Среда, 28 Јули 2021   
ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

1mkd123Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Балканот од персиските инвазии, со време се претворило во Атинска Империја. До втората половина на 450 година пред Христа, Атина го експлоатирала регионот за нејзини лични економски и воени интереси.

Истовремено со Александровата смрт, Атина им се вратила на своите интереси на север и почнала да увезува повеќе доселеници. Нејзините планови биле да ги насели северните и источните брегови на Термичкиот Залив /Thermaic Gulf/ во близина на делтата Вардар-Галик /Galik/.

Тоа навистина бил смел потег бидејќи нејзиното крунско достигнување не се материјализирало до формирањето на Амфипол /Amphipolis/ во 437 година пред Христа. Не можевме да најдеме никакви иформации а македонската реакција на тоа, но убедени сме дека Пердика, исто така, не бил среќен.

Не е познато дали Пердика бил пријател на Атина пред ова, но потоа тој сигурно станал непријател. За да бидат работите полоши, Атина започнала кампања против Пердика со тоа што отворено ги поддржувала неговите непријатели, вклучувајќи ги побунетите фракции во рамките на неговото сопствено семејство. Влогот за Македонија бил голем. Атина била моќна империја, премоќна да биде воено предизвикана.

Освен тоа, Атина била добар муштерија за македонската дрвена граѓа и (црна) смола – муштерија кого Пердика не можел да си дозволи да го изгуби. Ако ништо не направи, Пердика би можел да ризикува да ги изгуби рудниците Дисорон, нешто што, исто така, не можел да си го дозволи. Атина, од друга страна, можела да профитира со тоа што ќе ги добие рудниците и можела да изгради своја сопствена индустрија за дрвена граѓа на македонска земја ако Пердика не сторел ништо да ја запре.

Како што се покажало, Атина немала намера да започне војна со Македонија. Наместо тоа, таа верувала дека со поддршка на побунетите фракции во рамките на династијата Аргеад, таа би можела да го држи Пердика дома зафатен, и тоа премногу зафатен, за да ги забележи атинските упади во  басенот на реката Струма, каде што таа се надевала да изгради нејзина сопствена индустрија за дрвена граѓа. Поради ваквото предавство на Атина, Пердика се соочувал со побуни и немири во текот на две декади. Премногу слаб за да преземе било што, им дозволил на Атињаните да продолжат непрекинато да го населуваат регионот.

1mkd1234Хераклеа Линкестис

“До 432 година пред Христа, Пердика и Атина не се согласувале и нивното непријателство довело до отворање на северните плотуни на Пелопонеската војна. За да се соочи со атинската политика усмерена против неговиот трон, Пердика, осетлив на настаните кои се наталожувале во Грција, се обидел да започне една општа војна со инволвирање на Атина во непријателствата против Пелопонежанците, особено против Спарта.

Ги охрабрил Коринтјаните да го поддржат револтот на нивната лојална колонија Халкидики /Chalcidic/ во Потида /Potidaea/, која била даночен обврзник на Атина барем од 446/5 година и тој го предизвикал востанието против Атина кај Халкидијците и Ботиеканци /Bottiaecans/. Тоа претставувало агресивна надворешна политика и за чудење е како Пердика се надевал да ја поддржи истата со сила.” (Стр. 141-142, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990 година).

Како што можело да се претпостави, реакцијата на Атина била брза и решителна. Во почетокот на летото, во 432 година пред Христа, Атињаните испратиле ударна војска да го нападне Пердика и да го задуши востанието. Кога пристигнале, Атињаните сфатиле дека нивната сила е премногу слаба да ја изврши задачата. Тие запомниле што им се случило последниот пат кога се судриле со Тракијците. Разумно, никаква битка не отпочнала.

Атинскиот командант побарал засилување и кога тоа стигнало, им се придружиле на побунетите Македонци надевајќи се дека ќе го отсечат Пердика од Халкидики. Знаејќи дека не може успешно да ги ангажира, Пердика ги убедил своите сојузници да ги напуштат своите одбранбени позиции и да побегнат во планините. Иако била на сигурно, во планините, Македонско-халкидиската коалиција се’ уште не можела да и’ парира на зајакнатата атинска војска, но за среќа, времето било на нивна страна.

Засегнати за своите сопствени интереси, Коринтјаните интервенирале така што испратиле војска да ги нападне Атињаните. Во контекст на овој противнапад, Атина се откажала од своите планови и наместо да го нападне Пердика, таа му се обратиле нему за помош. Но, тоа било само уште едно предавство што Атина го смислила за да ја растури македонско-тракијската коалиција. На крај, Атина, навистина, победила, ама одвај. 

1mkd1235Олимп

Атина го свртела своето внимание кон задушување на востанијата на Халкидики и го оставила македонскиот крал сам. За жал, несигурниот мир имал своја цена. Пердика бил принуден да ги напушти своите сојузници и да ја повлече својата поддршка што ја давал на Халкидики. Поради неговата соработка и поради неговото ветување дека ќе ги штити интересите на Атина на север, Атина ги вратила окупираните земји кај Терма /Therme/ и ја повлекла својата поддршка што им ја давала на побунетите фракции во семејството на Пердика.

Ваквиот несигурен однос меѓу Македонија и Атина не траел долго. Во 492 година пред Христа, Атина повторно се подготвувала да ја нападне Македонија, овојпат со помошта на Тракијците. Во исто време, Атина го притискала Пердика на отстапки, со тоа што се спријателувала со врховните команданти на тракиското племе со убави подароци и искажувајќи големо почитување.

Атина планирала да направи Тракијците да ја нападнат Македонија од север, а нејзината флота да нападне од југ. Тракијците навистина направиле како што се очекувало и се појавиле зад Родопските Планини, навлегле во Македонија и напредувале кон долниот дел од Вардарската Долина.

Бидејќи биле помалубројни, Македонците избегале во планините и повторно се групирале на своите традиционални упоришта. Борза верува дека таа последна промена во однесувањето на Атина кон Македонија била провоцирана од тајните односи на Пердика со непријателите на Атина – со Пелопонежанците. (Стр. 146-147, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990 година).

1mkd1236

Овојапат, Атина била решителна да ја уништи Македонија и еднаш засекогаш да се ослободи од тие наметливи Аргеади, но околностите, сепак ќе ја лишат од таа победа.

Додека Тракијците напредувале кон Ега, прилично бројна коњаница од западна Македонија пристигнала точно навреме за да ги одбие. Војската не била доволно силна да ги совлада Тракијците, ама таа доволно ги заплашила за да го запрат нивното напредување. Иако не се развила никаква битка, нападот на Тракијците бил спречен. Проблемите дома ги спречиле Атињаните да испратат флота, така што нападот од југ никогаш не бил реализиран.

 Со Тракијците кои скитале по македонските низини, Пердика знаел дека ќе нема лесно решение, па затоа прибегнал кон дипломатија и им понудил на Тракијците мирољубив излез. За да им покаже дека е искрен, понудил брак меѓу неговата сопствена сестра Стратоница /Stratonice/ и внукот на еден од тракиските врховни команданти.

За жал, проблемите на Пердика не завршиле. Една нова закана почнала да се појавува, овојпат внатрешна, од самата Македонија. Не можевме  да најдеме никакви информации кои подробно го опишуваат проблемот, но во 424 година пред Христа кралот Архабеј /Arrhabaeus/ од Линкестија /Lyncestia/ (битолско-охридски регион) му станал непријател на Перкика.

Неспособен сам да го совлада, Пердика побарал помош од Спартанците кои, пак, очајно барале сојузници на север. Здобивајќи се со помошта на еден тесалиски пријател, Пердика бил во можност да обезбеди премин за 1.700 спартански пешадијци преку Тесалија. Кога Атина го насетила тоа, таа веднаш реагирала со тоа што ги прекинала односите со Македонија и пратила засилувања кон нејзините колонии на Халкидики.

Се уште очајни да стекнат сојузници, Спартанците, кога пристигнале во Линкестија, наместо да го нападнат Архабеј како што се договориле со Пердика, побарале од него да стане сојузник на Пелопонез. Бидејќи му било дадено да избере помеѓу борба со Спартанците или да им се придружи, Архабеј го избрал ова последново и се согласил да финансира дел од спартанскиот напад. Архабеј бил привремено поштеден, но Пердика не бил задоволен од исходот.

Ослабени на северните граници, Спартанците го истуриле својот бес така што ги опустошиле атинските градови и воените бази, т.е. претстражи. Како резултат на тие средби, 81 Атина, во иднина, ќе ја преиспита својата политика во однос на смели потфати кон север.

Несреќен поради спартанскиот исход, Пердика се свртел кон Илирите кои биле повеќе од среќни за да го потчинат Архабеј. Но, откако пристигнале во Линкестија, Илирите се предомислиле. Наместо да го нападнат Архабеј, тие решиле да му се придружат и да го нападнат Пердика. Кога војската на Пердика го насетила тоа, војниците излегле од редовите и панично побегнале во планините.

Тогаш Пердика западнал во сериозна неволја. Освен Атињаните, Пердика сега имал уште тројца непријатели повеќе кои му се приблежувале на неговото кралство – Архабеј од север, Спартанците од југ и суровите слободни илирски борци. Што ќе стори Пердика?

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave6 СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Поддршка од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и државата

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, ...

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.