Среда, 13 Мај 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (20)

1iii1

ЕПИР – ПЕЛАШКА ТЕСПРОТИЈА ИБЕОТИЈА – КОЛОНИЈА НА МИНИЈЦИТЕ И ФЛЕГИЈЦИТЕ

Епир се наоѓа јужно од 40о географска ширина, претставува планинска покраина која во античкото доба го зафаќала целиот западен брег на Грција, сè до Коринтскиот залив, а на север до земјата на Енхелејците-Јагулари.  На Епир му припаѓа поголемиот дел од Пиндскиот масиф. Зборот припаѓа на ПБГ и означува сува земја, копно. Западната граница е Јонското море.

Во праисториското доба, жители на Епир биле Пелазгите, тнр. Теспроти. Во Теспротија се наоѓало познатото пророштво, во Додона, кое го посетил и Херодот, додека Хомер1 во епот за Патрокле вели: „Зевсе, о пелашки кралу и Додонски, кој далеку/ во Додонија владееш во студената,со Сели гатари,/ кои не ги мијат нозете, спијат на земја, тие се со тебе...“ Поради навалата од нови миграции од север, теспротските Пелазги во XIII век пред Христа биле принудени да го напуштат својот роден крај и да тргнат источно, преку Пинд за д се населат во рамнините на реката Пенеј во Еолија.

1  Исто, XVI, 233 

Од тогаш оваа област го променила својот хороним и е наречена Тесалија (што значи земја која ги присвоила). Оваа миграција ја потврдува и Херодот2 во делот каде се опишува Термопилската клисура/кланец, а во врска со настаните во војната со Персијците, каде вели: „Во таа клисура порано бил подигнат ѕид и на него една капија. Ѕидот го изградиле Фокејците од страв од Тесалијците кога овие дошле од Теспротија и сакале да се населат во Еолската земја, каде и денес живеат... Стариот ѕид бил изграден пред многу години и поголем негов дел го уништил забот на времето.“

2  Херодот, Историја, VIII, 176, Матица Српска, Београд, 1988.

8.1

Епир

Тесалијците ја окупирале цела Еолија. Оние кои останале под окупаторите доживеале тажна судбина и станале кметови (пенести-надничари), слуги, но им го пренеле на газдите својот јазик од Панонија. Останатите доживеале егзодус на соседното острово Еубеја, во Истиеја и Еритреја, каде живееле Фениќаните, а потоа се доселиле во северозападните делови на Мала Азија и основале нова татковина под истоименото име Еолија.3

3  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 47, Hiotelli, Athinai, 1972.

Тоа се случило во 1124 година пред Христа, според Ератостен. Новите окупатори на Теспротите, а сега Тесалијци, откако се прошириле долж целата област, освен во Фтија, создале еден вид слаба федерација од три дела. Западниот дел каде за прв пат се доселиле Теспротите, а сега се наоѓаат окрузите Трикали и Кардици, го добил името Тесалоитида, северниот кон Македонија го добил името Хистиеотида, додека централниот дел е именуван Пелзгиотида.

Еолските градови Кранон, Фера, Арг итн. станале главни центри на новите господари, како што е династијата на Алеудите во Лариса и династијата на Скопадите во Кранон. Овие династии се натаму познати со походите на Персијанците и со подоцнежните односи со македонската династија Аргеада од Аргос во Костур.

Помеѓу Тесалија и Атика се наоѓа Беотија, која од север и запад е орабена со високите планини Ета (2152 м), Парнас (2457 м), Хеликон (1748 м) и Китерон (1409 м). Од островот Еубеја на исток одвоена е со тесен залив, додека на запад се граничи со Фокида и Коринтскиот залив. Нејзиното име значи „земја на говеда“. На средина на тесната триаголна рамнина, отворена источно кон Егејското море, сместено е широкото Копаиско Езеро, кое го создава реката Кифиз, богата со риби, особено со јагули.1

1      Pauzania, Periigissis tis Ellados,  IX, 24, (прев. Пасини: Водич по Хелада), Логос, Сплит, 1989.

На северозападните брегови на Копаиското езеро се наоѓа тнр. Атаманова рамнина, во која се населил Еоловиот или Миноевиот син Атамант, Панонец. Тој прво владеел со градот Коронеј, југозападно од Кефис, а потоа го изградал градот Орхомен и станал крал на Орхомена и на Теба. За ова Херодот,2 а во врска со Ксерксовиот поход и желбата да го посети светиот храм на Зевс Лафистијски, подгнат од страна на Еоловиот син Атамант во чест на Фриксовото „убиство“ и спасение, а подоцна забраната за посета на храмот, го изнесува следново:

 „Слушајќи го тоа, Ксеркс, проаѓајќи крај света гора не сакал да влезе во него, а исто така ù забрани на целата војска, бидејќи чувствувал стравопочитување кон куќата на Атамантовите потомци и кон самата света гора.“ Кралот на беотскиот Орхомен, Атаман, е главна личност во Софоклевите трагедии „Атамант“ и „Атамант овенчан“, како и во Едиповата трагедија „Фрикс и Инона“.

2      Херодот, Историја, VII, 197, Матица Српска, Београд, 1988.

8.2

Парга

Син на Атамант и божицата Нефела е Фрикс, а ќерка Хела. По наговор на својата сопруга, смртницата Инона, Атамант требал да го убие Фрикс поради некое злосторство. Меѓутоа, Нефела во последен миг го спасила својот син, со помош на златноруновиот овен кој одлетал за Колхида. На патот кон Колхида, додека децата на златноруновиот овен го прелетувале Пропонтида, Хела паднала во морето кое оттогаш го носи нејзиното име Хелеспонт. Така настанала приказната за „Златоно руно“ и за Аргонаутите-Минијци.

Атамантовите деца од третиот брак со Темиста се Схенеј, Леукон, Еристрија и Птоја. Схенеј е основач на град во Беотија и истоимен град во Аркадија, кога се преселил тука и изградил тркалиште на истоименото поле.3 Схенеј се споменува и како Аталантин и Клименов татко. Аталанта учествувала во „ловот на Калидоснакта дива свиња“ и во натпреварите по повод смртта на Пелиниј, каде го победила кралот на Фтија во Тесалија, Пелеј, во борење. Како учесничка во походите на Аргонаутите, Аталанта била ранета. Се омажила за Меланион, крал од Арг на Пелопонез и го родила Партенопеј, кој бил еден од војсководците во походот „Седуммината против Теба“ против феникијските колонисти, каде и славно загинал. Неговиот син Промах учествувал во походот на Епигон на Теба по десет години.

3  Pauzania, Periigissis tis Ellados,  VIII, 35, (прев. Пасини: Водич по Хелади) Логос, Сплит, 1989.

Археолозите наведуваат дека во Орхомен е откриена една од најубавите толос- гробници, која по кралот Миниј, легендарниот основач на Орхомен, е наречена „Минијева ризница“. Исто така, според кралот наречена е и керамиката, како и една цела епоха. Од ова може да се заклучи дека кралот Миниј го основал Орхомен во Беотија.

За тоа, Паусанија вели:4 Приходите на Миниј биле толку големи таша што по богатство ги надминал своите претци. Колку што знаеме, Миниј бил првиот кој изградил ризница за во неа да го чува благото. Особина на Хелените е повеќе да се воодушевуваат на странските чуда, отколку на оние во својата земја. Додека славните историчари до ситница ги опишувале египетските пирамиди, дотогаш ниту накусо ништо не спомнале за ризницата на Миниј и ѕидините на Тиринт, иако тие не се ништо помалку вредни за воодушевување.“ И натаму: „Угледот на Минијците бил веќе толку голем така што Нелеј, син Кретеев, крал на Пила од Орхомен, ја земал за жена Хлорида, ќерка на Амфиона и внукот на Јазиј.“

Еден од кралевите на тесалскиот Орхомен бил Андреј, кој се оженил со внукатаа на Атамант, Еуипа, која родила син по име Етеокле.

4  Pauzania, Periigissis tis Ellados,  IV, 36, (прев. Пасини: Водич по Хелади) Логос, Сплит, 1989.

Продолжува

 Sh Donco  0.0

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа

Тормозењето на граѓаните не значи дека СДСМ има стратегија и мерки против епидемијата. Македониј...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.