Среда, 29 Јули 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (31)

2.7.7

ПЕЛАШКО - ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ I

Јужно од Беотија се наоѓа Атика, која на исток се граничи со Егејското Море, на југ со Саронскиот залив, а на запад со подрачјето на Мегара. Во атичката рамнина се наоѓал градот-полис Атина, оддалечен околу 5 километри од Саронскиот залив. Околу Атина се наоѓаат планините Пентеликон на северосток и Химет на југоисток, како и многубројни ритчиња (Ликабет, Пникс, Ариев брег, Брег на нимфите, брег на Музите, итн.) Во непосредна близина на Атина течат реките Еридан, Кефис и Илис. Во центарот на Атина, на варовитата висорамнина-брег се наоѓа утврдената населба Акропол, која се јавува веќе во доцниот неолит во Сескло и Димини културата, а особено е честа во микенската култура. Акрополот бил сакрален центар и веќе во XIII век пред Христа бил опколен со киклопски ѕидини.

Пелазгите на Атина и Атика

За првите жители на Атика и Атина сведочи Херодот1 кој наведува дека Атињаните воделе потекло од Пелазгите и дека тие Атињани никогаш не излегувале од земјата. Според Херодот, кој истакнува дека тие се појавуваат од митовите, за Пелазгите пишуваат уште и Хомер, Диодор, Страбон и други. Меѓутоа, Пелазгите биваат заборавени во наредните периоди и дури во XIX век на нив обрнува внимание Фитботен /1862/ кога се раѓа „пелазгологијата“ како современа наука за Пелазгите. Томсон2 во своето капитално дело за праисторискиот Егеј смета дека преселбата на Пелазгите од Кавказ и Каспискиот простор уследила околу 3500 година пред Христа кога се упатиле во два спротивни правци. Источното крило, на чело со кралот Титан, го изградило градот Суза во Месопотамија, со познатата тврдина Мемнонион, именувана според неговиот син Мемнон, додека Титановата жена се викала Кисија. Западното крило, под водството на братот на кралот Титон, кралот Пријам, тргнале во анадолско-балканскиот правец па се населиле во земјите на Егејскиот басен, на бреговите на Мала Азија, Балканот и на Егејските острови: Хиј, Лезб, Имбро, Лемно и Самотрак.

1 Херодот, Историја, I, 56, Матица Српска, Београд, 1988.

2 Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 115, Athina, 1954.

На Балканот, Пелазгите се населиле на Атос, во Кис во Термајскиот залив, во Тесалија каде ја основале тврдината Лариса и во Епир каде се познати како Теспротјани со светилиштето Додона. Кога биле протерани од Епир и се населиле во Тесалија, нивната нова татковина уште се викала и Пелазгиотида. На северо-исток на Пелопонез познати се како Егиалски Пелазги, што ќе биде изнесено во рамките на Пелопонез. Во Атика и во Атина, околу XVII век пред Христа, се јавува пелашката династија Ерихтонија, која може да се следи до 1044 година пред Христа. Херодот3 натаму обаснува дека „... во време кога Пелазгите живееле во земјата која сега се вика Хелада и Атињаните биле Пелазги и тогаш се викале Кранејци, а за време на владееето на кралот Кекроп се викале Кекропиди, а потоа кога Ерехтеј ја презел власта, Атињаните го промениле своето име и, според војсководецот Јон, син на Ксутов, кој ги предовдел Атињаните, го добиле името Јонци“.

3  Херодот, Историја, VIII, 44, Matica Srpska, Beograd, 1988.

Името на градот Атина е антропоним, а подоцна и теоним, од палеобалканската глосологија. Тоа е двосложен зобр кој на почетокот гласел ’а-тана’, каде ’а’ е негација ’не-без’ и ’танастос-смрт’, ’тнитос-смртен’ т.е. без-смртна и на крај Атена, божица без-смртна.4 Според Томсон5, Атена како божица стигнала од север, преку Тесалија, Беотија до Атика. Носители биле Лапитите и Минијците. Според истиот автор,6 Кикроп е прв крал на Атика кој изникнал од земјата, како човек-змија, а го родила божицата Геја-гигенес, т.е. домородец, вистински Пелазг. Тој ја изградил тврдината Акропол-Кекропија, вовел моногамија и обичајот да се погребуваат мртвите, како и „пелашкото“ писмо. Во негово време, од боговите прв бил воведен Посејдон, кој со својот трозабец на Акорпол отворил солено езеро, а потоа дошла божицата Атена која засадила маслиново дрво и побарала од кралот Кикроп да го поддржи нејзиното барање да ја поседува Атика.

Во спорот помеѓу Посејдон и Атена, што потоа уследил, Зевс го именувал за судија Кикроп и античкиот јунак Кранај. Кога Кикроп укажал на користа од маслиновото дрво, предност ù била дадена на Атена. Томсон7 смета дека тоа е алегорија и победата на божицата Атена се однесува на матријархатот што дотогаш владеел и тоа е прикажано со победата на Атена. Кога тоа го увиделе Лапитските Бакхиади од Панонија, при наредното гласање го укинале правото на гласање на жените, па тие победиле и вовеле патријархат. Потоа, го укинале и обичајот на земање епоним-презиме на мајката и вовеле правило децата да се презиваат според татковците. Истовремено е укината полигамијата и прифатена е моногамијата. Сето ова, се разбира, се одвивало постепено.

4  Mpampiniotis, G,: Synhroni gramatiki tis koinis neas Elinikis, Athinai, p. 82, 1967.

5  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 179, Athina, 1954.

6.  Исто, с. 181.

7   Исто, с. 184

2.7.8

Древно атинско општество

Кикроп на атинскиот престол го заменил Кранај, според кого жителите на оваа земја биле наречени Кранајци, а атинскиот Акропол добил име Кранаја. По неговото симнување од власта, крал на Атина станал Ерехтеј, Брутов брат, претци на атинско благородничко семејство на Етеобутадите.8 Во борбите меѓу Атина и Елеусин, атинскиот крал Ерехтеј го убил Еумолп, тракискиот херој кој дошол на помош на Елеусин. На Ерехтеј и неговите ќерки укажани им се божествени почести во Атина. Посветен му е храмот Ерехтеон на атинскиот Акропол.

8  Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, p. 124

Лапитите ја колонизираат атина и Атика

Етеобутадите се, значи, вистински потомци на Бутадите, во почетокот атинско свештенско племе, една важна гранка на тесалските Лапити.9 Бутадите биле цвет на атинската аристократија, затворено, старо и конзервативно племе, со богат имот и големи привилегии. Нивен симбол била воловска глава со рогови, бидејќи нивниот етноним потекнува од зборот ’ву-вол, говедо, бик’ што асоцира на Гериновите говеда од Дунав каде била нивната стара татковина.

Пелазгите од Атика и Атина биле селани, земјоделци и сточари. Кога Лапитите за прв пат ја населиле Атина и Атика, биле опколени од непријателски расположените Пелазги. Меѓутоа, Лапитите, кои биле со поголем степен на култура и поагресивни, многу брзо се наметнале како управувачи во сите сектори на животот и станале аристократски сталеж, како и велепоседници. Тие биле дрски и се перчеле со своето неатичко потекло, а Пелазгите ги омаловажувале како „сељаци“. Ваквото однесување и постојаните караници довеле до побуна на Пелазгите против владеењето на непријателската аристократија на дојденците, која била совладана.

9  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 183, Athina, 1954.

Лапитите ги протеруваат Пелазгите од Атина

Херодот10, цитирајќи го Хекатеј,11 логограф и географ од Милет, наведува дека Атињаните-Лапитите ги протерале Пелазгите и дека тоа правилно го сториле. Имено, „Кога Атињаните виделе дека земјата која се наоѓа под Химет, а која на Пелазгите им била дадена како награда што го изградиле бедемот околу тврдината, е убаво обработена, а порано била лоша и не вредела ништо, ги обземала завист и посакале да се докопаат до таа земја, па поради тоа ги протерале Пелазгите без ниедна друга причина...“ Атињаните, меѓутоа, говорат дека Пелазгите ги нападнале нивните жени и подготвувале побуна против Атињаните, па во таа прилика биле фатени на дело. Иако имале право да ги испоубијат, Атињаните ги иселиле Пелазгите од земјата. Така, Пелазгите се иселиле од Атина и Атика и се населиле на други предели и на Лемно, острово не север од Егејското Море, во Крестон на Халкидики, на Плакиј и Скилак на Хелеспонд.

Херодот, Историја, VI, 136-138, Матица Српска, Београд, 1988.

11  Хекатеј, 549-478

По некое време, Пелазгите кои живееле на Лемон, решиле да се осветат на Атињаните, па тоа го сториле за време на свеченостите во Атина во чест на Артемида во Браурон, кога во заседа заробиле многу жени и отпловиле со нив на Лемон и ги земале за свои. Осветата на Атињаните се слчила многу години подоцна, за време на Милтијад, Комонов син, кога Пелазгите биле опседнувани со бородови сè додека не се предале, а Лемно паднал во рацете на Атињаните.12

12  Херодот, Историја, VI, 140, Матица Српска, Београд, 1988.

Меѓу кралевите на Атина се спомнува и Ерихтониј, кој со Пракситеа го имал синот Пандион и кој го востановил празникот Панатенеја.

Пандион, кога станал крал на Атина, бил осми по ред потомок на Ерихтониј. Неговиот син бил Егеј, кој во митологијата е познат по тоа што дошол во судир со критскиот крал Миниј, Фениќанец. Критската војска вовела опсада против Атина, а земјата ја опустошиле неродноста на житните растенија и гладта. За да ги спаси своите поданици и земјата, Егеј, по совет на прорштвото, ги прифатил Миниевите услови за мир и се обврзал дека на Крит ќе испраќа по седум момчиња и седум девојки како храна за Минотаурот, чудовиште со човечко тело и со глава на бик. Минотаурот бил плод на Миниевата жена Пасифаја и Посејдоновиот бик. За да му ја сокрие големата срамота на Миниј, го повикал архитектот Дедал, внук на атинскиот крал Ерехтеј, кој го изградил Лавиринтот, дворец со многубројни заплеткани ходници. Кралот на Атина, Егеј, со Етра, ќерка на трезенскиот крал Питеј од династијата Пелопиди од Фригиј, т.е. Бриг од Македонја, го добил синот Тезеј кој станал најголем атички херој.

2.7.9

Акропол во Атина

Тезеј го провел своето детство на дворот на својот дедо Потеј, крај својата мајка. Кога одраснал, отишол во Атина кај својот татко Егеј, но тука не останал долго. Кога дошло време Атињаните по трет пат да пратат на Крит седум момчиња и седум девојки, тој решил да им се придружи. Пред поаѓањето на бродот со момците, кралот Егеј напоредо со црното едро, вообичаено за оваа тажна поворка, му дал на кормиларот и едно бело едро и му наредил да го истакне на јарболот доколку походот среќно се заврши.

По истоварување на младите Атињани на Крит и проверката од страна на кралот на Крит, Миниј, во врска со Тезејовото божествено потекло, јунакот е примен со најглеми почести. Тогаш, за време на свеченостите, Миниевата ќерка Аријадна го забележала Тезеј и, маѓепсана од неговата божествена убавина, м понудила секаква помош, под услов д се ожени со неа и да ја однесе во Атина, што Тезеј го прифатил. Аријадна му дала на Тезеј клопче конец за со негова помош да се ориентира во замрсените одаи на Лавиринтот.Тезеј со својата сила го совладал Минотаурот и го принел како жртва на Посејдон, а потоа со Аријадна и младите Атињани се качил на бродот и тргнал во татковината. По пат, Тезеј се разделил од Аријадна и, поради болката, заборавил на катарката да го истакне белото едро.

Егеј со денови ја набљудувал морската шир и со нетрпение го чекал враќањето на синот. Кога го здогледал бродот со црни едра, бил сигурен дека го изгубил синот и атинските момчиња и во очај се фрлил од ’ртот Сунион во море, кое според него е наречено Егејско Море.

По Егејевата смрт, Тезеј го наследил престолот на Атина и извршил многу херојски дела кои митолозите ги вбројуваат во рангот на Херакле. Тоа се борбата со Амазонките, борбата со побунетите Палантиди на Атина, борбата со кентаурите, грабнувањето на убавата Хелена и симнувањето во Подземниот свет со својот пријател Пиритој, крал на Лапитите. Во митскиот список на атинските кралеви, Тезеј е десетти крал на Атина. Неговото владеење претходи на Тројанската војна за една генерација, т.е. 1220 пред Христа и, заедно со Херакле, е најомилен лик во античката уметност.

Кога Хелените-Дорци освоиле поголем дел од Пелопонез, претежно Лаконија со Спарта, во 1104 година пред Христа, многу Нелеиди, Еолови потомци од Панонија, ја напуштиле Месена и Пил и се населиле претежно во Атина, каде со своите сонародници Лапити се вклучиле во кралевските владејачки семејства до 1044 година пред Христа. Според Херодот13 и Паусаниј14, некои потомци на Нелеидите ја преживеале хеленската наезда во Месена.

13  Исто, V, 65.

14  Pauzania, Periigissis tis Ellados, II, 8, 18, (prev. Pasini: Vodič po Heladi,) Logos, Split, 1989.

Продолжува

 1Dshko  1Kat

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, се убиени пет струмички студенти

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт д...

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.