Среда, 09 Септември 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (37)

3.5.4

КОЛОНИЗАЦИЈА НА СЕВЕРЕНПЕЛОПОНЕЗ – ЕГИЈАЛА ОД СТРАНА НА АХЕЈЦИТЕ

а) Тесалски Ахејци

Ахеја е северен брдовит крај на Пелопонез, помеѓу Арголида, Аркадија и Елида, на бреговите на Коринтскиот залив. Таа порано се викала Егијала, според формата на земјата од која поголемиот дел е морски брег (аигиалос), а жителите се викале Егијалски Пелазги.

До преселба на Ахејците на просторот на Балканот дошло во текот на средноминојската епоха, кога „егејската цивилизација“ била на врвот, околу 1600 до 1400 година пред Христа.

Ахејците се од индоевропско потекло. Тие од својата прататковина Курган, помеѓу Аралското и Каспиското Море, тргнале во северозападен правец за Европа, до Панонија. Потоа, по долините на Морава и Вардар или долж Јадранскиот брег, Епир и Пиндскиот масиф стигнале до Фтија во Тесалија. Понатаму не можеле, бидејќи Термопилите ги чувале феникијските Кадмејци.1 Првите исторски податоци за Ахејците ги даваат Хетитие и Египјаните. Хетитите, кои во XIV пред Христа имале моќна династија во Анадолија, со Мурсил околу 1350-1320 година пред Христа, ги викале Ahhijawa или Ahhiyawan.2 Во египетските споменици и папирусите се споменуваат како Akaiwasha, за време на Рамзес II, 1288 година пред Христа.3 

1  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio,  p. 183, Athina, 1954.

2  Papastavrou, I,: Istoria tis Arhaias Elladoс, p. 29, Hiotelli, Athinai, 1972.; Taylor, W.L.: The Mycenaeolns, p. 158, Thames and Hudson, London, 1983.; Macqueen, J.G.: the Hittites and their contemporaries in Asia Minor, London, 1986.

Предбалкаснкото име на Ахејците во митологијата и историјата не е познато. Тие се именувани како Ахејци од страна на староседелските тесалски Пелазги од Фтија, потомци на Триоповиот син Пелазг, кој околу 1453 година пред Христа ја напуштил Арголида и ја освоил Фтија, кој до тогаш ја населувале диви племиња. Триоп во митологијата е од лапитско, односно еолско потекло. Според Грејвс,4 ’ахај’ значи оној кој ожалостува, тажен, чемерен. Во Централниот Балкан постојат мнгоу топоними под името Чемерно, можеби и тука треба да се бараат траги за нивното живеење пред новата татковина Фтија. Во историјата тие се означени како Тесалски Ахејци, поретко како Еолски Ахејци.

3 Childe, V.G.: The Aryans, a Study of Indo-European Origin, p. 63, 72, London, 1927.

4  Grevs, R.: The Greek Myths, Penquin Books, Middlessex, 1972.

Во митологијата Пелазгот Фтиј имал брат Исмен и сестра Егина. Исмен имал две ќерки, Дирка и Строфија, чии имиња носат означуваат два тебански извори. Егина се омажила за Актор, крал на Фтија, која му ги родила синовите Менетиј и Еуритион. Менетиј живеел во Локрида, а негов син е Патрокло, Ахилов роднина и негов нераздвоен пријател.5

Патрокло го поминал раното детство во Локрида. Во една игра, несакајќи и ненамерно го убил својот другар и поради тоа таткото Менетиј го однел својот син во Фтија, кај кралот Пелеј, кој го исчистил момчето од убиството. Патрокло одраснал во друштвото на Пелеевиот син Ахил, каде меѓу момчињата се развило нежно и трајно пријателство. Подоцна, пријателите ја барале раката на убавата Хелена од Спарта. Кога се одвивале подготовките за Тројанската војна, Нестор од Пил и Одисеј од Итака дошле во Фтија за да ги викнат Ахил и Патрокле да им се придружат.

Во војната, Патрокле покажал исклучителна храброст и Ахил бил вчудоневиден од срдечноста на својот пријател, меѓутоа, во текот на војната загинал од Хектор, најголемиот тројански херој. Неговото тело е спалено на голема клада, а истовремено се организирале големи натпревари што биле приредени по повод Патрокловата смрт и жртвувањата на дванаесетте заробени тројански момчиња. Подоцна, и Ахиловата пепел била положена во златната Патроклова урна и погребан на островот Леук, при устието на Дунав, каде Ахил има свој храм и биста.6

6  Pauzania, Periigissis tis Ellados, III, 19. (prev. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.

Егина, Еак, Пелеј, Ахил, Неоптолем во македонскиот ребус

Пелазговата сестра Егина  со богот Зевс на островот Енон во Сароничкиот залив го родила синот Еак. Островото подоцна е наречено Егина. Егина не останала на островот, туку отишла во Фтија каде се омажила за Актор и тогаш го добиле синот Менетиј, Патроклов татко, додека на островот останал Еак. Бидејќи островото било пусто, бидејќи љубоморната Хера пред тоа го уништила овој народ, Еак го замолил Зевс да му подари друштво и луѓе со кои ќе владее и тоа онолку жители колку што здогледал мравки на едно свето дабово стебло. Зевс мравките ги претворил во луѓе, кои се наречени Мирмидонци (мирмикс значи мравка). Еак бил најпобожен и со своите молитви ги спасувал Грците па поради тоа бил почитуван не само во Егина и Атина, туку и во Аркадија.

Еак учествувал и во градењето на кулите на тројанските бедеми. Бил оженет со Енеида која му родила два сина - Телемон и Пелеј. Подоцна, Псамата му го родила синот Фок. Во текот на еден натпревар во фрлање диск, Телемон и Пелеј несакајќи го убиле својот полубрат, поради што Еак ги протерал од Егина. Теламон се засолнил на Саламина, додека Пелеј отишол кај кралот Евритион во тесалиската Фтија. 

Евритион е Акторов син, крал на тесалската Фтија. Тој во својот двор пријателски го примил Еаковиот син Пелеј, го исчистил од убиството на Фок и му ја дал за жена својата ќерка Антигона и третина од кралството. Меѓутоа, во ловот на Калидонската дива свиња, Пелеј ненамерно го убил својот таст Евритион, поради што морал да ја напушти Фтија, отишол кај кралот Акаст во Јолк кој го исчистил. Во Јолк уживал во гостопримството сè додека во него не се вљубила Акастовата жена Астидамија.

Пелеј ја одбил нејзината љубов, но за да му се освети, Астидамија пратила гласници на Пелеевата сопруга дека нејзиниот маж ќе се жени со Акастовата ќерка Стеропа. Во очај, Антигона се обесила. Покрај тоа, навредената кралица му кажала на својот сопруг дека Пелеј се обидел да ја силува. Акаст не сакал лично тој да го убие својот гостин, па го повикал во лов на планината Пелион меѓу кентаурите, каде ја докажал својата исклучителна ловечка вештина. Откако добил знаци од Зевс, се оженил со Нереевата ќерка Тетида која му родила седум синови, меѓу кои најмалиот бил Ахил.

3.5.5

Слика за војна

Откако Ахил му го доверил на чување на кентаурот Хирон, Пелеј ја напуштил Фтија, се осветил на Акаст, учествувал во походот на Аргонатутие и во погребните свечености по повод смртта на Пелеј. Неговата старост била тажна, бидејќи го надживеал синот Ахил и својот внук Неоптолем. На веста за Ахиловата смрт, Акастовите синови го симнале Пелеј од престол и го протерале од Фтија. Стариот крал побегнал на островото Кос во Карпатскиот архипелаг, каде и умрел.

Кога Агамемнон го припремал походот на Троја, Еолци,  Нестор и Одисеј дошле во Фтија да го наговорат Ахил со нив да тргне во војна. Ахил, на чело на Мирмидонците, со педесет лаѓи тргнал во војна, за што Хомер7 пее: „...Кои беа од Арг, во пелашкиот живееја крај,/кои од Алопа беа, од Ал и од Трехин,/ и од Фтија и Хелада со жени убави,/ па Мирмидонци ги викаа, Хелени и уште Ахејци,/имаше лаѓи педесет, а водач им беше Ахилеј...“

7  Хомер, Илијада и одисеја, II, 681, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Во Тројанската војна, Ахил го изгубил својот најмил пријател Патрокле кој бил убиен од страна на Хектор, Пријамов син. По Патрокловиот погреб и приредените натпревари во негова чест, Ахил во двобој го убил Хектор, а потоа неговото тело го врзал за својата кола и го одвлекол во грчкиот логор, три пати околу свежиот гроб на својот пријател, а потоа на Пријам му го предал Хекторовото мртво тело.

Во текот на војната, Пријамовиот син Парис, грабнувачот на убавата Хелена, со Аполонова помош го устрелил Ахил во петицата, единственото ранливо место на неговото тело. Борбата околу Ахиловото мртво тело била жестока. Сите ја оплакувале Ахиловата смрт, особено Мирмидонците. Неговото мртво тело е спалено на клада, а пепелта е погребана со Патрокловата. Се говори дека неговота мајка Тетида, го однела Ахила на островото Леук, на устието на Дунав, каде божествениот дел од неговото тело продолжил да живее.

Митот за Ахил инспирирал многу книжевни дела, а од времето на Александар Македонски, Ахил станува пример за сите владетели. Судбината на неговиот син Неоптолем е врзана за светогрдие?, бидејќи се обидел да го опљачка светилиштето во Делфи, но го убил жителот на Делфи, Махареј.

б)  Пелопонеските Ахејци

Додека Ахејците живееле во тесалската Фтија (-ftio-да уништи), крај реката Сперхеј (sperho: да гони, да пламне), во градовите Ал и Алопа (алио: биде нестален), Еладите (elos: мочуриште) и Трахините (trahino: мрзоволен, огорчен), стеснети и осиромашени, во средината на XIII век пред Христа, Пелоп од Мала Азија одведува поголем дел Ахејци на Пелопонез и станува епонимен херој.  

Лидјанецот Пелоп – водач на колонизацијата и крал на Елида

Пелоп во митологијата е син на лидијскиот или фригијскиот крал Танта. Со помош на Посејдон, добил крилести коњи и златни кочии, па преку островот Лезбос, со Лидјаните, Фргијците и големото богатство пристигнал меѓу сиромашните жители на Фтија. Потоа со Ахејците, по копно или со бродови, стигнал до северозападните брегови на Пелопонез. Бидејќи го победил кралот Еномај, се оженил со неговата ќерка Хиподамија, завладеал со Елида и станал владетел на Пиза. Ахејците ги населил на бреговите на Коринтскиот залив каде живееле Елиалските Пелазги и областа е наречена Ахеја. Полуостровото, кое што првобитно се викало Пелазгиотис, со доаѓањето на Данајците го менува името во Апис, по светиот бик во Египет, за на крај според Пеолоп да биде наречено Пелопонез.

Еден дел од Ахејците кои го колонизирале северниот дел од полустровот наречени се Егиалски Ахејци, со околу 12 градови. Другиот, помал дел, го колонизирал јужниот дел Лаконија и се познати под името Паракипариски Ахејци, со 11 градови, меѓу кои најзначајни се Гитеон и Леуктра. Пелоп со Хиподамија имал повеќе деца, од кои најпознати се Атреј и Тиест, а од ќерките Никипа. Никипа се омажила за Стенел, крал на Микена, Персеев син, со што била воспоставена врска помеѓу династиите на Данаидите и Пелопидите. Од тој брак роден е Евристеј, во седмиот месец на бременоста благодарение на Херината итрина, кој станал господар на Микена, Тринит и Мидеј, наместо Алкмениниот син Херакле, кој морал да му се покорува. Херакловите авантури, поради задоцнетото раѓање, ќе бидат изнесени во посебно поглавје.

3.5.6

Микена

Атреј – крал на Микена и родоначалник на династијата на Пелопидите 

Атреј бил оженет со Миноевата внука од Крит, Аеропа, која му ги родила синовите Агамемнон и Менелај, и ќерката Анаксибија. Трагедија се случила во нивното семејство оној ден кога Атреј и Тиест, по наговор на мајка им, го убиле и фрлиле во бунар својот полубрат Христип, син на Пелоп и Аксиоха. По овој злостор, Пелоп ги проколнал синовите, а тие, плашејќи се од татковиот гнев, побегнале во Микена кај својот зет, кралот Стенел. Бидејќи Стенеловиот син Авристеј немал наследник, пророштвото ги советувало Микенците за крал да изберат еден од Пелоповите синови.

Атреј станал прв крал на Микена, според договорот. Владеел со Микена околу 1250 година пред Христа. За време на неговото владеење, подигнати се повеќе монументални архитектонски споменици, како што е Лавјата капија, Атреевата ризница, Кикопските ѕидови, палатата во форма на мегарон со две простории и отворено предворје, и др. Со тоа династијата на Данидите е заменета со династијата на Пелопидите.

Тиест со време ја завел својата снаа Аеропа, па поради тоа побегнал од Микена во Сикион, каде, не знаејќи, ја обљубил својата ќерка Пелопија, која го родила Егист. Кога Егист пораснал, го убил стрикото Атреј. Додека Агамемнон се борел пред Троја, Егист со упорно ласкање ја заведувал неговата сопруга.

Агамемнон – крал на Микена и водач на Грците во Тројанската војна

Агамемнон, како најстар Атреев син, станал крал на Микена. Се оженил со Клитемнестра, ќерка на спартанскиот крал Тиндареј, кој му помогнал да стане владетел. Таа на Агамемнон му го родила синот Орест и трите ќерки: Електра, Ифигенија и Хрисотемида. Агамемновота судбина е поврзана за Тројанската војна, која траела десет години, за жртвувањето на ќерката Ифигенија, за љубовните перипетии во текот на војната со Хрисеида, Брисеида и Касандра и за караниците со Ахил.

По падот на Троја, Агамемнон се вратил во татковината каде, во завера, е убиен од својата жена Клитемнестра и нејзиниот љубовник Егист, Триестов син.

Орест – последен крал на Микена

За да ја освети татковата смрт, Орест го убил Егист и својата мајка Клитемнестра. По судските перипетии, владеел долго со Микена, околу 70 години. Умрел во својата деведесетта година како бегалец во Тегеј, поради освојувањето на Арголида од Хелените, каде е и погребан.

Продолжува

 1Dshko  1Kat

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.