Среда, 24 Јуни 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (26)

1.8.4

МИТОВИ НА ЕОЛЦИТЕ ЗА ПЛОВИДБАТА НА АРГОНАУТИТЕ –ПОТЕКЛО НА ЗЛАТНОТО РУНО

Во грчката митологија тесалските легенди за Аргонаутите заземаат значајно место. Бидејќи по грабнувањето на златното руно, враќањето на Аргонаутите се одвивало преку Дунав и Сава, преку земјите на Скитите и Хиперборејците, мотив е туристичката понуда на овие реки да се дополни и со нивните доживувања.

Митовите за походите на Аргонаутите изложени се, главно, во спевот на Аполониј Родоски „Аргонаутика“. Ономастиката на Панонија, особено на хидролошкиот систем на Дунав, ни послужи како водич во претставување на доживувањата на Аргонаутите при нивната пловидба по таа река. Похдот на Аргонаутите датира во 1225 година пред Христа.

Аргонаутите биле грчки јунаци кои, под Јасоновото водство, од Пегас во Тесалија отпловиле во Колхида во Црното Море за да го донесат златното руно. Името го добиле по бродот „Арго“. По своето потекло, во експедицијата, главно, се нашле Хиперборејци и Борејци, еолски потомци од разни панонски племиња, како што се Минијци (Миничево), Лапити (Лапово), Тиројци (Сираково), Флеги (Пожаревчани) и др.

Нивните претци биле творци на Димини културата во Тесалија и Беотија (Орхомен и Јолк), ама и во Елида, Пил и други. Како учесници во походот наведени се Борејци, како и македонскиот крал Орфеј, браќата Калеј и Зет, а покрај нив и Мелеагар од Каледонија, Херакле и неговиот брат Ификле и други. Вкупно биле меѓу 50 и 60 морнари.

Легендата за Аргонаутите започнува со приказната дека во стариот минијски Орхомен во Беотија владеел кралот Атамант, Еолов и Енаретин син. Тој со божицата на облаците Нефела го имал синот Фрикс и ќерката Хела. Поради несреќниот брак, Атамант ја оставил Нефела и се оженил со Кадмовата ќерка Ина, која му ги родила синовите Леарх и Меликерт.

1.8.5

Ина ги мразела децата на мажот од првиот брак и имала намера да ги убие, а Нефела, со цел да му се освети на сопругот за неверството, беотската земја ја лишила од дожд па суша завладеала со Атамантовото кралевство. На Орхоменците им се заканувала глад и, гледајќи го тоа, Атамант решил да прати емисари во светото место Делфи и да го праша пророштвото на Аполон зошто нивите им се неплодни.

Ина ги поткупила пратениците и тие, враќајќи се од Делфи, на Атамант му донеле лажен одговор од пророштвото: дека ќе мора својот син Фрикс да го принесе на жртвеникот на боговите и дека тогаш боговите ќе ја вратат плодноста на нивите. За да ја одбегне големата несреќа што му се заканувала на Орхомен, Атамант решил да го жртвува својот многу сакан син, а Ина, поради успешно спроведениот план, ликувала. Фрикс во последен момент го спасила неговата мајка Нефела, која пота го пратила крилестиот златнорунест овен да ги однесе Фрикс и Хела на Колхида.

На патот за Колхида, додека децата на златнорунестиот овен ја надлетувале Пропондида, Хела паднала во морето кое од тоа време го носи името Хелеспонт (денешен Дарданелски мореуз). Овнот со Фрикс јурел сè понатаму и понатаму и најпосле се спуштил во далечната Колхида каде во областа Еја, под Кавказ и на брегот на Црното Мре, владеел Ејет, син на богот Хелиос. Тој живеел во раскошна палата, со чешми од кои течеле мед, млеко, вино, масло и вода. Ејет го прифатил Фрикс и, кога стасал за женидба, го оженил со својата ќерка Халкиопа.

Златнорунестиот овен што го спасил Фрикс тој го принел на жртва на големиот Зевс. Бидејќи му било претскажано дека ќе владее со Еја сè додека го поседува златното руно, Ејет го закачил Фриксовиот подарик на храстово дрво во Ареевиот гај, па поставил еден страшен змеј да ја чуваа оваа скапоценост. Гласовите за тоа златно руно се рашириле по целиот Балкан. Потомците на Фриксовиот татко Атамант знаеле дека спасот и благосостојбата на нивниот род зависи од фактот дали го поседуваат руното или не, па решиле по секоја цена да се докопаат до него.

Јасоновот детство

На бреговите на синиот морски Пагаситски залив во Тесалија, Кретеј, брат на кралот Атамант, го подигнал градот Јолк и станал крал. Кретеј се оженил со својата внука Тира која му родила три сина: Есон, Амитаон и Перет, а ги посинил и децата на неговата сопруга со богот Посејдон: Пелиј и Нелеј. Кога Кретеј умрел, со Јолк почнал да владее неговиот син Есон, но неговиот брат по мајка Пелеј успеал бесправно да му го одземе престолот и власта па Есон морал да живее во градот како обичен граѓани. Пелеј го протерал родениот брат Нелеј и тој отишол на Пелопонез, го соѕидал градот Пил станал славен крал.

На Есон наскоро му се родило прекрасно момче. Бидејќи се плашел дека надмениот, суров и злобен Пелиј ќе му го убие синот, кому по правото на наследство му припаѓала сета власт над Јолк, Есон тукушто роденото малечко го одвел во тајност на планината Пелион и му го доверил на мудриот кентаур Хирон, а низ Јолк разласил дека син му е мртов и приредил свечен погреб.

Детето растело в шума, во пештера, меѓу останатите кентаури, а го воспитувал Хирон со својата мајка и жена. Мудриот Хирон му го дал името Јасон и го научил на лекарски вештини, да ракува со меч и со копје, да гаѓа од затегнал лак и да свири. На Јасон никој не му бил рамен во снаодливоста, силата и храброста, а по убавина бил налик на боговите.

1.8.6

Јасон живеел кај Хирон до својата дваесетта година, а потоа решил да се врати во Јолк и да побара од Пелиј да му ја врати власта. Штом стигнал во Јолк, се упатил право на градскиот плоштад. Бил награнат со крзно од пантер, носел две копја во рацете, но ја немал левата сандала која ја изгубил кога на божицата Хера, во лик на изнемоштена старица, ù помогнал да ја премине надојдената река. На плоштдот се собрале сите жители на Јолк и се прашувале кој е тој странец.

Кога го здогледал туѓинецот, Пелиј се сетил на едно старо пророштво да се чува од човекот кој ќе дојде во Јолк со брод и кој на нозете ќе има само една сандала. Пелиј го скрил стравот и надмено го прашал непознатото момче од каде е родум и на кое племе му припаѓа. Јасон храбро одговорил дека се враќа во својот дом, во родниот Јолк, му се враќа на таткото Есон и дека дошол да ја бара власта над Јолк, која подмолнот Пелиј ја украл.

Есон, кој бил на плоштадот, со насолзени очи го препознал синот, а веста за Јасоновото враќање го израдувало целото семејство, кое пет дена го славел среќниот настан. Јасон во својата беседа им ја открил својата намера да ја врати власта над Јолк и роднините ја одобриле неговата намера и заедно со него тргнале кај Пелиј со молба на Јасон да му го отстапи престолот.

Итриот Пелиј се преправал дека е подготвен да им излезе во пресрет, ама, криејќи ја омразата во срцето, го замолил младиот роднина најпрво да оди во Колхида и да го донесе златното руно, бидејќи тоа во сон му го побарала сенката на Фрикс. Исто така додал дека тој би можел тоа и сам да го стори, ама дека веќе е стар и дека не може да се реши на таков голем подвиг. Пелиј му се заколнал на Зевс и на останатите богови од Олимп дека, штом златното руно ќе пристигне во Јолк, тогаш тој ќе се повлече од престолот. Ова ветување се темелело на неговото уверување дека Јасон сигурно ќе загине доколку се реши да тргне во Колхида и да ја изврши оваа тешка задача.

Продолжува

 3.3.3 0.0 

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (62)

Маноил Мане Јаковлевски својот живот го посветил на македонската кауза. На тој пат него го следат ...

Култура и туризам

News image

СЕДУМ ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ

Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил почина на 10 јуни 2013 годинаа, а бешероден како Никола П...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (29)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.