Среда, 18 Август 2021   
СЕМЕЈНИТЕ ОДНОСИ ВО МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА (24)

1agol1

За да се добие претстава која била таа жена, корисен е податокот дека мајка и’ била ќерка на линкестијскиот крал Архабеј, а нејзин татко бил Сирхас /Sirrhas/, илирски поглавар, односно племенски врховен командант. Евридика станала жена на Аминта III, со еден договорен брак од корист. Нејзината поврзаност со Птоломеј не е позната (можеби и бил љубовник?), но таа помогнала тој да дојде на власт.

Делата на Евридика, иако озлогласени, се врежани во историјата на македонскиот кралски двор како дела на жена со цврста волја и жена која сакала да владее.

Ќе се покаже дека, за разлика од нивните соседи на југ, Македонците покажувале почит и восхит кон своите жени и како водачи, и како рамноправни и дораснати. Всушност, Македонците многу се разликувале од оние на југ, кога станува збор за обичаите, културата и особините.

 “Македонците биле потполно здрав народ, обучени не од грчката атлетика, туку, како и Римјаните, од воената служба. Но, напоредно со тоа она што било позитивно, тие имале и многу груби навики, заради кои во очите на Грците изгледале како варвари. Ненаклонетоста била обострана, бидејќи Македонците израснале во една горда заповедничка нација која, со високо развиената национална свест, од високо гледала на Хелените со презир.” (Стр. 26, Урлих Вилкен, Александар Велики /Ulrich Wilcken/; превод на македонски јазик: Славе Николовски-Катин “Александар Македонски”).

Смртта на Александар изгледала како лесна победа за Птоломеј, но всушност факт е дека тоа не било така. Поврзаноста на Птоломеј со Евридика, позната како предизвикувач на нереди и осомничена дека ковала заговор за атентат на нејзиниот сопствен маж, го довела во неволја.

Иако Птоломеј бил легитимен наследник на престолот, начинот на кој тој го постигнал своето назначување вознемирил многу Македонци. Нови предизвикувачи му се испречиле на патот и наредните три години кралството живеело во немири и превирања.

1agol12

Еден од најсериозните предизвикувачи бил еден протеран Македонец по име Паусаниј /Pausanias/. Тој собрал мала војска и окупирал делови од централна Македонија. Неспособни да го протераат, Птоломеј и Евридика побарале помош од Атина. Желна повторно да добие влијание на север и надевајќи се повторно да добие пристап до Амфипол, Атина го прифатила предизвикот и му помогнала на Птоломеј да го протера Паусаниј надвор од Македонија.

Друг предизвик дошол од една фракција лојална на мртвиот Александар која побарала поддршка од Тебанците. Не губејќи време, моќните Тебанци извршиле инвазија на Македонија и го принудиле Птоломеј во несакан сојуз, наметнувајќи му повеќе услови на неговото кралство и земајќи уште повеќе заложници. Една добра работа што произлегла од овој сојуз било раскинувањето на македонските односи со Атина, ставајќи крај на атинските амбиции за Амфипол и за северот.

Птоломеј умрел во 365 година пред Христа, веројатно, убиен од Пердика, вториот син на Аминта III кој станал нареден владетел на Македонија. Кратко време откако Пердика III бил поставен за владетел на Македонија, го вратил својот помлад брат Филип од Теба. Филип, во тоа време, имал шеснаесет години.

Од спартанскиот пораз во 371 година пред Христа, тебанската сила била во пораст и до 365 година пред Христа била доволно голема за да ја предизвика атинската флота на море. Да се биде тебански сојузник под такви услови, имало свои предности. Во замена за македонската дрвена граѓа, Тебанците биле волни да обезбедат долгорочни гаранции за безбедноста на Македонија, како и за заштита на нејзините 91 гранични интереси, особено против атинското мешање во Амфипол.

Но, Атина воопшто не била планирана во таа дарежливост на Тебанците, па таа си имала свои лечни планови. Кога една силна атинска поморска војска се појавила во Термичкиот Залив /Thermaic Gulf/ и започнала да одзема македонски пристаништа и да го загрозува суверенитетот на Македонија, Пердика брзо и попуштил на волјата на Атина.

Кога бил информиран дека Теба ќе ја нападне атинската флота, Пердика повторно размислувал за поддршката на Атина и истата ја повлекол. Освен тоа, се вратил на поранешното спротивставување на желбите на Атина за Амфипол. Очекуваниот напад на тебанската морнарица, за жал, никогаш не се остварил, но тоа не го спречило Пердика да продолжи да им се спротивставува на Атињаните на секаков можен начин.

Тукушто војната почнала да се стабилизира на јужната граница, еден сериозен напад на Илирите се случил од север, вовлекувајќи ја војската на Пердика во втор судир. Со своите поделени сили, Пердика го издржал главниот удар на двата фронта. Неговата војска, добро обучена и опремена, можела успешно да се справи со предизвикот. За жал, среќата го напуштила Пердика и тој бил убиен во една од битките. Пердика III умрел во 360 година пред Христа, бранејќи ја својата татковина. Како и неговиот татко пред него, и тој го оставил кралството во безредие. Тогаш, останало неговиот помлад брат Филип да ги исправи работите и да ја среди состојбата.

Филип II го заменил својот брат Пердика III како владетел на Македонија во 360 година пред Христа. Филип бил потполно свесен дека за Македонија да постигне мир и економски просперитет, треба да се ослободи од надворешното влијание и од постојаните препирања и заткулисни борби. Филип, исто така, бил свесен дека тоа било можно само преку силна одбрана.

Наше убедување е дека историчарите погрешно го сфатиле Филип II. Имајќи ја предвид ослабеноста на неговото кралство и неговото искуство во еден свет на немири и метеж, единствената желба на Филип била поврзана со безбедноста на неговото кралство. Од неговите дела, а не од зборовите на други, можеме да видиме дека почетните  амбиции на Филип не биле освојувачки, туку одбранбени. Неговата идеја да постигне сигурност и мир била преку градење на една заштитна зона или тампон зона околу целото негово кралство. Она што го направило Филип да биде навистина голем, бил фактот што тоа го постигнал економично, за релативно краток временски период.

Само од неговите дела секој може да види дека Филип немал амбиција да ги “обедини” државите-градови, туку дека повеќе претпочитал да им ја искорени нивната желба да се мешаат во неговите работи. Филип знаел дека со уништување на способноста на непријателот да води војна, неговиот непријател нема повеќе да му претставува закана.

Од она што античките автори Диодор Ликул (Diodorus Liculus) ни го велат, Филип не бил обичен човек. Кога бил однесен како заложник во Теба, имал само тринаесет години, а сепак на толку рана возраст бил повеќе заинтересиран за работите на тебанската влада и војска, отколку да си игра со неговите врсници. На возраст од четиринаесет години, Филип ја проучувал опремата и тактиката на тебанската армија, вклучувајќи ги и елитните тајни групи. На осумнаестгодишна возраст, во 364 година пред Христа, му била дадена војска од Македонци за тој да им командува.

1agol13  1agol14

Амфипол

По смртта на Пердика, Филип бил повикан на македонскиот двор каде му била дадена функција водач на армијата. “Филип ги знаел Македонците како војници и тие го знаеле него кога го избрале не за крал (таа функција му била дадена на Аминта IV, малиот син на Пердика), туку како чувар и заменик на кралот како врховен командант.” (Стр. 58, Николас Г. Хамонд, Чудото што било Македонија).

Постои мало несогласување помеѓу Хамонд и Борза во однос на наименувањето на Филип. Борза (и други) верува дека Филип можел да биде именуван за крал, не чувар на Аминта.

 Во секој случај, Филип бил тој кој го презел владеењето од Пердика и кој ја подготвувал својата армија да го брани неговото кралство. Со Илирите, Пеонците, Тракијците и Атињаните, кои биле подготвени да нападнат секој миг, никој не можел да предвиди што се’ ќе се случи. Но, како што Диодор ни кажува, Филип директно се справил со сите прашања.

Првиот акт на Филип како владетел било да ги подмити Пеонците и Тракијците. Но, за да се справи со Атињаните, Филип морал да научи да го користи својот дипломатски шарм. Атина имала многу стара амбиција да го поседува Амфипол, а нејзините мотиви биле многу јасни. Повторно разуверувајќи ја дека нема да се меша во нејзините работи, Филип си купил време да продожи со реорганизирањето на неговата армија и со градење на неговата база за политичка моќ.

По неколку успеси во неговата реорганизација, Филип добил можност да ги тестира своите војници на дело. Во текот на летото 358 година пред Христа умрел пеонскиот крал и можноста да ја обезбеди северната граница сама му се појавила. Еден краткотраен поход на Филип му донел одлучна победа и безбедна северна граница.

Илирите, кои вршеле упади, биле следните на неговиот список и затоа им се обратил со предупредување да ја напуштат западна Македонија или тешко ним. Сместени на врвот од западните планинин на Линкус /Lyncus/, агресивните Илири биле уверени и сигурни дека ќе можат да си продолжат по старо и ги игнорирале предупредувањата на Филип. Всушност, тие биле толку сигурни во победа, така што на Филип му дале дури и противпонуда “мир или статус кво”.

На Филип не му било до забава и битката почнала. Со изедначени сили, Македонците храбро се бореле и ја десеткувале илирската војска, донесувајќи му на Филип уште една победа. “Противниците биле изедначени по сила; секоја страна имала по околу 10.000 пешадинци, со тоа што Македонците биле нешто подобри во коњаници, 600 наспроти 500. Повеќе од 7.000 лежеле мртви на бојното поле, според нашиот извор, Диодор (Стр. 202, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990 година).

Дали таа надмоќна победа била резултат на Филиповата супериорна воена обука, на неговата тактика или едноставно на преголемата увереност на Илирите? По наша проценка, од оваа временска точка, таа била комбинација од сите три причини. Таа победа против непријател од кого се плашела, не само што ја спасила Македонија, туку на Филип и на неговата војска им ја дала потребната сигурност дека може да се справат и со поопасни непријатели.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave6СЛАВЕ КАТИН

 

 

 

 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.