Среда, 02 Јуни 2021   
ДОКАЗИ ДЕКА ПРЕДИСТОРИСКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ (13)

1ale12

Горе изнесеното е во согласност со независните резултати од истражувањата во Република Македонија кои не само што ја потврдуваат, туку и ја зацврстуваат идејата дека предисториските Македонци припаѓале на истата група словенски Венети.

На ова место, без оглед на тоа кои точно биле предисториските Македонци (повеќе за ова понатаму), има два важни факта кои излегуваат на површина:

1. Предисториските Македонци не биле Грци.

2. Како и современите Македонци денес, така и предисториските Македонци говореле словенски јазик.

А, сега за скептиците! Бидејќи и јас сум скептик, нема сомнение дека постојат оние ќе најдат дека е тешко да се поверува во ова. Она на што не учат уште како мали и што е зацврстувано со постојана изложеност на истото, станува блиско и удобно. Но, понекогаш, во контекст на нови докази, мора да останеме без нашата удобност и да почнеме да се соочуваме со фактите. Сакаме да Ви кажеме дека внимателно ги испитувавме преводите на Антони Амброжич и мора да признаеме дека брилијантно се направени.

Амброжич е мајстор за поедноставување кој ја користи методологијата на звукот за да ги направи преводите. Убедени сме дека неговото дело е генијално и ги покануваме сите скептици самите да го проучат и испитаат истото. Тие, исто така, би требало да ги проучат и делата на Васил Иљов, Јошко Шавли, Матеј Бор, Иван Томажич и Антон Скербинц за самите да пресудат. (Видете го делот за литература и вебстраниците на Интернет).

До X век пред Христа имало мала група народи кои живееле во регионот помеѓу денешниот Костур и Лерин кои се претставувале како Македонци. Големите војни од бронзеното доба го опустошиле регионот, а Македонците се нашле опколени и притиснати од поголемите племиња. Големите нарушувања на Исток предизвикале  преместувања на населението во регионот, така што во македонските земји се уфрлувале освојувачи.

Изгледа дека Македонците станале нација, т.е. народ од ист ентитет по големите војни кога колективно започнале да работат заедно за единство и за одбрана на нивните мали кралства. Заплашувани од постојаните упади, малите групи луѓе колективно се бореле да ги одбијат нападите од своите соседи кои тие повеќе не ги сметале од свој сој. 

1ale123Древни Македонци

Кои биле Македонците пред да станат нација? Еве што има да понуди конвенционалната, вообичаената историја. “Како етничко прашање, тоа најдобро се одбегнува, бидејќи главните современи политички дополнителни значења имаат тенденција да го скријат фактот дека тоа навистина не е важно прашање. Дека тие можеби биле, или можеби не се Грци, во целина или делумно – иако е интересен антрополошкиот споредбен податок – навистина не е од круцијално значење за нашето разбирање на нивната историја.” (Стр. 96. Еуген Борза, Во сенките на Олимп, Појавувањето на Македон). Имамe големо почитување за делото на Еуген Борза, но не се согласувамe со неговата проценка.

Тековната теорија е дека предисториските Македонци настанале од мешавината народи кои го зафаќале малото македонско предисториско кралство. Помеѓу нив биле племињата на Пелазгите, Илирите, Тракијците и Фригијците. Народот кој ги сочинувал Македонците во X век пред Христа порано припаѓал на централноевропското семејство на протословенските Венети. Не можевme да најдeme многу информации за Пелазгите, освен оние од Херодот, кој тврди дека тие зафаќале делови од Македонија и делови од старите градови-држави дури пред појавата на Атињаните.

Пелазгите биле една од автохтоните група народи од индоевропската ера кои Херодот ги нарекол варвари кои зборувале варварски јазик. Подоцна, иако некои Пелазги живееле меѓу Атињаните, тие биле сметани од страна на Атињаните како неатинска варварска раса која е домородна, т.е. автохтона во регионот. (Херодот: од Историја /The History, 430 BC, I.56-59/).

Земајќи го предвид фактот дека тие не зборувале на јазикот на Атињаните и фактот дека на нив се гледало како на варвари, иако некои од нив живееле во Атина, тогаш е сфатливо дека Пелазагите им припаѓале на поголемо семејство Индоевропејци, на протословенските Венети.

Легендата вели дека првите Фригијци се населиле во географска Македонија многу оддамна (во третиот милениум пред Христа). Фригијците (или Бригите како што им се познати на Македонците) живееле и се мешале со македонскиот народ со векови пред нивните миграции во Анадолија. Додека живееле во Македонија, се верува дека основале свој главен град во Воден (Едеса) и културно и лингвистички се мешале со локалните населенија од регионот. До IX век пред Христа, Фригијците станале кралство во Анадолија со центри лоцирани во градовите Гордиум и Мидас /Gordium и Midas/. 

1ale124Гордиевиот јазол 

“Старофригискиот јазик доаѓа до нас од мал број нефрагментирани натписи на камен во ракопис, кој по неколку карактеристики е сличен на оние и во азбуките на Пелазгите, Етрусканците и на Венетите. Иако старофригијската и грчката азбука имаат поголем број исти букви, старофригијската содржи половина дузина симболи на букви што ги нема во грчката азбука. Според тоа, произлегува дека двете азбуки ги влечат своите корени од еден заеднички извор, а секоја ги адаптирала главните симболи кон она што нивните фонетски потреби наложувале”. (Стр. 23, Антони Амброжич, Гордиевиот јазол одврзан, Торонто: Cythera Press, 2002). 

Во неговата анализа, Амброжич, без многу потешкотии, успева да ги преведе натписите на старофригијски јазик, користејќи ја истата методологија за превод на натписите на протословенско-венетскиот јазик, најдени во денешна Франција. “Иако јазикот на старите Фригијци изгледа дека е од нешто постар ков во матрицата на раниот старословенски јазик отколку од ковот на славенитскиот од Гарлија /Slavenetic of Gaul/ (античка Франција), има многу зборови кои им се заеднички”. (Стр. 4 Антони Амброжич , Гордиевиот јазол одврзан). 

 “Грчката традиција дека миграцијата на Фригијците во Анадолија во XII век пред Христа, што започнала од Македонија и Тракија, се темели врз друго тврдење што  често може да се сретне, имено дека и двата нивни северни соседа зборувале ист јазик.” (Стр. 58, Антони Амброжич, Гордиевиот јазол одврзан). Со други зборови, според античките Грци, и Фригијците и Тракијците зборувале на еден ист јазик за кој денеска е потврдено дека има словенско потекло.

Во заклучокот од неговата книга “Гордиевиот јазол одврзан”, во однос на неговите резултати од истражувањето за Фригијците, Амброжич (делумно) не остава со следниве зборови: “Тие се доволни да ни дадат увид во етосот на нивната култура и духовноста која ја раководела истата. Пред се’, излиени во камен, пасусите ни даваат чист отпечаток на почетниот старословенски јазик на кој се зборувало на платото на Анадолија пред 3.200 години”. (Стр. 118, Антони Амброжич , Гордиевиот јазол одврзан).

Илирите на запад и на исток од Македонија биле племенски народ под раководство на племенски врховни команданти. Се верува дека го населиле Балканскиот Полуостров во крајот на бронзеното доба, околу средината па до крајот на вториот милениум пред Христа.

Илирите биле носители на халстатската култура (the Hallstatt culture) – период во историјата кој ја означува транзицијата од бронзено во железно доба во Централна и Источна Европа. Од многуте објаснувања на кои наидовме во однос на потеклото на името на Илирите, најдовме дека следново е најинтересно: тие биле именувани како Илири поради тоа што го обожавале Илиј (Iliy), нивниот бог на сонцето. (Стр. 56, 15 јули 2000, број 578 Македонски магазин).

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Поддршка од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и државата

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, ...

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.