Среда, 11 Ноември 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (46)

1grПРЕСЕЛБА НА ХЕЛЕНИТЕ – СКИТАЧКИТЕ ДОРЦИ ВО ГРЦИЈА

Етногенеза и „Деукалионовиот потоп“

По Тројанската војна, на толото на Грција се појавува нов индоевропски, безимен народ, кој долж западниот Балкан и Епир, преку превлаката Пинд, помеѓу планините Загорја и Тзоумерка, се спуштиле во Тесалија и сопреле пред Термопилите во Фтија. Според Ератостен, тоа се случило во 1124 година пред Христа.

За потеклото на тој народ податоци ни дава Херодот во делот1 за разговорто на кралот на Лидија, Крез (Kroisos), пред да биде симнат од престолот во 549 година пред Христа, од страна на персијскиот цар Кир, од кого му се заканувала опасност. За да се заштити, Крез се распрашувал кои се најмоќни кај Хелените, за да ги придобие за пријатели.

„Распрашувајќи се, дознав дека Лакедемонците и Атињаните се пред сите. Лакедемонците се од дорско потекло, а Атињаните од јонско. Двата народи се истакнуваат над сите останати хеленски народи. Атињаните водат потекло од Пелазгите, а Лакедемонците се од хеленско потекло. Атињаните никогаш не излегле од земјата, додека Лакедемонците се многу познати по своите скитања и патувања.

За веме на кралот Деукалион, живееле во земјата Фтиотида, а за време на Дор, син Хеленов, во земјата под Ос и Олимп, наречена Хистиеотида. Кога Кадмејците ги протерале, се населиле во областа на македонскиот Пинд. Оттаму, повторно, прешле во Дриопида, а од Дриопида дошле така на Пелопонез и го добиле името Дорци“. 

1 Херодот, Историја, I, 56, Матица Српска, Београд, 1988.

Деукалион – родоначалник на Хелените

Кралот Деукалион (Deykalion) се смета за родоначалник на сите Хелени. Бил оженет со Пира, Епиметеовата и Пандорината ќерка. Живееле во тесалската Фтија, заедно со староседелците Пелазги, подоцна и со Ахејците-Мирмидонци во постечките градови. Според Хомер:2 „Кои биле од Арг, во пелашки жиееле крај,/кои од Алопа беа, од Ал од Трехина, / и од Фтија и Хелада со жени убави/ па Мирмидонци се викаа, Хелени и уште Ахејци,/ имаа лаѓи педесет, а водич им беше Ахилеј“. 

2  Хомер, Илијада и одисеја, II, 681, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Од Хомеровиот спев се гледа дека во тесалската Фтија, уште пред доаѓањето на Деукалионовите мигранти, постоеле градовите Арг, Алоп, Ал, Хелада и Трахин. Вредно е значењето на сите топоними. „Фтија“ од глаголот фино-земја на мртви, исчезнување, уништување; „Хелада“ од хелос – мочуриште, кал; „Трахин“ – од trahus – кршливи, каменити; „Ала“ – од алос и алс – сол, сиан; „Алопа“ – солен остров; „Арг“ – бел. Реката која ја создала рамнината каде се наоѓаат овие градови го носи името „Сперхеј“, што значи жестоко јуришање. Јужната планина носи назив „Ета“ – што значи несреќа, страдање. На оваа планина Херакле сам се запалил и таа ја создава Термопилскиот клисура. Тука, сега е главниот град на Фтија „Ламиа“, што асоцира на словенскиот збор Lämja, аждаја.

Доколку топономастика значи и суштина, семантика, тогаш може да се сфати и приказната од митологијата за етногенезата на Хелните, што ја изнесуваат Пондар3 и Аполодор4 итн.  

3  Пиндар, Olympia, IX, 41

4  Apollodori, Bibliotheca (I-II) I, 7,2,       

Имено, кога богот Зевс одлучил со потоп да ги уништи расипаните и бежбожни луѓе, а сепак да го сочува човечкиот род, ги избрал Деукалион и Пира како единствени добри и побожни меѓу луѓето. Според Прометеовиот совет, Деукалион изградил голем дрвен ковчег и се засолнал во него заедно со својата жена. Набрзо, на земјата се истурила голема несреќа. Зевс го стопирал Северниот ветер кој го растерува дождот и му наредил на Јужниот ветер цврсто да ги стегне мрачните облаци и од нив да ја истури сета вода. Додека дождот лиел без престанок девет дена и девет ноќи, Посејдон ги придвижил џиновските морски бранови (Scunami) на Егејското Море, а преку Малијскиот залив го затворил патот на излевање на водите од реката Сперхеј. Ниви, полиња, градови и села се нашле под вода. Земјата наскоро се преобразила во огромно море без брегови.

Во паничен страв, луѓето напразно барале спас на блиските брда, но водената стихија уништувала сè пред себе. Кога сè било готово, единствено Деукалион и Пира се спасиле од погромот, но се нашле на пуста земја, опкружена со страшна тишина. Во знак на благодарност, тие на боговите им принеле многу жртви, молејќи се за обнова на човештвото. Слушајќи ги нивните молби, Зевс се одоброволил, но, за да го обнови човештвото, морале да ги следат Зевсовите напатствија кои што им ги пренела божицата Темида. Таа им наредила да ги покријат главите, да ги одврзат појасите и да ги фрлаат за себе „коските на својата мајка“. Долго ги повторувале загадочните зборови, сè додека не сфатиле дека нивната мајка е Земјата, а нејзините коски – камењата. Камењата што го фрлал Деукалион, се претворале во машки, а оние кои Пира ги фрлала, во жени. Подоцна, се изродило бројно потомство, а од нивните синови најпознати се Хелен и Амфиктион.

Паусаниј5 изнесува дека Амфиктион го симнал од престолот својот тест, атинскито крал Кранеј, а по 10-12 годии владеење, него од власта го симнал Ерихтониј.

5  Pauzania, Periigissis tis Ellados, , 25 (prev. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989. 

2grХелен – крал на Фтија      

Кралот на Фтија, Деукалион (на бога посветен) го наследил Хелен (од мочуриште), кој станал епонимен херој на Хелените. Владеел со тесалската Фтија. Со горската нимфа Орсеида го имал синот Дор. Како Грција го добила името Хелада, дали по името на градот во Фтија, кого го цитира Хомер уште пред доаѓањето на Деукалионовите потомци или подоцна, бидејќи неговиот син според градот Хелада, каде и се родил, бил наречен Хелен, таа гатанка се обидува да ја реши Тукидид.6 За Хеленското име тој пишува: „А мене ми се чини и дека тоа име уште го немала целава земја, туку дека во времето пред Хелен на Деукалион воопшто и го немало тој назив, туку сами себе си ставале имиња според други“ народи, највеќе според Пелазгите. А кога Хелен и неговите синови се осилиле во Фтиотида, па ги викнале на помош во останатите градови, поединци поради дружењето со нив претпочитале да се викаат Хелени. Сепак, долго време не можело тоа име кај сите да преовладува. Хомер, иако живеел уште многу по Тројанската војна, никаде не ги нарекол така, па ниту други, освен Ахилеевиот народ од Фтија, кои токму биле и први Хелени, туку во своите песни ги нарекува Данајци, Аргејци и Ахејци.. Хелени, според тоа, се наречени, како кои, според градовите.  

6  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. I, 3, Дерета, Београд, 1991.

Мпампиниоти7 наведува дека етимологијата на зборот ’Хелен’ е од непознато потекло, т.е. не е од индоевропскиот корпус, додека ние утврдивме дека припаѓа на палеоглосологијата на Панонија од зборото ’хелос’ – мочуриште, како и градот во Фтија Хелада (од префиксот ’хел’ и суфиксот ’ада’, т.е. ада во мочуриште – Хелада), каде во текот на преселбата се населиле Деукалионците. Авторот смета дека Херодот бил прв кој го употребил етнонимот ’Хелени’ за различните народи на тлото на Грција.

7  Mpampiniotis, G.: Synhroni gramatiki tis koinis neas Elinikis, Athinai, p. 595, 1967.

Истиот автор ги изнесува обидите етнонимот ’Хелени’ (Ellines) да се поврзе со топонимот ’Сели’ (Selioi), село на падините на планината Бермион (Каракамен) во Негушкиот огруг, на надморска височина од 1000 м. Тој, меѓутоа, објаснува дека од „морфолошки аспект смета дека зборовите Hellen и Hellas се суштествени за зборот Хели (Elloi) и Сели (Sėiloi), но, дека сите овие форми се од непознато потекло.’ Меѓутоа, тие се од словенско потекло, од зборот „сели“ – да се сели, преселува или од српскиот збор ’сели’ што значи ’да седнат, седнале’. 

3grТопонимот ’сели’ им послужил на многумита етнонимот ’Хелени’ да го поврзат со Хомер8, во делот каде Ахилеј принесува жртва на Зевс и му се моли Патрокле да го надари со слава и среќно враќање: „Зевсе, додонски кралу и пелашки што далеку/ владееш во Додона студена, каде Сели, гаталците твои,/ крај тебе со валкани нозе на голата живеат земја!“ или: „Ô Dia Dödönai, Pelasgike, pou makria esy meneis/ kai ti veryheimöni Dödöni exousiazeis, pou ekei gyrö oi exigitades сou oi Selloi/ oi aniftopodoi pou koimountai katagis…“

8  Хомер, Илијада и одисеја, XVI, 233, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Хомер многу експлоцитно наведува дека Зевс бил додонски крал на Пелазгите, Теспротјаните, но не на Хелените кои, при миграциите од Епирот на скитските Илири, се преселиле во Еолија, во рамнината на реката Пенеј, која од тогаш е преимувана како Тесалија. Херодот9 тоа го потврдува кога ја опишува клисурата кај Термоилите каде бил подигнат ѕид. „Ѕидот го беа изградиле Фокејците од страв од Тесалијците кога овие дојдоа од Теспротија и сакаа да се населат во еолската земја, каде и денес живеат.“ Во оригиналот, ова гласи: „Thessaloi elthon ek Thesprötön oikesontes gen Aiolida (-Pelasgiötis), ten per nyn ekteatai”.  „Коза лаже, рог не лаже!!!“  

9  Херодот, Историја, VII, 176, Матица Српска, Београд, 1988.

За времето на миграциите на Хелените, Тукидид10 го наведува следново: „... Сегашните Беотјани, шеесет години по заземањето на Илиј (1183 година пред Христа), протерани се од Арн од Тесалијците (Теспроти – пелашко потекло), се населиле во сегашна Беотија, која порано се викала Кадмова земја, а Дораните, во осумдесеттата година, со Хераклидите го заземале Пелопонез.“ 

10  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. I, 12, Дерета, Београд, 1991. 

Дор /Döros/– скитачкиот крал на Дорците

Хелените, за време на кралот Деукалион и неговиот син Хелен, живееле во Тесалската Фтија. Меѓутоа, според Херодот:11 „...а за време на Дор, син Хеленов, во земјата под Ос и Олимп, позната на Хистиеотидите. Кога Кадмејците ги протерале, се населиле во областа на Пинд во Македонија. Оттаму, повторно прешле во Дриопида, а од Дриопида дојдоа така на Пелопонез и го добија името Дорци.“ 

11  Херодот, Историја, I, 56, Матица Српска, Београд, 1988.

Во оригиналниот текст стои: „...epi de Dörou tou Ellenos ten ypo ten Ossan te kai ton Olympon hören, kaleomenen de Istaiötin ek de tes Istiaiötidos ös exaneste ypo Kadmeiön, oikee en Pindö Makednon kaleomenon…“

Овој дел од Херодотовото дело во последно време значително многу се експлоатира за дневно-политички цели, па сметаме дека е потребно да се даде објаснување. Според Ератостен, „Војната на сеуммината против Теба“ се одиграла во 1213 година пред Христа, кога Тебанците-Феничани биле протерани од Аргиевците, од панонско потекло, и мигирале кај своите роднини во Енхелеја, денешна Албанија. Од ова следува дека пред овој настан, Кадмејците ги протерале Хелените на кралот Дор од Фтија во Хестиотида, а потоа од овие области во пределот на Пинд во Македонија.

Продолжува  

Пишуваат: 

4lidijaАКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1Slave Katin 2СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.