Среда, 28 Октомври 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (44)

1troТРОЈАНСКАТА ВОЈНА

Публикацијата „Балканот и Македонија“ од покојниот академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград е објавено за прв пат на српски јазик под наслов „Праисторија Централног Балкана “. Потоа истото дело под наслов „Праисторија на Централниот Балкан“, од Антоније Шкикљев – Дончо и Славе Николовски – Катин е преведено на македонски јазик и е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, 2019, 1-320 стр. Овие публикации се дел од вистината за Балканот и Македонија.

Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така, денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.

„Македонска искра“ е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво

На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература  одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија. 

2tro

3tro

Во ова продолжение на „Балканот и Македонија“ е забележано дека за Тројанската војна постои доста обемна литература. Таа била прва предисториска светска војна и според Ератостен (275-194 година пред Христа), управник на Александриската бибиотека на македонското египетско царство на Птоломеј, десетгодишната војна траела од 1193 до 1183 година пред Христа. Исцрпни податоци за спротивставените страни дава Хомер (VIII век пред Христа), најстар европски поет, почитуван во текот на целата античка доба како творец на Илијада и Одисеја, за Тројанската војна и падот на Пријамовата Троја VII.

Помеѓу митолошките епови и историската стварност, меѓутоа, постои еден непремостлив јаз. Имено, историчарите наведуваат дека врвот на Микенската цивилизација и нејзината моќ се манифестирале по 1450 година пред Христа и по катастрофалнот земјотрес на островото Тер. Во таа прилика, разорени се и центрите на моќ на Минојската култура на Крит и престанува поморската надмоќ на Кнос. По 1400 година пред Христа, Микенската цивилизација ја достигнува својата полна сила сè до 1200 година пред Христа, кога микенската моќ пропаѓа нагло. Од ова може да се заклучи дека Тројанската војна не можела да се случи по 1200 година пред Христа кога микенскито свет на Егејот не можел да организира голем поход преку море, каков што е опишан во Илијатата.

Се претпоставува, поради тоа, дека археолошката Троја VII ја разориле индоевропски племиња, „народите од север“ или „народите од морето“, меѓу кои најзначајна улога, можеби, одиграле Фригијците и Илирите – Скити, а не Микенците.1 Овие племиња довеле и до пад на Хетитското царство и продреле сè до север на Египет. Тука им се спротивставил Рамзес III (1990 година пред Христа), кој победоносно ги сопрел нивните порои и направил тие, ослабени, да се разлеат во разни правци. За поместувањата на балканските и малоазиските племиња, што довеле до „преселбата на народите“ и до „Хомеровото прашање“, ќе стане збор во наредното поглавје.

1  Хомер, Илијада, стр. 141, Бгд, 1965.    

Геополитичката и стратешка положба на градот Троја во праисториските времиња била многу важна. На исток се протега пространата рамнина Скамандер и брегчето Ида, каде треба да се лоцираат Енеините и Дарданските племиња, додека западно Троја претставувала бастион и чувар на Хелеспонтскиот влез и препека за трговските и колонизаторски апетити на Микенскиот свет, светот на јужниот Балкан.

Падот на Хетитското царство и разорувањето на Троја го искористиле староседелците на Балканот, на чело со Микена и нејзиниот крал Агамемнон, да организираат воена експедиција и да му објават војна на тројанскиот крал Пријам.

И ние, во недостаток на други извори, единствено низ митовите во Илијада, наѕираме нешто од тој судир во кој учествувале две завојувани страни поради „грабнувањето на убавата Хелена“ од страна на Пријамовиот син Алексанар (Парис).

4troТројански војници 

Херодот2 го изнесува мислењето на Персијците за тоа: „... Персијците велат дека Азијатите воопшто (никогаш) не правеле прашање за грабнати жени, додека, напротив, Грците поради една единствена Сапртанка, собрале голема војска, па дошле во Азија и ја уништиле Пријамовата држава. Од тогаш, Персијците непрестано ги сметаат Грците за свои непријатели. Азија, пак, ја сметаат за свое подрачје ... додека Европа и Грција се едно посебно подрачје“. 

2  Херодот, Историја, I, 3, 5, Матица Српска, Београд, 1988.

Врховниот заповедник на грчката војска во Тројанската војна бил Агамемнон, крал на Микена, Атреев син, Пелопов внук, од фригијско потекло од Мала Азија. Во војната учествувале Аргивци, Данајци и Ахејци, но не и Хелени, кои го заземале Пелопонез дури осумдесетипет години по падот на Троја...“3 Dorieis te odgoekosto etei / “meta Iliou alosin/ xyn Herakleidais Peloponeson eshon…” Грчката војска за Троја се собрала во Аулида, пристаниште во Беотија, источно од Теба. Тебанците не учествувале во овој поход.   

3  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, I, с. 12, Дерета, Београд, 1991.

Најголемиот дел од воската бил составен од Еолци (Aiolias), потомци од Панонија, кои живееле во Тесалија, Беотија, Атика, Пелопонез и во други делови. Тоа се потврдува ако се анализираат податоците што ги дава Хомер4 кај списокот на бродови, каде од вкупно 858 лаѓи само Еолците од Тесалија учествувале со 208 бродви, нивниот роднина, кралот Нестор од Пил на Пелопонез, со 90 лаѓи, додека Атина, со кралот Менестеј, со 50, Ахеецот Ахил од тесалската Етија со 50, Агамемнон со 100, Менелај со 60, Одисеј со 12 лаѓи, итн. 

4 Хомер, Илијада и одисеја, II, 484-785, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓур  

Тројанската војна траела десет години. По падот на Троја, Агамемнон со својот плен, Пријамовата ќерка Касандра и со своите луѓе, се вратил во татковината каде, наместо добредојде, го очекувала завера и убиство од страна на неговата жена Клитемнестра. Погребан е во Амиклам, кај Спарта.

Осветата стигнала десет години подоцна кога Агамемновиот син Орест ја убил својата мајка, а потоа, поради мајчиното убиство и други перипетии и излекување од лудило во Гитеон, на југот на Пелопонез, станал крал на Микена. Владеел седумдесет години, умрел во Аркадија и погребан е во Тегеј. Неговите синови Тисамен и Пентил војувале со Дорците-Хелени кога тие го освјувале Пелопонез.

На чело на Тројанската војска бил Пријамовиот син Хектор, кого Тројанците, поради неговата храброст и благородност, го почитувале како бог. Неговите сојузници во војната биле Тракијците, Пеонците и Мигдонците од Македонија, кралот Рес од Трибалија, Фригијци, Мизици, Меонци, Ликијци, Киконци, Пелазги, Карци, Лелези и други. Војната за Тројанците била катастрофална.

Продолжува  

Пишуваат: 

4lidijaАКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО

 

1Slave Katin 2СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.