Среда, 03 Јуни 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

1.3.7

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Во Беотија, југоисточно од Кефиското езеро, на реката Исмена се наоѓа градот Теба. Ономастиката е од непознато потекло, веројатно палеобалканско или египетско и значи брод. Археолозите утврдиле дека акрополот Кадмеја е соѕидана  околу 1320 година пред Христа, што одговара на Ератостеновата хронологија од пред 1313 година пред Христа.

Според митолошките податоци што ги наведува Паусаниј,1 тебанската земја прво ја населиле Ектените, чиј крал бил Огиг (домородец). Ектените ги уништила чума, а по нив се населиле Хијантите и Аоните, кои биле од беотски род. Кога војската на Фениќаните навалиле на Теба, тие биле победени, а Хијантите, кога паднала ноќта, побегнале од земјата, а Кадмо на Аоните, кои го замолиле за милост, им дозволил да останат и да се измешаат со Фениќаните. Аоните живееле по селата, а Кадмо изградил град под името Кадмеја. Кога градот се зголемил, Кадмеја станала Акропол на долна Теба.

1 Pauzania, Periigissis tis Ellados, IX, 5, (прев. Водич низ Хелада), Логос, Сплит, 1989.

Истовремено, фениќаните го заземале островото Родос, Крит и Еубеја каде ги изградиле градовите Халкис (бакар) и Еретра. Подоцна, околу 800 година пред Христа, го колонизирале полуостровото Халкидики во Македонија каде го пренеле своето име, како  и западниот брег на Термајскиот залив. Но, покрај своите колонии на Балканот, Фениќаните од своите бази во денешниот Либан, по морски пат се ширеле долж Средоземното Море, основајќи колонии долж Јадранското Море, сè  до Шпанија и северна Африка, каде лежел нивниот најмоќен град Картагина.

Тоа биле првите „глобални капиталисти“ на светот, кои ја контролирале трговијата на Медитеранот речиси 1000 години, сè додека Александар Македонски не ги покорил во 332 година пред Христа. Колонизацијата на Фениќаните вткаена е во митот за Кадмо, како епонимен херој на Кадмејците, жителите на беотската Теба и за неговата сестра Европа. 

Кадмо и Европа

Феникијскиот крал Агенор, владетел на Тир во Канаанската земја, во денешен Либан, на источните брегови на Средоземното Море, бил оженет со Телефаса, која му ја родила ќерката Европа и синовите Кадмо, Феник, Финеј и Килик. Агеноровиот брат-близнак бил Бел кој владеел со Египет и ги имал близанци Данај и Египт. Данај ја колонизирал Арголида на Пелопонез.

1.3.8           

           Кадмо

Европа била многу убава принцеза и Зевсова миленичка. Кога пораснала, таа често си играла на морскиот брег каде со другарките берела цвеќе и, во една прилика, го привлекла вниманието на богот Зевс. Таткото на боговите, кој сакал смртници, страсно се вљубил во Европа и, за да ù се приближи, се преобразил во бел бик, со голем подбрадок и мали рогови како украси, меѓу кои се протегала една црна лента, а тој мирисал на рози и шафран. Европа без страв му пристапила на убавото животно и, бидејќи бикот се покажал питом како јагне, почнала да си игра со него, ставајќи му цветни венци на роговоите. Најпосле, се качила на грбот на тоа кротко животно. Тогаш, бикот ненадејно јурнал во морето со својот плен од фениќанскиот брег, следен од останатите богови и од Нереидите, кои пееле сватовски песни.

Кога Зевс стигнал на островото Крит во близина на Гортина, се претворил во орел и ја силувал Европа која му родила тројца синови: Миној, Радамант и Сарпедон. Европа подоцна се омажила за критскиот крал Астерон, од карско или лувијско потекло, кој ги посвоил нејзините деца. Миној станал славен и праведен крал на Крит со што започнала фениќијската колонизација на островот.

Кога Агенор слушнал за грабнувањето на својата мила ќерка, веднаш ги пратил своите синови да ја бараат и им наредил без неа да не се вратат во татковината. Така почнала колонизацијата на бреговите на Медитеранот.

Агеноровиот син Феник станал крал на Феникијците на западниот Медитеран, додека Килик станал крал на Киликија во Мала Азија, војувајќи против Ликијците. Финеј станал крал на тракискиот Салмид на Мраморното Море. Кадмо тргнал на пат со својата мајка Телефаса, со бродови и голема војска. Откако ги колонизирал островите Род и Тера, подолго се задржал кај Едонците во Тракија, каде Телефаса умрела и била погребана. Потоа тргнал да го колонизира островот Тас во Егејот, каде Фениќаните отвориле рудници за злато.

1.3.9  1.4.0      

Битки на Кадмо          

Тоа го потврдува и Паусаниј2 кој пишува дека жителите на Тас од  памтивек се Фениќани од Тир, општо земено од Феникија. Тоа истото го наведува и Херодот3, „дека на Тас нашол еден Хераклев храм кој го основале Фениќаните, кога пловеле тражејќи ја Европа, па таму свратиле и ја основале населбата Тас. А тоа се случило уште пет поколенија пред во Хелада да се роди Херакле, Амфитрионовиот син.“ Според Ератостеновата хронологија, Херакле се родил во 1261 година пред Христа.

2  Pauzania, Periigissis tis Ellados, V, 25, (прев. Водич низ Хелада), Логос, Сплит, 1989.

1  Херодот, Историја, IV,44, Матица Српска, Београд, 1988.

По освојувањето на Тас, колонистите тргнале кон југозапад и го населиле островот Еубеј, каде ги соѕидале тврдините Халкида и Еритреја. Откако се истовариле кај Аулида и ја преминале Беотија, стигнале во Теба и завладеале со таа земја. Во митовите, Кадмо му се обратил на Делфиското пророштво кое му рекло веќе да не ја бара сестра си, туку да основа град на место на кое ќе легне крава на која прва ќе наидат. По освновањето на Теба, Кадмо морал да го убие змејот, Ареевиот син, кој ги чувал блиските извори на вода. Змејовите заби ги посадил и од нив израснале воини кои меѓусебно се убивале и од нив, наводно, потекнале најугледните фамилии во Теба.

Откак Кадмо ја соѕидал тврдината Кадмеја (1313 година пред Христа), се оженил со Хармонија, ќерка на Афродита и Арес, кој му родила пет деца: синот Полидор и ќерките Семела, Инона, Агава и Автонија. Сопружниците среќно живееле, ама во длабока старост биле принудени да го напуштат градот и на воловска кола и во вид на змии да стигнат на север каде дошле по молба на Енхелејците за да ги заштитат од варварите кои им ја загрозувале нивната земја.

Како искусен воин, Кадмо ги победил варварите и станал крал на Енхелеја. Хармонија овде го родила синот Илир и кога тој пораснал, по Кадмовата смрт, станал крал и земјата е наречена Илирија.

Продолжува

 3.3.3  0.0

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.