Среда, 09 Декември 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (50)

1peoБУДИНИ, СИГИНИ, СИНГИ, ТРИБАЛИ, ДАРДАНИ И ПЕОНИ 

Будини

За скитското племе на Будините, Херодот22 вели дека тоа е едно големо племе и ги има многу на број, а имаат светло сини очи и костенлива коса. Будините биле староседелци и сточари. Нивната земја била шумовите, окружена со мочуришта, обрасната со трска, богата со видри и дабари, од чија кожа ги правеле своите кожуви. Кога Персијците навлегле во земјата на Будините, наишле на дрвен град и го запалие, бидејќи Будините го напуштиле и во него никој немало. Етнонимот Будини потекнува од сложен ПБГ збор ’бус’ – бик, вол и зборот ’дини’ – талка, скита, т.е. говедари. 

22  Херодот, Историја, IV, 108, Матица Српска, Београд, 1988.

Сигини

Меѓу Скитите во Панонија, Херодот23 го вбројува уште и племето Сигини (сигинес – трговец). За ова, тој вели: „... Единствените за кои бев во можност да дознаам дека живеат преку Истра се луѓето на кои името им е Сигини, а кои се облекуваат како Меѓаните... Земјата им се протега до Енет на Јадранот. За себе велат дека се доселиле од Медеја, ама како од таму се доселиле, не бев со состојба да објаснам. Тоа сето можело да се случи во долг временски период.“

23  Херодот, Историја, V, 9, Матица Српска, Београд, 1988. 

Синги

Сенц24 под етнонимот Синги-Сингејци го наведува народот на Атос во Македонија, додека под името Сингос постои, исто така, град во Македонија, на западниот брег на Сингитскиот залив (Sinus singiticus), на денешната главичка? на Сикиј, полуостровот Ситоија на Халкидики. 

24 Senc, St.: Grčko-Hrvatski rječnik, s. 841, Kr. zemaljska tiskara, Zagreb, 1910.

Наведените ономастики упатуваат на хипотезата за наводен келтски етноним Белград под името Синги-дунум. Дали потекнува од скитскиот етноним Синги од просторот на Панонија или од античкиот етноним во Македонија Синга, кога Скитското племе Синги од Македонија „... кои се облекувале како Меѓани..“ стигнале на устието на Сава во Дун-ав и му го дале својот етноним Синги-дун-ум на Белград? Дали подоцнежните лингвистичи промени во келтскиот и латинскиот јазик го искристализирале името дом-донус во Дунум, па на крај имаме Сингидунум како тврдина на Синги или Синги-дун-ав како Синги на Дунав?

Можеби и името Кале-мег-дан не е од турско потекло, туку потекнува од палеобалканската глосологија: кале-мег(ас)-дан (Danoubius), што во дескрипција значи голем убав Дунав, т.е. Видиковец или Панорама. Дан е буколичка форма на богот Диос, односно Зевс, што е антропоморфизам за теонимноста на Дунав и целиот негов хидролошки систем. Мегас или магнус е голем, силен, знаменит, возвишен. Турското име за Калемегдан било Фиќир баир, што значи ’брег за размислување“. 

Трибали

Херодот25, опишувајќи ги притоките на Дунав (Istar), ја споменува Трибалската рамнина: „... Од Илирија тече кон север реката Ангро (Дрина) и се влива во Бронг (Сава), во Трибалската рамнина, а Бронг се влива во Истар...“ 

25  Херодот, Историја, IV, 49, Матица Српска, Београд, 1988.

Трибалската рамнина е сегашна Шумадија, област во Србија помеѓу Сава, Дунав, Западна и Велика Морава, а на исток го опфаќа Поморавјето, а од бугарската страна се протега до Оксиос, сегашната река Искар.

Етнонимот Трибали потекнува од ПБГ каде Ба и Баал значи крал, што значи дека Трибалите имале три кралеви.

Дали тоа се однесува на трите крала кои ги родила кралицата Ехидна со Херакле: Скит, Агатирс и Гелон или тоа биле кралевите Ба-силеуси: Банат, Бачка и Барања, т.е. Војводина?

За Трибалите пишува и Тукидид26 како слободно племе. Тие се бавеле со лов, риболов и лозарство, а биле пијаници. Во 424 година пред Христа, го победиле одринскиот крал Силтак, кој во бојот загинал. Трибалскиот крал Сирм (сирмос – виор), во 339 година пред Христа војувал со Александар Македонски на едно големо острово на Дунав (верјатно на Ада-Острово, помеѓу Морава и Млава), во време на неговите северно-балкански операции. Тогаш Трибалите биле победени и изгубиле околу 300 војници. Кралот Сирм е епонимен херој на римскиот град Сирмиум, сегашна Сремска Митровица. 

26  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. II, 96, IV, 101, Дерета, Београд, 1991. 

2peo

Географските имиња во источниот дел на Шумадија-Трибалската рамнина, како што се реката Ресава, селото Ресавица и Ресавската пештера, ја чуваат традицијата и народното  памтење за митилошкиот крал Рес (Ресос). Хомер,27 Рес го именува тракискиот крал, Ејонеевиот син. Тој, во десеттата година од Тројанската војна, дошол со Тракијците на помош на кралот Пријам како силен јунак, вооружен со златно оружје и со коњи побели од снег. Рес истиот ден бил убиен, а неговите останки вратени во родната Хилеја и погребани во мала пештера. За Ресовото богатство, Хомер28 пее: „Кај него видов многу убави и големи коњи, што се побелиод снег, во трчање слични на ветрот. 

27  Хомер, Илијада и одисеја, X, 435, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

28  Хомер, Илијада и одисеја, X, 436, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Украсена е со злато и сребро неговата кола, носи оружје златно и големо, право е чудо оружјето да се види тоа; не доликува на борците смртни да се вооружуваат со такво.“ Рес станал тракиско божество, сроден на тракискиот Коњаник, кој лови по шумите и планините и како полубог живее во пештерите на со сребро богатата Хилеја.

За Рес славниот трагичар Еврипид (485-406) од Саламина, напишал трагедија. Ресовиот култ за тракијскиот херој-коњаник и за подунавскиот јавач се пренесува од митот во средниот век, сė до свети Ѓорѓе и Марко Крале. Неодамна, во пештерите на источна Србија пронајдено е пештерско сликарство, црежи на коњ и на јавач, кои што настанале во периодот помеѓу XV-VIII век пред Христа.

Местото и моќта на трибалската аристократија се разоткиваат со помош на археолошки наоди. Особено во таа смисла на зборот се наодите од гробницата Хисар кај Лесковац и други места во Србија, потоа во Бугарија, во градот Врац и ризницата од селото Рогозен кај Врац, од IV век пред Христа, која содржи 165 скапоцени садови.   

Дардани

Меѓу старобалканските племиња се вбројуваат и Дарданите. За нив меѓу античките писатели постојат контрадикторни податоци. Нивниот етноним се поврзува со дарданските племиња Скити, Илирите и за Дарданелите. Информациите за Скитскиот Дардан постојат од Аполониус Родиус (295-230 пред Христа) во Аргонаутиката29 и од Диодорус Сицулус (90-20 година пред Христа) во Библиотека30, каде се наведува дека крал на дарданските Скити на Балканот бил Дардан. Неговиот антропоним е од скитско-словенско потекло, од сложениот збор: дар-подарок и дан-дану – Дунав-Диос, т.е. Подарок од богот Диос-Божидар. 

29  Аполониус Родиус, Аргонаутика, II, 178

30  Diodorus Siculus, Bibliotheca historica, Fr. Vogel, IV, 43, Leipzig, 1896.

3peo

Дардан имал ќерка која се викала Идеја (основа: идеја – гора, шума, т.е. Горица) која се омажила за Финеј, моќен крал на тракијскиот Салмид, на бреговите на Мраморното Море и Босфорот. По Идеино наговарање, Финеј ги ослепел синовите од првиот брак и ги фрлил, заедно со нивната мајка Клеопатра, в зандана. Клеопатрини синови биле Плексип и Пандион.

Клеопатра била Бореина ќерка, сестра на Бореадите (Македонците), близнаците Калеј и Зет. Кога Аргонаутите, на пат за Колхида, стигнале на Финеевиот двор, кралот им ја раскажал својата жалосна судбина, дека го ослепел Зевс, бидејќи го злоупотребил своето знаење за претскажување што му го подарил Аполон и дека страшните Харпии, кои му ја грабаат и загадуваат храната, му ги загорчуваат деновите и животот и побарал помош. Бореадите ги трогнала Финеевата сторија и кога Харпиите јурнале кон поставената трпеза, Калеј и Зет ги нападнале со мечевите и засекогаш ги протерале од Тракија.

По гозбата што им ја приредил кралот, Бореадите слушнале повик за помош на момчиња од некоја зандана, кои секојдневно биле камшикувани. Бореадите пришле на занданата и ја ослободиле својата сестра и внуците. Следејќи го Хераклевиот совет, Идеја е вратена на својот татко во Скитија и таму Дардан сам ù пресудил на својата ќерка.31 Според Ератостен, походот на Аргонаутите бил во 1225 година пред Христа. 

 1  Diodorus Siculus, Bibliotheca historica, Fr. Vogel, IV, 44, Leipzig, 1896.

Меѓутоа, првите релијабилни податоци од историски аспект за балканските Дардани, потекнуват од втората половина на V век пред Христа, во врска со македонските воени активности на Балканот. Археолошките наоди и лингвистичките истражувања на Косово, Скопската котлина и јужното Поморавје упатуваат на етногенезата на Дарданците. Денес се познати околу триесетина населени места кои што ја претставуваат неолитската култура на Централниот Балкан и во Егејот помеѓу 5500-4500 година пред Христа.32 

32 Срејовиќ, Д., Цермановќ-Кузмановиќ, А.: Речник грчке и римске митологије, с. 191, СКЗ, Београд, 1992.

Лингвистичките истражувања на ономастиката на овие простори упатуваат на тоа дека таа припаѓа на палеобалканската глосологија, архетипската култура на Дунавската цивилизација, каде хидронимскиот систем на Панонија го претставува теолошкиот систем на боговите на Олимп.

Од ова може да се заклучи дека Дарданите се етнички и културно сродни со народите на Централен Балкан, како што се Мези, Трибали, Пеонците и Линкести. Во антиката, Дарданија била област во денешниот Космет и во Прешевската и Скопската котлина.

Пеони

Меѓу праисториските народи на централниот дел на Балканот се вбројуваат и Пеоните, а нивната земја се викала Пеонија.

Родоначалник на Пеоните и нивен крал е епонимниот херој Пеон (Paiöн). За неговото потекло постојат две верзии. Според Апиан,33 Пеон е Посејдонов и Хелин син, брат на Едон и Аломпиј, татко на Скордиск иТрибал, или Аутариев син и Илиреев внук. Кај Хомер, Пеон е Лекар на боговите, според кого лекарите на воените херои се викале Пеониди, а иста придавка имале и Аполон и Ескулап. Името Пеон како божество се споменува многу рано, уште околу 1400 година пред Христа, на глинените таблички испишани со линеарното Б писмо.34  

33 Аппиан, Hist. Illyrica, II, 1, 346.

34 Ventris, Shadwich, 1956, 122.

Според Паусаниј,35 Пеон има лапитско потекло и потомок е на Хиперборејците, преку кралевите Елид, Ендимион, Оксил, Аугиј, Актор, Хемон, Тоант... сė до Лапит. Имено, кралот на Елида на Пелопонез, Ендимион, ги имал синовите Епеј, Етол и Пеон. Бидејќи Епеј ги победил своите браќа во Олимпија, таткото го одредил за наследник. По неговата смрт, Етол станал крал на Илида, додека Пеон отишол во Македонија, во „земјата преку Аксиј (Вардар) и според него е наречена Пеонија.“ 

35  Pauzania, Perrigissis tis Ellados, V, 1, 3, (прев. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.

Продолжува  

Пишуваат: 

1slave 2АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1slave 5СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Виктор Грозданов: Царот е гол!

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја успеа да се пласира на светското првенс...

Историја

News image

Словенското писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, зашто сме Македонци (1846 година)

„Да се знае кога  селаните од моето родно с. Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител ...

Иселеници

News image

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Култура и туризам

News image

Одење по невестата во Зубовце

Во неделата наутро, младиот девер, со зојачката карта и со тапаните оди да ги покани кумот и старосв...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (56)

ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ „ХЕЛЕНИЗАМ“ И „МАКЕДОНИЗАМ“

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.