Среда, 26 Август 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (35)

1balk

КОЛОНИЗАЦИЈА НА МЕСИНА, НЕЛЕЈ, КРАЛ НА ПИЛ

Месенија е област во југозападниот дел на Пелопонез. На исток се граничи со Лаконија и Аркдија, на север со Елида, југозападно со Јонското Море. Помеѓу планината Тајгрт (2437 м) на исток и Кипарисија (1218 м) на запад, се наоѓа плодна рамнина отворена кон Месенскиот залив, низ која тече реката Памис. Првите жители на Месенија биле Лелези од Мала Азија, нивниот владетел бил Лелег и негови потомци, а потоа Пелазгите-Кавконци.

Колонизацијата на Панонците на Месенија започнува со Нелеј, Пелеев брат, кој откако станал крал на Јолк во Тесалија, го протерал својот роднина. Нелеј со себе ги повел своите роднини Мелампод и Бијант. Преку Беотија, Атика и Арголида или преку морски пат стигнале во Месена, каде на југот на Наваринскиот залив го основале градот Пил кој, поради популарноста на основачот, Хомер во своите епови го нарекува Нелеевиот град.

Според Паусаниј,7 Нелеј во Месена најпрво бил примен од неговиот роднина Афареј, кој го основал градот Арена, според името на својата жена. Аферај бил Периеров син, внук на Еолците од Тесалија и на Енаретите и тој владеел со Месенија. Бил оженет со Горгофона, Персеевата ќерка од Аргос на Пелопонез. Афареј бил татко на Линк, Ид и Пис, кралеви во Месенија. Периерови синови биле уште и Леукип, Тинтареј и Икариј. Леукип станал крал на Месенија, а Тинтареј крал на Спарта. Икариј, откако Леукип станал крал (имал три ќерки Леукипиди), побегнал во Акарнанија и се оженил со Поликаста, која му ја родила ќерката Пенелопа и уште два или пет синови. Кога Пенелопа дораснала за мажачка, се појавиле многу стројници. Икариј тогаш организирал натпревар и му ја дал својата ќерка на Одисеј од Итака, бидејќи тој бил победник.

7  Pausania, Periigissis tis Ellados, VI, 2, (прев. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.            

Наоѓајќи се меѓу свои роднини на Пелопонез, Нелеј се оженил со Хлорида, Амфионова и Ниобинова ќерка од племето Минијци од Понудавје. Таа му родила дванаесет синови и ќерката Пера. Од синовите најпознати се Нестор и Периклимен.

Како крал на Пил, Нелеј доживеал длабока старост. Археолошките истражувања утврдиле дека Нелеј, со Мегарон,  изградил голема палата наречена „Несторова палата“. Откриен е и архив, со околу 1200 керамички плочки испишани со линеарното „Б“ писмо, кое што датира од околу 1200 година пред Христа.

Според Томсон,8 Нелеидите, заедно со Лапитите, ја вовеле на Пелопонез палобалканската глосологија и религија од Дунав. Тоа се заклучува не само по линеарното „Б“ писмо, туку и по топонимите, како што се имињата на реките Пенеј, Енипеј, Миниј, пред сè во Елида, а пренесени се од Еолија, подоцна Тесалија. Тие, исто така, го вовеле и својот мит за нивната прабаба Тиро која овде е ќерка на Салмонеј, Еолов син, кој својата младост ја поминал во Тесалија.

8  Thomson, G.: I Aрhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 130, 285, Athina, 1954.

Митот вели дека тој подоцна се преселил во Елида каде го основал градот Салмон, северно од Олимпија. Тука станал крал на Елида, со женидбата со Алеевата ќерка Алкидика, која му го родила преубавото и мудро девојченце Тиро. Со Нелеидите во Месена пристигнал и богот Посејдон.9

9  Исто, с. 285

Нелеидите биле и одлични морепловци. Според Аристотел, жителите на Пил пловеле но само до Кавказ, туку и долж Јонското и Јадранското Море, каде се снабдувале со ќилибар – јантар-електрон. Според Херодот,10 јантарот доаѓал од реката која варварите ја викале Еридан. Тоа е денешната река Сава крај Белград. Во митологијата, Еридан го прифатил Хелиеевиот син Фаетон кој, во желба да го имитира татка си во управуање на златните Сончеви кочии, се нашол прерано во смрт во водите на Еридан. Феатон го погребале Хесперидите. Бидејќи неговите сестри Хелеидите деноноќно плачеле, Зевс од сомилост ги преобразил во тополи, а нивните солзи во ќилибар-јантар. Археолошките наоди во Пил11 откриле големи количества ќилибар, со што Пил заземал значајно место во „ќилибарскиот пат“ од северниот Балкан до Медитеранот.

10  Херодот, Историја, III, 155, Матица Српска, Београд, 1988.

11  1939, 1952-1964, Блеген, В.К, и американски археолози

Најстар Нелеев син бил Периклимен, кој учествувал во походот на Аргонаутите во 1225 година пред Христа. Него во борба го убил Херакле, кога тој дошол во Пил за Нелеј да го исчисти од гревот по убиството на Ифит, славниот стрелец, син на кралот Еврит, кој владеел со Енхалија во Месена. Нелеј тоа го одбил, бидејќи бил во големо пријателство со Ифитовиот татко. Поради тоа, Херакле ги нападнал Нелеидите и во таа прилика убил единаесет синови, освен најмалиот Нестор кој бил отсутен. По овој настан, Нелеј му го препуштил кралството Пил на својот син Нестор и се повлекол на Коринт кај свои роднини, каде умрел во длабока старост и тука, со големи почести, бил погребан.12 Митот за Херакле и заземањето на Пил бил, изгледа, уште еден настан во ахејското навлегување од тесалската Фтија, под водство на Пелоп во XIII-XII век пред Христа (Гревс, 1990).13

12  Pausania, Periigissis tis Ellados, II, 2, III, 26, Logos, Split, 1989.

13  Grevs, R.: The Greek Myths, Penguin books, Middlessex, 1972.

2balkМесина

Кралот на Пил, Нестор, во Торјанската војна

Нестор бил најмлад Нелеев син, оженет со Евридика, која му родила две ќерки и седум синови: Пизистрат, Атнилох, Трасимед, Арет, Персеј, Стратих и Ехефтон. Бил мудар и храбар крал на Пил. Учествувал во славнот лов на Калидонската дива свиња и во походот на Аргонаутите. Бил многу ангажиран и во подготовките за Тројанската војна, кога со Одисеј собирал војска по цела Грција. Одел дури и до Фтија во Тесалија за да ги наговори Ахил и Патрокле да учествуваат во војната. Под Троја, Нестор стигнал со дваесет воени лаѓа и два сина, Антиох и Трасимед. Во текот на Тројанската војна се истакнал како „коњаникот Нестор“ и бил главен советник и мудар стратег.14 По освјувањето на Троја, среќно се вратил во родниот Пил, во својот раскошен дворец, каде дочекал длабока старост и каде бил погребан.

14  Хомер, Илијада и одисеја, II, IV, 170, Нови Сад, 1985 (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Кога Хелените-Дорци го освојувале Пелопонез во 1104 година пред Христа, многу Нелеиди си заминале од Месина и се населиле во Атина, каде со Лапитите се вклучиле во кралските владејачки семејства. Според Херодот и Паусанија,15 некои потомци на Нелеидите ја преживеале хеленската наезда во Месена, за што сведочат I и II Месенска војна во VIII и VII век пред Христа. Меѓу најпознатите братства на Нелеидите од Пил и Атина спаѓаат Пизистратидите, Кодридите, Алкмеонидите и Пеонидите, што е изнесено во поглавјето за колонизација на Атина.

15 Херодот, Историја, V, 65, Матица Српска, Београд, 1988.; Паусаниј, II, 18, 8. 

Мелампод: славен лекар и пророк

Нелеевите роднини Мелампод и Бијант, двајца браќа, Аминтаонови синови од подунавско потекло, ја имале следнава судбина: Мелампод живеел во близина на Пил. Станал славен пророк, бидејќи го разбирал говорот на птиците, се бавел со медицина, хумана репродукција, а особено знаел да лечи лудило. Првиот негов успех бил што го излечил од неплодноста Ификле, син на кралот Филак во Тесалија и како награда ги добил Филаковите говеда, кои му ги подарил на својот брат Бијант кога се вратил во Месена. Нареден, уште поголем успех, постигнал кога ќерките на Лисип, аргивскиот крал на Прет, по име Лисипа и Ифијанаса полуделе, бидејќи божицата Хера, Зевсовата сопруга, ги казнила бидејќи му се приклучиле на Дионисовиот култ. Кралот го повикал Мелампод да ги излечи и, бидејќи се работело за многу тешко заболување, Мелампод побарал како награда третина од неговото кралевство за себе.

На кралот Прет, меѓутоа, му се присторило дека оваа цена е превисока и затоа го одбил Мелампод. Но, со време, лудилото се проширило и на останатите аргиевски жени и настанала колективна хистерија. Жените ги напуштале своите мажи, деца и домови и скитале по Пелопонез. Тогаш, кралот бил принуден повторно да го повика Мелампод, но овој ја зголемил цената и побарал уште една третина за својот брат Бијант. Прет со голема тага го прифатил барањето. Браќата ја завршиле задачата многу успешно, излекувајќи ги сите аргиевски жени и кралските ќерки. Задоволниот крал Прет, својата ќерка Ифијанса и Лисипа ги омажил за Мелампод и неговиот брат Бијант. Од Меламподовиот род, шест потомци владееле со Арголида во исто толку поколенија, како што се Абант, неговиот син Амфијарај, јунак од Тебанските војни во 1213 година пред Христа, учесник во ловот на Калидонската дива свиња и походите на Аргонаутите. Следи неговиот син Алкмеон, крал на Арг, учесник во војната против Теба, како и неговиот син Акарнан, епонимен херој на областа Акарнанија, итд.

Бијант, крал на Арг

Помладиот Амитанов син Бијант, Меламподовиот брат, кога дошол во Месина кај својот роднина Нелеј, крал на Пил, се вљубил и ја побарал за жена неговата ќерка Пера. Кралот му ја ветил девојката под услов најпрво да ги доведе познатите Филакови говеда од Тесалија. Бијант тргнал во Тесалија и напразно се обидувал да ги украде говедата бидејќи ги чувал страшен и секогаш буден пес. Само благодарение на Меламподовата пожртвуваност, Нелеј ги добил бараните говеда, а младиот Бијант раката на убавата Пера. Благодарение на Меламподовата заслуга, Бијант добил и еден дел од Претовото кралевство Арголида.

Бијант со Перо имал повеќе деца, од кои најзначајни се Талај, Адрастов татко. Подоцна, кога станал владетел на Арг и се оженил со Лисипа, таа му ја родила ќерката Анаксибија. 

Талај учествувал во походот на Аргонаутите и, кога умрел, бил погребан во Арг. Имал повеќе деца, меѓу кои се Партенопеј, Пронак, Макистеј, Адраст, Ерифил и др. 

Партенопеј израснал во Арг, се истакнувал со исклучителната убавина и џиновската става. Бил еден од војсковотците во походот на Седмуммината против  Теба, против Фениќаните. Во борбите се истакнувал со храброст, но го усмртил Актор.

Пронак бил крал на Арг и почитуван е како јунак. Негови деца се Ликург и Амфитеј. 

Ликург станал крал на Немеја во Арголида, успешно владеел со своето кралевство и погребан е на гората на Немејскиот Зевс. 

Мекистеј исто така учествувал во походот на Седуммината против Теба, каде и загинал. Неговиот син Евријат се споменува меѓу „Епигонците во војната против Теба“ и како учесник во Тројанската војна.

3balkАнтички театар

Адраст бил крал на Арг и имал шест деца. Во војната Седуммина против Теба бил војсководец, како и во војната „Епигонците против Теба“, каде го загубил синот Егијалеј. Бил многу почитуван во егејскиот свет. Адрастовиот внук, Егијалеев син Кијанип, бил крал на Арг и учесник во Тројанската војна и еден од оние кои се наоѓале внатре во дрвениот коњ.

Колонизација на Лаконија

На југоисток од Пелопонез се наоѓа областа Лаконија. Северно од неа е Аркадија, а западно Месенија, додека на југ и на исток е орабена со Егејското Море и длабок залив. Меѓу планините Парнон (1935 м) и Тајгет (2437 м) се наоѓа Лаконската рамнина, низ која протекува реката Еврота. Античкото име е Лакедемон, ама се јавува и под името Спарта.

Најстариот град на Лакедемонија бил Амикле, на десниот брег на Еврота, во кој се наоѓа славното Аполоново светилиште, кое се состоело од ограден простор во чие средиште се наоѓал Хијакинтовиот гроб, најмладиот и најубав син на кралот Амикле. Светилиштето било во зенит помеѓу VII-VI век пред Христа и во негова близина се открини голем број подароци од архајската епоха.   

Лелезите од Мала Азија ја колонизираат Лаконија

Паусаниј16 изнесува дека првите колонисти на Лакедомонија биле Лелезите од Мала Азија, храбри морнари расеани по приморските краеви на Егеј. Нивниот митски предок е кралот Лелег, кој со нимфата Клеохарија ги имал синовите Еврот, Милет и Поликаон, како и ќерката Терапна. Милет го наследил својот татко и се смета за изумител на млиновите.

16  Pauzania, Periigissis tis Ellados, III, 1, (prev. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.

По неговата смрт, власта ја презел неговиот брат Еврот, кој неистечната вода во рамнината, по пат на прокопи, ја насопчил кон морето море и така настанатата река ја нарекол Еврота. Бидејќи немал машки деца, кралската власт му ја оставил на Лакедемон, кому мајка му била Плеадата Тајгет, а татко Зевс. Според неа името го добила и планината Тајгет. Лакедемон за жена ја земал Спарта, ќерка на кралот Еврот. Кога станал владетел, неговото име се приширло низ земјата и таа е наречена Лакедемонија, а жителите Лакедемонци. После тоа, основал град, на десниот брег на реката Еврота, и го именувал Спарта, според името на својата жена. Лакедемон го наследил неговиот син Амикле, кој го основал градот Амикле, јужно од Спарта, на десниот брег на реката Еврота.

По Амикле, власта ја добил најстариот син Аргал, а по него власта прешла на неговиот син Кинорт, а после него на неговиот син Ебал. Бил оженет со Персеевата ќерка Горгофона, додека други автори17 наведуваат дека таа била омажена за Перијер, Еоловиот потомок од Тесалија, и ги родила Афарај, Леукип, Тиндареј и Икариј. 

17  Apollodori, Bibliotheca, (I-II век пред Христа) III, 10,3

Во друг брак со Ебал, наводно, ги родила Икариј и Тиндареј.18 Меѓутоа, Ебал  со нимфата Батеја го имал синот Хипоконт, кој по татковата смрт ја презел власта во Спарта и ги протерал своите полубраќа од земјата. Тиндареј и Икариј пребегнале кај кралот Тестиј во Калидон. Подоцна, кога Херакле го убил Хипоконт и неговите синови, Тиндареј се вратил во Спарта и го презел престолот. 

18  Pauzania, Periigissis tis Ellados, II, 21, (prev. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.

Продолжува  

Пишуваат: 

4balАКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

5balkСЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Политиката на свиткана кичма не може да ни донесе датум

Политиката на свиткана кичма не може да ни донесе датум, по ветото измамникот Заев веќе нема при...

Историја

News image

Проданов, Делииванов и Шатев: „Македонското прашање произлезе од борбата на македонскиот народ за слобода и независност“

Божин Димитров Проданов (12. XII 1871 - ?) е македонски револуционер, деец на Македонската револуцио...

Иселеници

News image

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ 2.05.1948 – 7.11.2020

Култура и туризам

News image

Историјат на македонската драма

Македонската драма има богата традиција. Нејзините почетоци се во кусите дијалози на обредните игри ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (47)

Правци и етапи на преселбите на Дорците („Скитачки народ“ – Херодот, I, 56) во Пелаз...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.