Среда, 15 Април 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (16)

bal

ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ -(ДЕЛ VI)

Геополитички области на античка Македонија

Горна Македонија

Ористида

Елимеја

Линкестида

Пелагонија

Деуриоп

Десарет

Атинтанија

Тимфаја

Параваја

Бордаја

Долна Македонија

Аматија (Ематија)

Пиерија

Ботиаја

Алмпија

Амфиакситида

Мигдонија

Источна Македонија

Крестонија

Едонија

Бисалтија

Пијерија

Парорбелија

Халкидики

Синтика

Пеонија

Одомантика

Слика 10. Македонски градови во римско доба,

Извор Папазоглу Ф, 1957.

Aloros – самоуправна општина

Edessa – посведочена низ целиот римски период

Icunai – градови чиј статус не е точно утврден

bal 2

Воден

Херодот, значи, истакнува дека родоначалник на Аргеадската македонска династија, која имала државотворна улога, бил кралот Темен, од градот Аргос во Орестида. Меѓутоа, тој ништо не вели за неговата генеалогија. Плутарх (46-160 пред Христа) од Херонија во Беотија, последен значаен грчи писател, во својата позната книга „Напоредни животописи“ изнесува дека: „и Александар Македонски по татко бил потомок на Херакле, преку Каран.“33

33  Plutarchus, Vitae parallelae (прев. Напоредни животописи), III, 1, 2, Загреб, 1988.

Во врска со Каран уште еден грчки историчар од Хиос, Теопомп (380 година пред Христа) во своето главно дело „Историја на Филип Македонски“, истакнува дека Каран во осмото колено е потомок на Хераклевиот правнук Темен, кој се преселил од Арг во Орестида (Крупиште) во Едеса (Воден).

Паусанија34 во поглавјето за Беотија, опишувајќи го градот Херонеја кој порано се викал Арна, според Еоловата керка, и за херонејскиот лав вели: „Македонците немале обичај да поставуваат трофеи. Па, сепак, Македонците прикажуваат дека македонскиот крал Каран во битката го победил Кисеј кој владеел во соседна земја. Тогаш Каран, во чест на победата, подигнал споменик на аргивски (Argos Orestikon) начин.

34  Pauzania, Periigissis tis Ellados, IX, 40, (прев. Пасини: Водич низ Хелада), Логос, Сплит, 1989. 

Но, прикажуваат натаму, дека тогаш од Олимп дошол лав кој го превртел трофејот, а потоа исчезнал. Каран, тврдат тие, тогаш сфатил дека тоа не била добра одлука да се изложи на непомирливата омраза на соседните варвари, па се воспоставило правилото ниту Каран, ниту македонските кралеви после него да не подигнуваат трофеи доколку сакаат некогаш да ја стекнат наклонетоста на соседните народи. Ова го потврдува и Александар кој не подигнал трофеј ниту по победата над Дариј, ниту после победите во Индија.“

bal3Костур

„За јазикот на кој говореле Македонците-поданици на кралот Каран, Херодот35, во врска со подготовките на персијскиот водач Мардониј во војната против Грците, во 479 година пред Христа, кај Платеја, вели дека тие „говорела на карански јазик“. Ево го тој дел: „а Мардониј се наоѓал на зимување во Тесалија. Оттаму, пратил еден човек од Европа (град во Македонија, десно од Аксиј), по име Миј да оди кај пророштвото ... и дошол токму во храмот на Аполон Птојски ... кој им припаѓа на Тебанците и се наоѓа над езерото Копаида“.

35  Херодот, Историја, VIII, 133-135, Матица Српска, Београд, 1988.

„И кога овој Миј стапнал во храмот со тројца граѓани, кои градот ги одредил да бележат она што пророштвото ќе изјави, веднаш свештеникот почнал да прорекнува на некој странски јазик. Тебанците, кои го следеле, се нашле во чудо кога, наместо хеленскиот јазик, слушнале непознат јазик и просто не знаеле да се снајдат во таа ситуација. Но, Миј од Европа им ја истргнал од раката таблата па на неа го запишал сето она што пророкот рекол, изјавувајќи дека тој говори на карански јазик. Откако го запишал тоа, веднаш отапувал во Тесалија.“

Кисеј бил крал и епонимен херој на планината и градот Кисос (Kissos), крај денешниот Солун,36 во Крестонија и Мигдонија каде живееле Пелазги, колонисти од Кавказ. Истоимениот град Кисос под денешно име Kisseh се наоѓа помеѓу Батум и Трапезунт. Градот Кисос во Македонија се спомнува и во врска со богот Дионис, каде свратил со својата придружба кога го започнал својот победоносен поход. Тогаш стекнал бројни следбеници и бил овенчан со венец од бршлен, па затоа го добил името „Дионис Кисос“.

36  Strabo, Geographia, p. 729, Meineke, Lipsiae, I, II, III, 1913; Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to-Proistoriko Algaio, p. 180, Athina, 1954

Бидејќи Дионисовиот учител Силен бил гостин на кралот Мида крај Бермион, а Бригите ја напуштиле Македонија пред Тројанската војна која се водела во 1193 пред Христа, судирот помеѓу македонскиот крал Каран и пелашкиот крал Кисеј хронолошки се случил пред Тројанската војна, а по Хераклевите авантури во Хипорбореја, во земјата на Скитите, на прото или пра-Словените. Херакле со Ехидна, кралица на Хилеја, го добил синот Скит и според Херодот:37 „Од овој Хераклев син потекнуваат сите скитски кралеви“, па, според тоа, и кралот Каран, кралот Темен и целата Аргеадска династија и Александар Македонски-Велики.

37  Херодот, Историја, IV, 6-10, Матица Српска, Београд, 1988.

Продолжува

Пишуваат: 

АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

bal4bal5

 

На прво место

News image

Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа

Тормозењето на граѓаните не значи дека СДСМ има стратегија и мерки против епидемијата. Македониј...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.