Среда, 10 Ноември 2010   
Струмичка околија 1913-1915 година (3)

Претходно е речено како е ослободена Струмица и нејзината околија во 1912 година. Најдобра слика за ослободувањето на овој крај дава Протоколната книга на Методистичкоевангелистичката црква во Струмица, во која, меѓу другото, е подвлечено: „Ослободителната војна имаше магично дејство среде Македонците.

Претходно е речено како е ослободена Струмица и нејзината околија во 1912 година. Најдобра слика за ослободувањето на овој крај дава Протоколната книга на Методистичкоевангелистичката црква во Струмица, во која, меѓу другото, е подвлечено: „Ослободителната војна имаше магично дејство среде Македонците. Со оружје в рака тие ги помагаа сојузниците и со тоа им ја олеонија задачата. Македонскиот народ зеде масовно учество во војната, бидејќи очекуваше таа да му донесе ослободување од турското ропство”.
Во овој, како и во некои други документи се споменува бројка од 100 илјади Македонци, ополченци и четници организирани од ВМОРО, пгго се бореле против Турците (се мисли на учесници од цела Македонија). Овој број изгледа голем. Меѓутоа, последното истражување на теренот покажа дека во овој број не се опфатени сите учесници од Македонита.
На 21 октомври 1912 г. една чета бугарски војници предводена од капетанот Алексиев влегла во Струмица. Наредниот ден во Струмица влегол и бригадниот генерал Атанасов. На пречекот на генералот, кога Сулејман Паша му ја подарил златната сабја, покрај народот, присуствувале: бугарскиот и грчкиот владика и турокиот муфтија. Во придружба на бугарските офицери се наоѓале и двајца српски офицери. Истиот ден во Струмица пристигнала и српска војска предводена од мајорот Никола Ст. Цоловиќ. Се настојувало кај народот да се добие впечаток дека и српските војоки, кои дејствувале заедно со бугарските, наводно придонеле да се ослободи Струмица.

Всушност, вистината била сосема поинаква. Бугарскиот генерал Атанасов бил далекувид и од самиот пречек заклучил дека Струмица и околијата веќе добро биле организирани и продолжил со продорот на неговите војски на југ кон Дојран, Кукуш и Солун. Тој не бил загрижен што Струмица ја остава под команда на српските воени старешини од три причини: прво, во Струмица и во околијата веќе била формирана организирана месна власт; второ, установил дека страстите за одмазда меѓу христијаните и Турците допрва треба да избијат на површина, а најверојатно немал интерес Бугарите да го водат евентуалното крвопролевање; и трето, за него и неговата команда поважно било бугарската армија прва да влезе во Солун.’”

Во Струмица, пред и во деновите на теророт, пред крајот на октомври и почетокот на ноември 1912 г. била востановена месна власт со која раководел Павел Шестаков, опкружен со ополченци, припадници на четите на ВМОРО и првенци од Струмица кои пред тоа се наоѓале во заложништво во турската казарма. На ист начин, месна вдаст била востановена и во сите населени места во околијата. Еве и неколку примери за тоа: во Ново Село меоната власт ја претставувале Коте Златин, Мите Нацин, Мите Јаков, Георги Маслиноки и други; во Костурино: Доне Карагогов, Петар Пеличев, Атанас Алапулов и др. (подоцна се масакрирани); во с. Петралинци: Христо Френков, субаша на бегов имот, Коста Христоманов, субаша на бегов имот; во с. Моноспитово: Атанас Ансаров, Дончо Алаџов, Атанас В’нков и други; во с. Дабиле: Јоваи Шабанов, Васил Милушев, поп Трајко, Наце Цветков, Мите Палазов и други; во с. Сачево: Мите Петрушов Пипераров, Атанас Арбаџиев, Панде Фрланов и други.

Христијанската власт располагала и со вооружена милиција. Секое населено место имало извршено мобилизација на мажите способни да носат оружје. Во Струмица никогаш пред тоа не постоела така организирана и вооружена градска и селска власт. Во зависност од големината и стратешкото значење на населбата бил одредуван и бројот на носителите на власта и на вооружвните луѓе. Васил Галев, еден од членовите на МК задолжен да ја прекинува телефонската врска меѓу Банско — Еднокуќево и Босилово со Струмица, тврди: „Селото ни броеше 45 куќи, семејствата беа големи од 15 до 25 члена, а од секоја куќа имаше по 2—3 и до 4 вооружени. По една до две пушки и бомби имавме и дома. Со Турците сл1етките на брза рака беа расчистени. Потешко одеа работите со прекрстувањето. Во Втората војна учествувавме сите зашто, тогаш, ако не сакаше да убиваш — ќе беше убиен.

По Втората балканска војна Струмица со околијата припаднала на Бугарија. По иселувањето на Турците и на гркоманите, бројот на населението значително опаднал како во градот, така и во населените места. На 10 август градот го напуштил првата група гркомани. Преселувањето е извршено со камиони, запрежни коли и со добиток. Иселувањето траело од 10 до 21 август. Вечврта на 21 спроти 22 август 1913 г. Грците го опожариле градот. Наредниот ден во пламен се нашле сите гркоманоки, турски и еврејоки куќи во Струмица. Пожарот траел се до 30 август, при што изгореле околу 1900 јавни, приватни куќи, дуќани и други објекти. Пожарот е задржан по барање на протестантскиот солунски мисионер Кунер, чие што барање го прифатиле грчкиот командант Ангелидис и офицерите Немолос и Јоанидис.

По опожарувањето на Струмица, во Грција се иселиле семејствата: Динчевци, Баковци, Габерци, Казанџици, ХаџиВелковци, Цинцевци, Козевци, Ризовци, Колчакци, Поцзеви, Колушковци, Караманолци, Мирчевци, Ризополци, Полинчевци, Гошо Грчев, Гаскарци и други. Иселеници имало и од селата: Велјуса, Мокрино, Збово, Мокриево, Колешино и од Габрово.

Иселвните турски, грчки и еврејски куќи и имоти ги запоседнале бегалци, кои доаѓале од Егејока Македонија, кои што виорот на војната ги одделил од родните опништа. Најмногу бегалци во Струмица и во Струмичко во август и свптемвриоктомври 1913 г. дошле од Кукушко, Дојранско и од Солунско. По воспоставувањето на границата во август 1913 г. па се до октомври 1915 г. во Струмица бегалци доаѓале секојдневно, а во некои денови приститнувале и по 1.000 до 1.500 и повеќе души. Само од Валандовска, Гевгелиска и Дојранска околија, вечерта на 2 опроти 3 април 1915 г., во Струмичка околија пребешале 6 до 7 илјади бегалци сосе семејствата и стоката. Според податоците добиени во анкетата, меѓу 1913 и 1915 г. од овие краеви во Струмица пребегнале 10 илјади луѓе, Македонци, Турци и други. Слична била состојбата и од правец на Радовишка, Штипска и од Малешевска околија. Така на пример, само во декември 1913 г. од подрачјето на Радовишка околија во една ноќ во Схрумица заедно со целокупниот имот и живата стока пребегнале сите жители од селата: Амзе Маале, Асанли, Ментешлија, Џами Маале, Папино и од Араклија. Во 1914 г. меѓу април и септември од Радовишка во Струмичка околија побегнале над 1.000 души, мажи, жени и деца, цели семејства од селата: Рајанци, Нивичино, Папавница, Долни и Горни Липсеиќ, Кснче, како и од далечните лакавички села: Гарван, Пиперово, Брест, Лесковица, Загорци, Скоруша, Калањево, Шопур, Калаузлија, Дамјан и од други места. Од територијата на Малешевска околија најмногу луѓе пребегнале во Струмица од селата: Ратево, Русиново, Владимирово и од Мачево. Од еден Извештај на окружниот пунктов началник на ВМОРО Коста Ципушев се гледа дека само во една ноќ во март 1915 г. од разни краеви на Македонија, во Струмица стасале 1.200 бегалци.
Податоците на известувачот се точни, бидејќи во тоа време теророт на српската власт над македошкото и турското население осетно е зголемен од една, и од друга страна, од причина пгго токму во тоа време се вршеле најголемите подготовки за кревање на востание против орпската окупација во Валандовска, Дојранска и во другите окупирани околии. Во февруаримарт 1915 г. во Струмица побегнале од с. Дамјан 130 души, од Дедино 60—70, од Калугерица 30—40, Радичево над 180, додека од, с. Шопур, Танатарци, Брест, Горачино, Козбунар, Шипковица и од други села, во Струмица побегнале сите мажи.^^

Во периодот помеѓу Овчеполскиот бунт и Валандовската атака сд IV—IX 1914 до IX 1915 година, заедно со мажите, во Струмица се почесто пребегнуваат и жени и деца. Во бегството на нив им помагале четите на ВМРО. Во Струмица пребегнале поранешните ополчеици, војници кои во војната учествувале на бугарска страна, војводи, четници како и учители, свештеници, милосрдни сестри, кметски наместници и др. Бегале сите оние кои по било кој основ можеле да постанат жртви на шовинистичкиот терор. Во прилог на тоа во едно писмо на околиски началник од Радовиш се вели: „Гркомани од Струмица и Струмичко пребегнуваат во Радовиш и сведочат: во Струмица не се наоѓа бројна бугарока војска, но во замена на тоа мноштво бугарски комити (хмакедонските комити ги именува како бугарски), во градот и селата покрај српоката граница како и во внатрешноста вршат разбојништво врз небугарските народности”.

Содржината на писмото ги потврдува сознанијата дека Струмица имеѓу 1913 и 1915 г. е претворена во вистински резерват, сврталиште на воени дезвртери, четници на ВМОРО, како и на други бегалци од Егејска и од Вардарска Македонија. Пишувањето во писмото за постоењето на терор не може да се прифати за точно, ОД причина што во тоа Ереме во Струмнца живееле само македонци и Турци КОИ заеднички работеле за ослободувањето на Македонија. Ако авторот мисли на гркоманите, најзаблудените од нив се иселиле во Грција, но откако се соочиле со невистинитите грчки ветувања, и тие почнале да бараат одобрување да се вратат назад во родниот крај. Во Струмица и Струмичко не е вршен терор и врз доселениците од Егејска и Вардарска Македонија. Навистина, Струмичка околија во периодот меѓу 1913 и 1918 г. била во склоп на Кобуршка Бугарија, но за разлика од останатите окупирани територии од Македонија, носителите на целокупната административнополициска и црковнопросветна мрежа, со минимални исклучоци, биле од редот на македанското и на турското население. Ете зошто не се рвгистрирани некои драстични расправии и судири дури и тогаш, кога во исти куќи времено требало да живеат придојдени христијани и Турци од другите делови на Македонија. Прашањето со имотот, особено на големопоседниците, во Струмичка околија во извесна смисла било разрешено уште во 1912—1913 г. Крупните земјопоседници — беговите, агите и македоноките чорбаџии, промените што ги донеле војните ги прифатиле како свршен чин, односно на оите им бил конфиокуван дел од имотот и расподелен на доселените Македонци и на Турците. Во селото Иловица на пример, биле населени околу 200 до 250 семејства од Егејска Македонија и од територијата на Малеш. Во селата: Дражево, Старо и Ново Коњарево, Мокрино, Мокриево, Борисово, Чанаклија, Црвено Поле, Сушица, Штука и во други села, се населиле доселеници од Егејска Македонија, митранти од ридокопланиноките населби од Струмичка околија, како и Турци — бегалци од Дојранска, Валандовска, Радовишка и од Штипска околија. Најголем број мигранти од струмичките села имало од Стиник, Барбарево, Бадилен, Бајково, Рајанци, Нивичино, Требичино, Варварица, Рич, Белотино, Попчево, Триводи и други.

Во полоките населени места како: Петралинци, Сарај, Просениково, Сушево, Добрешинци, Ново Маала, Пиперово, Градошорци, Ангелци, Турново, Радово, Счево, Свидовица, Секирник, Зубово и други, се еаселиле доселеници од Бгејока Македонија и бегалци од соседните околии, најмногу од Радовишка, Малешевска, Дојранска, Валандовска и помалку од Гевгелиска, Штипска и Тиквешка околија. За разлика од другите околии во Вардарска Македонија, во кои населвнието во тој пвриод од ден во ден се осипувало, во Струмичка околија се зголемувало.

Ваквата пренаселеност на Струмичкиот крај од една, и од друга страна геостратешката положба, овозможувале непречвн р(азвој на ВМРО, која во Струмица формирала свој арганизацианвн пункт т.н. „Струмичка постојана окружна комисија” на чело со претседателот Коста Ципушев. Комиоијата главно ое занимавала со разузнавачка дејност, имала неколку окладови на оружје и екаплозивни материјали, четничка облека, имала старешински кадар, како и бројна и одмазднички настроена четничка армија, многу поударна и фанатизирана од било која друга армија.

Oд двотомното издание на авторот Димитар Галев, Белиот Терор во Југоисточна Македонија 1910-1941, Друштво за наука и уметност, Штип 1991.

 

Продолжува

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.