината да ја жртвува својата најстара ќерка. 16 Apollodori, Bibliotheca (I-II, век пред Христа), I, 15.1 Клучниот дел од македонската историја е „стара Македонија“, која припаѓа на сливот на реката Халиакмон-Бистрица. Покрај митологиајта, за да се изврши синтеза на нејзината праисториска цивилизација, неопходна е и анализа на архолошките наоди, т.е. материјалните остатоци од човековата дејност. Бидејќи праисториската археологија го проучува времето од најстарите регистрирани материјални остатоци, т.е. култури, до појавата на пишаните документи, во натамошниот труд ќе настојуваме да ги изнесеме достапните археолошки информации за областите на првиот крал Македон и неговите синови Аматиј-Ематиј, Пиер и Пинд. Локалитетот Неа Никомедиј кај градот Вериј (Берој) едно е од најстарите неолитски населби во „стара Македонија“, помеѓу 7000-6200 година пред Христа.17 На овој локалитет во периодот 1961-1963 е истражуван културниот слој со остатоците на поголем број куќи со квадратна основа со пречник 8х8 м. кои се градени од дрвени греди, плетери и лепак. Некои од нив имале две простории, а на најистакнатото место во населбата подгната е голема куќа долга 13 м., опишана како светилиште, бидејќи во неа се најдени 5 женски фигури од печена земја и неколку садови со необичена форма. Во куќите и околу нив откриено е разновидно камено орудие и оружје, антропоморфни и зооморфни фигури кои личат на керамиката на Протосескло и на протостарчевската култура. 17 Срејовиќ, Д.: Археолошки лексикон, стр. 704, Савремена администрација, Београд, 1997. Локалитетот Сервија на северозападните стрмнини на Пиерија крај Бистрица припаѓа на средно-неолитската Сескло култура на Тесалија, како и наредниот слој што ја одбележува Димини културата на Тесалија, т.е. култура на младиот неолит. Продолжува
Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН |