Среда, 18 Ноември 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (47)

1ravПравци и етапи на преселбите на Дорците („Скитачки народ“ – Херодот, I, 56) во Пелазгија, во XIII век пред Христа

Етапи:

1. Додонска

2. Фтиотидска (за време на Деукалион) во 1124 година пред Христа

3. Хистиоеотидска (за време на Дор, Хеленов син)

4. Пиндска (протерување од Кадмејците)

5. Дриопидска – Доридска

6. Пелопонешка во 1104 година пред Христа            

Хистиеотида се наоѓа во Тесалија, на јужните падини на планината Олимп (2917 м), додека на северните е Македонија. Планинскито масив Пинд почнува на север, од македонската област Орестида (Костур) и планината Грамос (2520 м) и се протега во правец на југ до Коринтскиот залив. Дорците можеле да бидат протерани единствено спротовно од течението на реката Пенеј, во македонските области на Пинд – Тимфаја Tymphaia) и Параваја (Parrhayaia), кои припаѓале на Македонците. Центарот на овие области е современо Метсово, помеѓу планината Тумфа (2497 м), Лугкос (2249 м) и Хасиа (1564 м) од север кон Македонија и планината Лакмос (2295 м) на југ. Овој дел од планинскиот масиф ја сочинува вододелницата помеѓу реките Пенеј во Тесалија, Халиакмон (Бистрица) во Македонија, Ахелоса, Арахтоса и Тхаумиса во Епир и Аоса (Војуша) во Албанија.

Херодот12 многу прецизно ја дава миграцијата на Хелените од областа во Тесалија, наречена Хистиеотида во Пиндската област во Македонја.. „oikee en Pindö Makednon kaleomenom…“ Овде хоронимот Македонија се однесува на оронимот Пиндо, а не на тоа дека Дорците тогаш го добиле етнонимот Македон, т.е. дека станале Македонци. Злоупотребата е околу глаголот „калеоменон“ што значи наречен, од основата „kaleö“ – да се нарече, именува. Доколку Олимп е планина во тнр. Хистиеотида, тогаш и планината Пинд е во тнр. Македонија. Современите политичари го користат овој дел од пишувањето на Херодот и истакнуваат дека, откако Дорците биле преименувани во Македонци, еден дел отишол на исток и дека тоа се античките Македонци, додека вториот дел отишле на југ и дека тоа се старите, антички Хелени. Ние, сепак, ќе го следиме Херодот.

12  Херодот, Историја, I, 56, Матица Српска, Београд, 1988.

Натамошната преселба на Дорците од негостољубивата Пинд се одвивала на југ... „Оттаму, повторно прешле во Дриопида, а од Дриопида дошле така на Пелопонез и го добиле името Дорци.“13 

13  Херодот, Историја, I, 56, Матица Српска, Београд, 1988.

Дриопида (drys – даб) е висорамнина помеѓу планините Ета (2152 м) Kallidromo (1373 м), Evardousia (2407 м), Giona (2510 м) и Parnass (2457 м), од каде извира и реката Кефис. Тоа е тесен дел... „широк отприлика триесет сетепни... помеѓу Малида и Фокида, а тој предел порано бил Дриопида.14 

14  Херодот, Историја, VII, 56, Матица Српска, Београд, 1988.

Кралот на Дриопида бил епонимен херој Дриоп, а негова ќерка е Дриопа. Со богот Аполон го добила синот Амфис. Кога пораснал, Амфис на својот татко му изградил храм Делфи и го основал градот Ета, со кого владеел како крал. Во спомен на својата мајка, подигнал светилиште на нимфите и во нивна чест ги основал свечеите игри. Во негова чест е и името Амфис, главниот град на округот Фокида.

Дорците ги протерале староседелците Дриопјани, кои се отселиле во Месенија и Лаконија, во градовите Хермион и Азин, кои се наоѓаат отспротива на Кардимил, а освоената област ја преименувале во Дорида, со истоимен град и епонимен херој и крал Дор (Döros) и етноним Дорани-Дорци (Dörieis). Бидејќи не можеле да ја освојат Атина, Дорците во три наврати, преку коринстката провлака Истам, се обиделе да го заземат Пелопонез. Ним најпрво им се спротивставил кралот на Микена, Евристиј, а потоа неговите наследници од династијата Пелопиди, Орест и Тисамен. После мирот од сто години, дури во „третата генерација“, децата на дорскиот крал Аристомах, во митологиајта познати како „Хераклиди“: Темен, Аристодем и Кресфонт, се обиделе да го освојат Пелопонез под Оксиловото водство.

Оксил водел потекло она панонските Лапити. Негов татко бил Хемон, а дедо Тоант, крал на Етолците и нивен водач во Тројанската војна со 40 лаѓи, каде се истакнал со херојство и слаткоречивост. Кога Одисеј морал да ја напушти Итака, нашол прибежиште кај кралот Тоант, каде се оженил со неговата ќерка и тука ја поминал својата старост. Оксилов предок бил Етол, епонимен херој на Етолците, кој ги одвел своите роднини Епејците од Елида на Пелопонез, каде имале своја династија во Етолија. Таму е роден Оксил, кој во малдоста избугил едно око. Кога Хелените од Дорида тргнале повторно да го освојат Пелопонез, на патот го пресретнале Оксил со едно око, на коњ. Тие во коњаникот го препознале својот водач и го замолиле да ги поведе во земајта на нивните претци. Оксил со тоа се согласил, но под услов Хелените по освојувањето на Пелопонез да му ја препуштат на управување Елида, татковината на неговите претци. Откако молбата му била прифатена, Оксил ги повел Хелените кон морските теснец помеѓу Етолија и Ахаја на Пелопонез, каде се наѓаат градовите Рион и Антирион. Тука, локацијата каде се градени лаѓите за премин на мореузот, наречена е Наупакт.

Хелените под Оксиловото водство го преминале мореузот и по острите битки со Оресотвиот син, кралот на Микена, го освоиле целиот Пелопонез во 1104 година пред Христа. Освојувачите го поставиле Оксил на престолот на Елида. Тој мудро владеел со земајта, дал мудри закони и ја унапредил Елида. Ги земал во заштита староседелците кои ги прогонувале Хелените, а ја преземал и грижата за светилиштето во Олимпија и ги обновил Олимписките игри. По Оксиловата смрт, на престол на Елида стапил неговиот син Лајас.

2rav

Хелените–Дорци го освојуваат Пелопонез

Во времето кога Хелените се истовариле на северозападните брегови на Пелопонез, крал на Арг и на Спарта бил Тисамен (Tisamenos), син на кралот Орест и Менелаевата ќерка Хермиона, а негов брат бил Пентил. Во борбите, Хелените ги совладале Пелопидите, ја разориле Микена и ги протерале Тисамен и Пентил. Овие се упатиле кон Ахејците на север на Пелопонез, со молба со своите луѓе да се населат во нивната земја. Тие го одибле тоа, бидејќи стравувале дека народот, поради доблеста и отмениот род, ќе ги избере нив за владетели. Тисамен загинал во борбата, но неговите војници извојувале победа и ги присилиле ахејските Јонци да се преселат во Мала Азија. Тисамен е погребан во градот Хелик. Неговиот син Комет владеел со Ахеја сė додека не бил протеран од Хелените и ја основал колонијата Пелопида во Азија. Пентел и неговите наследници основале колонија на островото Лезбос.

Хелените под Теменовото водство најпрво ја освоиле Арголида. Темен имал повеќе деца и ќерката Хирнета, која се омажила за Дејфонт. Кога Темен станал крал на Арголида, ја сакал својата ќерка Хирнета повеќе отколку своите синови и сакал престолот на Арг да ù го остави нејзе и на нејзиниот сопруг Дејфонт, но синовите поради тоа го замразеле и, додека се капел, го убиле. Подоцна дошло до свирепи пресметки помеѓу роднините, браќата Керин и Фалк од една страна, и Дејфонт и Хирнета од друга страна, при кои што сите загинале и биле погребани во една маслинова градина, недалеку од Епидаур на Пелопонез.

Втората група на Хелени под водство на Кресфонт ја освоила Месена. Тој станал крал на Месена и се договорил со Месењаните за поделба на земјата. Се оженил со Меропа, ќерка на Кипсел од Аркадија. Од неа, меѓу останатите синови, го имал и најмладиот Епит. Кресфонт владеел во прилог на народот и бил омилен, па поради тоа се побуниле богаташите и го убиле кралот и нивните синови, освен Епит, кој престојувал на дворот на својот дедо Кипсел. Со помош на Аркадјаните, Епит завладеал со Месенија и ги казнил татковите убијци и нивните помагачи.

Третата група Хелени на чело со Аристодем, ја освоила Лаконија, а тој станал крал на Спарта и ги населил Хелените-Спартанци. Неговата сопруга Аргеја ги родила близнаците Евристен и Прокел. Аристодем умрел веднаш по раѓањето на децата, а Спартанците двете момчиња ги избрале за кралеви, бидејќи така им наредила Питија од Делфи. Кога пораснале, иако биле родени браќа, цел живот не се сложувале, а исто така ниту нивите потомци. Херодот15 наведува дека „Спартанците... и останатите Хелени говорат дека овие дорски кралеви сė до Перзеј биле Хелени и при тоа се повикуваат на тоа дека тие веќе во тоа време биле именувани како Хелени.“ Во натамошнот опис, Херодот истакнува дека Перзеј бил Асирец, као и неговите потомци кои никако не биле Хелени, туку, како што и самите Хелени мислат, биле Египѓани. 

15  Херодот, Историја, VI, 53, Матица Српска, Београд, 1988. 

Четвртата група Хелени, под Алтеовото водство, ја зазела Коринтската област, протерувајќи поголем дел од еолските и ахејските племиња. Потоа завојувале со Атињаните, за време на митскиот крал на Атина, Кодро, Мелантов син, од еолско потекло од Панонија. Кодро е убиен под градската капија. Го наследил постариот син Медонт, додека помладиот Нелеј ја напуштил Атина и, на чело на Лапитите и Ахејците-Јонци, отишол во Мала Азија каде го населил јонскиот Додекаполис. Традицијата ја датира Кодровата смрт во 1091 или 1088 година пред Христа.

Хелените никогаш не успеале да ја поробат планинската Аркадија во централниот Пелопонез. Аркадјаните биле староседелци, Пелазги, и биле горди на своето потекло и вечната слобода. Нападите врз нив често ги преземале Спартанците и секогаш „лошо поминувале на мегаднот со Тегеанците..“16 „... Кога подоцна Дорците ги протерале сите жители на Пелопонез, исчезнале и овие (Данаевите од Египет) мистерии, а сочувани се на Пелопонез само кај Аркадјаните, кои не биле протерани.“17 

16 Херодот, Историја, VI, 66, Матица Српска, Београд, 1988.

17  Херодот, Историја, II, 171, Матица Српска, Београд, 1988. 

По Пелопонез, Хелените ги освоите островите Тер, Мел, Род, Кос и Крит, каде биле Феничаните на Кадмо. На малоазискиот брег го заземале Аликарнас, кој што станал значаен центар за натамошните освојување во Памфилија и на Кипар. Индоевропските миграци на Балканот во XIII-XII век пред Христа довеле до егзодус и поместување на населението во сите правци, особено во правец на Мала Азија и југот на Италија. 

„Мрачното историско доба во Егеј“

Тажната судбина на бегалците од Микена и микенскиот свет од Пелопонез ја опишал логографот Хеланико (406 година пред Христа) од Лезбос.

Во истражувањето на микенскиот свет18 не се споменуваат машки робови, па се излвекува заклучокот дека при заземање на градовите од страна на Хелените машките биле ликвидирани, а жените со децата земани во рпство. Поради таквата катастрофа, дошло до назадување во светската цивилизација, до „мрачното историско доба“ во Егејот, кое траело околу 400-500 години за после него во културата да почне сė од почеток. Тој историски период е означен како „архаичен“ (архи-почеток). 

18  Chadwick J.: The Decipherment of Linear B, Cambrudge, 1967.

3ravПрвите чекори ги направил Хомер во VIII век пред Христа и Хесиод во VII век пред Христа. Со доселување на борбените, но слабо „цивлизираните“ Хелени, дошло до разорување на поранешните општествени структури и популации, до хеленизација на Пелопонез.

На просторите каде се населиле Хелените, забележано е значително назадување во сите области на животот и враќање на обичаите од првобитните заедници.19 Физичкото обликување на хеленските заедници во преодниот период зависело од географските, економските и од општествено-политичките услови. Со време, политичкиот облик на заедниците се изразувал со поимот „полис-кратос“ – град-држава. Хеленските центри на полис-државите, кои дале печат на историскиот развој на Пелопонез, биле Спарта, Атина во Атика, која што сė до 405 година пред Христа одолевала како мултинационална и мултикултурална заедница, и феникијската Теба во Беотија. Во Тесалија, Македонија и на Епир, дури и во класичните времиња, пеовладувале кралевства. 

19  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 55, Hiotelli, Athinai, 1972.

Во Арголида на Пелопонез, каде опстанале и староседелците, како тиранин владеел Фидон (Feidönos), кој војувал со Спартанците. Херодот20 изнесува дека Фидон на Пелопонез вовел строги мерки и стегања и силно им се замерил на сите Хелени, со тоа што ги протерал елејските судии од Олимпија и што сам организирал олимписки натпевари во 776 година пред Христа. Фидон бил потомок на хеленските Темениди и по неговат смрт влијанието на Арг опаѓа, а првото место во случувањата на Пелопонез и пошироко го зазема Спарта.  

20  Херодот, Историја, VI, 127, Матица Српска, Београд, 1988.

Спарта – град-држава на Хелените

Постојат многубројни извори за изучување на историјата и активностите на Спартанците, од преселбата на Хелените на Пелопонез сė до Пелопонеската војна помеѓу Атина и Спарта. Тоа се делата на Херодот, Плутарх, Ксенофон, Паусаниј, Страбон, Тиртеј, итн. до современите научни историчари.

Најголем дел од Хелените се спуштиле до Лаконија, по западниот брег на Пелопонез, и ја зазеле плодната рамнина помеѓу Парнон (1935 м) и Тајтег (2437 м), која ја пресекува реката Еврот. Освојувачите најголем отпор доживеале кај стариот град Амикл, кој имал силна тврдина основана уште за време на Лелешките доселеници на кралот Амикл, Лакедемониов син. Со освојување на Лакедемонија, Хелените ги претвориле староседелците во робови (хилоти), им го забраниле нивниот јазик, а хеленскиот јазик станал владеачки – официјален јазик.21 

21  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 52, Hiotelli, Athinai, 1972.

Северно од Амикл, каде бил таброт на освојувачите, Хелените го основале градот Спарта. Хелените кои подоцна живееле во околината на Спарта го добиле името „периоикои“ и тие опфаќале околу 100 села во Лакедемонија. Тие биле слободни граѓани и биле обврзани да служат војска, но не во воена обука и во командата на војската.

Робовите биле обврзани да ја обработуваат земјата, да ја снабдуваат војската и останатите Хелени со сите логистички потреби. Така, Спартанците биле ослободени од грижите на секојдневиот живот и целото нивно внимание било  насочено кон формирање на силни воени сили. Поради тоа во Спарта немало политички и сталешки судири и многу истражувачи истакнуваат дека таа претставувала најголем воен логор, со освојувачки и агресивни намери.

Бидејќи се опоравиле од големите загуби што ги претрпеле во војните со Тегеанците, тие за време на кралот Леон (околу 600 година пред Христа) во другите војни имале среќа. Меѓутоа... „они живееле под најлош устав... и, најпосле, дошле до одличен устав кога Ликург станал законодавец...“22 Тоа Ликург го средил додека бил старател на Леобот, својот внук, спартански крал. Донел устав од Крет, од градот Горта (Gortis), каде се негувало граѓанското право уште за време на Миној. Херодот за тоа натаму продолжува: „Штом станал старател, вовел нов устав и се грижел тој да не биде прекршен. Покрај работите важни за воените вежби на воените единици, реони и јавни мензи, им поставил Ликург и ефори и сенатори, таканаречени геронти.“ 

22  Херодот, Историја, I, 65, 66, Матица Српска, Београд, 1988.

Продолжува

Пишуваат: 

4lidijaАКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1Slave Katin 2СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.