Среда, 10 Јуни 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (24)

1.4.1

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ II

По Кадмовото заминување, власта над Теба ја презел неговиот син Полидор кој со Никтеида го добил синот Лабдак. Кога на Полидор му се приближила смртта, Лабдак бил мал, па затоа Полидор својот син ù го доверил на роднината Никтеја, а власта ја доцерил на неговиот брат Лик. Кога Лабдак пораснал, Лик му ја дал власта. Кога и Лабдак по кратко време умрел, Лик повторно станал старател на Лабдаковиот син Лај и владеел со Теба дваесет годинил. Лај едно време престојувал во Елида, на Пелопонез, кај Пелоп, сè додека Лик не го убиле Амфион и Зет.

Лај ја презел власта над Теба и се оженил со Јокаста, која му го родила синот Едип кој, после многу години, враќајќи се од Делфа, не знаејќи, го убил својот татко Лај и несреќно и од незнаење се оженил со својата мајка. Јокаста била ќерка на тебанскиот крал Менекеј, а Креонтова сестра. Јокаста на Едип му ги родила децата Етеокле, Полиник, Антигона и Исмена. Кога дознала дека извршила родоскрвение, се обесила на висока греда. Или, пак, се обесила кога дознала дека нејзините синови Етеокле и Полиник во двобој меѓусебно се убиле. Едиповата судбина била трагична.

Кога му станало сè јасно, во очај со игла, која ја истргнал од Јокастиниот фустан кога ја симнувал од гредата, си ги прободел зениците за да не ги гледа своите грешни дела. Слеп и беспомошен, облеан со крвави солзи, побарал од Тебанците што поскоро да го протераат од земјата. Судбината на Едип ја обработил Есхил во својата тетралогија.

Креонт е брат на Јокаста, син на кралот Менекеј. Кога станал крал на Теба, неговото владеење не било ниту мирно, ниту среќно, бидејќи на градот му се случиле многу несреќи.

Најпрво, Теба ја загрозувала страшна лисица и дури Амфитрион, кој дошол кај Креонт за да го исчисти поради неумисленото убиство на својот иден тест/дедо Електрион, кралот на Микена, ја убил лисицата на Пелопонез. Оваа лисица, која никој не можел да ја стигне, немилосрдно ја пустошела земјата. Тебанците биле должни на секои триесет дена да ù оставаат по едно дете. Со помош на Зевс, Амфитрион тоа успешно го решил.

1.4.2

Херкул во битка

Во Теба, тој се оженил со Алкмена, која со помош на Зевс ги родинал близнаците Херакле и Ификле. Феникијските колонисти на Беотија биле роднини со египетските колонисти на Пелопонез. Амфитрион на Теба живеел мирно, а погинал во војната која Тебанците ја повеле против Минијците од Орхомен.

Херакле својата младост ја поминал на Теба. Кога орхоменскиот крал Ергин ја обременил Теба со тешки даноци, Херакле учествувал во Тебанско-орхоменската војна во која ги победил Минијците и им наметнал двојо поголем данок. Креонт тогаш, во знак на благодарснот, му ја дал на Херакле раката на својата постара ќерка Мегара. Таа на Херакле му родила осум синови. Кога божицата Хера го казнила со лудило, тој лично ги убил своите синови и Мегара. Поради извршеното злосторство, Херакле бил протеран од Теба и тој отишол кај кралот Теспиј во Беотија за да го исчисти од гревот. 

Друга неволја за Тебанците била Свингата, покрај Ехидна и Тифона, аждаја, сестра на Немејскиот лав. Ова чудовиште со лице на девојка, тело на лав и крилеста птица, им поставувала загатка на Тебанците која гласела: „Кое суштество, само со еден глас, оди на четири, две и на три нозе, а најслабо е кога оди на четири“. Бидејќи никој не можел точно да одговори на ова прашање, Сфингата секојдневно лакомо јадела понекој жител на Теба. Меѓутоа, тоа му тргнало од рака на Едип кој одговорил дека тоа суштество е човекот, бидејќи како бебе лази на четири, кога ќе порасне оди на две, а како старец, со бастун, на три нозе.

На овие зборови, Сфингата со врисок се фрлила од висока карпа во понорот/бездната на Кефиското езеро и загинала. Едип, како ослободител на градот Теба, го добил престолот и кралската рака на убавата Јокаста.

Следната несреќа се случила за време на „Походот на седуммината против Теба“. Тоа било војна помеѓу Аргиевците од Пелопонез и Тебанците. На чело на аргиевската војска бил Ардаст, кралот на Арг, Бијантов внук од еолско потекло од Панонија. Во походот учествувале потомците на сите три владетелски семејства. До првиот судир со Тебанците дошло на реката Исмен, каде победиле Аргиевците, кои потоа, гонејќи го непријателот, ја опколиле Теба и продолжиле со меѓусебни напади при што имало големи загуби од двете страни. Од седуммината аргиевски војсководци се спасил единствено Адраст.

По десет години, кралот Ардаст повторно тргнал против Теба и тоа со синовите на јунаците кои загинале во „Походот на седуммината“. Оваа војна во митологијата е позната под името „Поход на Епогонците“. Во оваа војна загинале многу херои од двете страни, меѓу кои и Адраст, кој е погребан во Сикион, а во Атина е подигнато светлиште во негова чест. Во војната победиле Епигонците кои ја разориле Теба.

1.4.3

Многу Тебанци тогаш се повлекле со Лаодамант, син на Етиокле, кој со една група Тебанци побегнал кај Енхелејците во Илирија, во земја со која некогаш владеел неговиот предок Кадмо. Еден дел од овие бегалци се откажале од патот кон Енхелејците и скршнале накај Тесалија и ја зазеле Хомола, плодна и со вода богата тесалијска гора. Во Теба останал Терсандар, Полиников син, кој станал крал и ја обновил Теба.

Тој ги повикал бегалците од Тесалија да се вратат, што тие и го сторилле, и една врата во ѕидините преку која на враќање поминале ја нарекле Хомолска (Homoloides Pile) според гората Хомола во Тесалија.4 Ова име асоцира на Хомоље, област и Хомољска гора во Србија, како и име на градот Херонеја, на топонимот Хероња во Банат. При новите наезди на индоевропските народи од север во XI-XII век пред Христа, Фениќаните од Теба воделе жестоки војни. Во Грција, тоа биле Дорците, подоцна наречени Хелени.

4  Pauzania, Periigissis tis Ellados, IV, 8 (прев. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.           

Тукидид5 цитира дека тоа било „шеесетата година по заземањето на Илиј“ (Троја), т.е. околу 1120 година пред Христа. Дорците биле сопрени северно од Термопилите во Фтиотида. Родоначалник на овој безимен народ бил Деукалион. За тоа, Херодот6 наведува „... за време на кралот Деукалион живееле во земјата Фтиотида, а за време на Дор, син Хеленов, во земјата под Оса и Олимп, наречена Хистиеотида. Кога Кадмејците ги протерале, се населиле во областа Пинд која е во Македонија. Оттаму, пак, прешле во Дропида, а од Дропида дошле така на Пелопонез и го добиле името Дорци.“

5  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с.I, 12, Дерета, Београд, 1991.

6  Херодот, Историја, I, 56, Матица Српска, Београд, 1988.

Од Пиндскиот простор, Дорците ги протерале Теспротите од Тесалија и после 25 години тие мигрирале на југ во Дриопида, помеѓу планините Парнас и Хеликон и тука се населиле. Името на областа ја промениле од Дриопида во Дорида според нивниот водач Дор, Хеленов син, Деукалионов внук.

Миграциите на народите на тлото на Балканот и Егејот, под името „народи од морето“, траеле помеѓу IX-VIII век пред Христа, кога настанале големи промени и тој период во историјата е означен како „мрачен историски период“. Во периодот од VIII до средината на VI век пред Христа почнува одредено средување на состојбите и подем и тоа време е означено како „архаичен период“, т.е. сè почнува од почеток.

Првите колонизации од Балканот кон правецот на Мала Азија настанале пред Тројанската војна и продолжиле по истата во сите соседни региони. Втората колонизација настапила во архаичниот период.

Продолжува

 Dshko  Katin6 

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (62)

Маноил Мане Јаковлевски својот живот го посветил на македонската кауза. На тој пат него го следат ...

Култура и туризам

News image

СЕДУМ ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ

Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил почина на 10 јуни 2013 годинаа, а бешероден како Никола П...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (29)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.