Среда, 12 Мај 2010   
Поделбата на Македонија и нејзините правни последици (2)
На  седниците на комитетот за новите држави на Париската мировна конференција биле изразени две становишта во врска  со прашањето за одредување на правниот статус на Македонија. Според првото, се тргнува од потребата на Македонија да и се признае статус на автономија во рамките на Кралството на Србија, Хрватска и Словенија. Второто становиште тргнува од тоа македонското прашање да се разгледува заедно со прашањето за заштита на малцинствата. Според ова становиште општите клаузули за заштита на националните малцинства сметаат за доволна гаранција дека населението во Македонија ќе ужива слобода и заштита. (Меѓународните акти за правата на националните малцинства не прецизираат кои се малцинствата во одделни земји. Тоа значи дека секоја земја со свои внатрешни акти утврдува кои се и каде се јавуваат овие малцинства и кој е нивниот етнички идентитет. Според тоа дали земјата потписник ќе дозволи на одредени етнички групи статус на национално малцинство или нема, се остава на секоја земја-потписник на меѓународниот договор.) Постоеја и предлози од страна на одделни делегации Македонија да се конституира како самоуправна област со најшироко овластување.

Меѓутоа членовите на Француската делегација се спротиставија на идејата за конституирање на автономна Македонија, образложувајќи дека со тоа ќе се создадат нови тешкотии во земјата со оглед нс тоа што малцинствата кои ќе се најдат во овој регион, ќе бидат изложени на различни интриги и со тоа ќе се отежни пацификацијата на земјата. Притоа, француската делегација смета дека во “Македонија нема јасно дефиниран националитет, а населението е поделено на партии кои според настаните го менуваат својот карактер”.

Тргнувајќи  од овие сваќања, Конференцијата априори  одбива да расправа за обединување на Македонија како на една геополитичка и економска целина. Конференцијата ја прифати делбата на Македонија помеѓу балканските држави како “историски факт”, како нешто што е постигнато со поранешните меѓународни договори (1913), помеѓу постојаните држави. Се прифати гледиштето на балканските држави дека прашањето за обединување на Македонија не може да се постави на дневен ред на Мировната конференција, а со тоа да се наруши суверенитетот на балканските држави.

Со  санкционирање на порано извршената делба на единствената македонска територија и нејзиното инкорпорирање во соседните балкански држави, Мировната конференција со овој свој акт правото на македонскиот народ на самоопределување го остави отворено. Тоа право и натаму егзистира кај широките македонски народни маси и преставува основа за барање нови облици за неговото остварување. Сето тоа ќе доведе до нови немири, до тешки конвликти, па и до воени судири на балканот.

Петто. Санкционирањето на веќе извршената поделба на Македонија меѓу балканските држави има како што тоа ќе се види од наредните излагања, најтешките последици врз македонскиот народ кој е принуден на мигрирање.

Недоследноста на предлогот на Англија, за Македонија да се воведат специјални клаузули во поглед на заштита на правата  на малцинствата, произлегува од фактот дека во овие барања не е дефинирано за какво малцинство се работи. Се добива призвук дека тука се работи за заштита на правата на бугарско малцинство.

Ваквото сваќање и одговараше на Бугарија и таа се залага во текот на преговорите  македонското население во овие делови на Македонија кои ќе потпаднат под анексија на другите држави: СХС и Грција, да добијат статус на бугарско национално малцинство. Тоа пак значеше постојан извор за појава и ширење на нов иредентизам за сметка на македонскиот народ и постојани причини за немир во овој дел на светот.

Подведувајќи  ја правната положба на Македонците  под формулата за заштита на правата  на малцинствата, со сите празнини што  ги подразбира тоа, Мировната конференција положбата на македонскиот народ  ја сведуваше на правото на опција, на правото на мигрирање, на прашањето за репарација и на прашањето за реципрочни стимулации.

Мировната конференција прашањето за заштита  на националните малцинства, посебно  во деловите на Македонија кои потпаднаа  под суверенитет на балканските  држави според меѓународното право, го постави на разгледување во рамките на правото на Македонците во тие делови како право на опција и право на мигрирање. Се предвидува со посебни меѓународни договори склучени помеѓу заинтересираните држави ова право на опција и мигрирање поблиску да се регулира помеѓу заинтересираните страни договорнички. Од одредбите на овие договори и од начинот на нивното спроведување во животот може да се согледаат тешките економски последици на кои е подложен македонскиот народ.

Јонче Манојлов
Преземено од повеќе литератури за Македонската држава
 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.