Среда, 11 Јануари 2012   
Историја на Македонската Православна Црква (13)

Илинден

20110705013541Ilindensko_vostanie1Нешто што е најзначајно за Историјата на Македонската Православна Црква е Илинденското Востание во 1903 година. Да објасниме малце која улога ја имала Македонската Православна Црква во Илинденското Востание

Во нашиот живот на земјава треба да се исполнува секоја Божја правда. За тоа живееше и старозаветниот пророк Илија, кој е светол пример и за нас како треба да го збогатуваме својот духовен живот. Ако имаме силна вера во Господа, тогаш животот ќе го разбереме како исполнување на своите свети должности - прославување на Бога и наследување на Неговото вечно царство. Та и Богочовекот Христос дојде на земјата - да ја задоволи правдата и да ја исполни волјата на Отецот Небесен.

Значи, Бог ја дава слободата за сите луѓе во поднебесниот свод, па затоа сите сме должни постојано да се грижиме за неа и будно да ја чуваме!

Возљубени празникољубци,

Нашите дедовци, токму во името на таа слобода, на празникот Илинден, пред едно столетие - се кренаа на сенародно востание, за да се изборат за правда и слобода. Ете, токму врз нивната саможртва воскреснаа нашата древна Држава и Црква.

Во славното Крушево се создаде првата Република на Балканот, која беше најава за воскреснувањето на Македонија! Тогаш напукнаа вековните пранги и прозрачи слободата! Навистина, таа слобода траеше кратко, а Илинденското востание беше задушено во крв, но со него беше посеана решителноста за борба до конечно ослободување. Оттаму Илинден 1903 е основател на нашата возобновена државотворност во денешнава суверена и меѓународно призната наша Татковина - Република Македонија, во која слободно може да делотвори и нашата Света Македонска Православна Црква.

Но, тоа нашиот народ го плати скапо - дарувајќи ги животите на недоброј свои синови и ќерки! Ние, пак, денес, ползувајќи ги придобивките од нивните жртви, каде и да сме, во родната Македонија или ширум по светот - должни сме во оваа јубилејна 2003 година, да го оживуваме споменот за нив и да принесуваме молитви за покој на страдалните души на Гоце, Карев, Питу, Даме, Ѓорче, Пере, Јане, Јордан, Сугарев и на илинденците свештенослужители: игумени, монаси, монахињи, свештеници и ѓакони, и на сите борци и бранители на верата и Татковината - паднати за правда и слобода, во Првиот и Вториот Илинден, и во сите борби и востанија до нашиве дни!

Возљубени поклоници на Илинден,

Синот Божји, Господ Исус Христос, дојде на земјава за да го измири човекот со Бога и да донесе мир меѓу луѓето!

За жал, и денес нема мир во многу човечки души, нема мир меѓу бројни држави и народи. Мирот е нарушен и во нашава земја! Ние, Македонците, пак сме страдалници дури и во сопствената слободна земја, при своја Држава и Црква! Човечката пакост зазема несфатливи размери и не избира средства заради свои лични, национални, економски, па и квази-црковни интереси.

Македонија, која беше порта на цивилизацијата, сѐ уште е пред затворените врати на Европа и на меѓународните фактори! Но, ние со надеж чекаме пред нивните институции за вистински подадена рака. Чекаме и веруваме дека христијанското милосрдие и хуманост, со кои и Европа и светот се толку горди, и за нас ќе значат вистинска поддршка и помош. Се надеваме дека нашето прифаќање и од Европа и од другите меѓународни авторитети, ќе значи и почитување и признавање на нашите темелни животни вредности. Најголема помош за нас ќе биде доколку бидеме признати и прифатени со нашето државно и црковно име и национално достоинство! Тоа го очекуваме како исполнување на Божјата и народна правда. Во спротивно, ние и на самиот почеток од третиот милениум, остануваме сами како во времето од пред сто години, во времето на самото Илинденско востание.

Затоа, ние и денес, славејќи го Јубијелот - Сто години Илинден, не празнуваме тожествено, не пееме песни на радост, зашто и кога разгласуваме дека сме жедни - ни се дава оцет да пиеме, како што Му давале на Господ Исус Христос на крстот на Голгота. Но, и покрај се, далеку сме од безнадежност. Илинден е сраснат со душата на нашиот македонски народ, кој знае и да го доживее, и да го надживее секое искушение и распнување, останувајќи секогаш простум!

Токму затоа, Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, на овој светол Јубилеј - Сто години Илинден, се обраќа до македонскиот народ и бара - да престанат внатрешните делења, кавги и меѓусебни себеуништувања; бара да се изградува и зацврстува единството и братољубието меѓу нас! Нашата Света Црква ги повикува не само своите верници, сите Македонци, туку и сите одлучувачки фактори во светот - на борба за мир и благослостојба; да нема повеќе војни, крвопролевања, убиства, разурнувања и грабежи! Наместо тоа, секој нека придонесува за взаемно разбирање, почит и љубов меѓу луѓето!

На православните браќа, пак, и на сите помесни православни Цркви, им нудиме и ги повикуваме на нелицемерна љубов и на единство во Господа! Само така сите заедно ќе можеме радосно да воскликнуваме: „Слава во висините на Бога, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!" (Лука 2,14).

Возљубени во Господа,

Прославувајќи сто години Илинден, ние сакаме да потсетиме дека на илинденските придобивки им припаѓаат и: излегувањето од печат на книгата „За Македонцките работи" од Мисирков; прославувањето 60 години од одржувањето на Свештеничкото собрание во Издеглавје (1943.); 45 години од Вториот црковно-народен собир во Охрид (1958.), 40 години од осветувањето на првиот храм на Македонската Православна Црква на американскиот континент, како и 30 години од формирањето на првите македонски православни црковни општини во земјите на Западна Европа. Сите овие јубилејни чествувања од нашата национална и црковна историја од последново столетие, се сведоштво за нашата богата духовна и национална ризница и цврст темел за нашиот црковен и духовен опстој.

Одбележувајќи ги овие темелни настани од нашето голготско столетие, на сите верни чеда, во Татковинава и ширум по светот, радосно го честитаме Јубилејниот македонски национален празник Илинден, со порака за мир и братољубивост, како меѓу нас, така и со сите луѓе. Нека ни е честите и вековит Илинден!

Слава и чест на паднатите борци за Божјата правда и вистина, за народна и духовна слобода во Македонија! Амин!

На Илинден 2003 година!

Архиепископот Охридски и Македонски +Стефан

Членови на Светиот Архиерејски Синод:

+Кирил, Митрополит Полошко-кумановски                                                                                                                       
+Горазд, Митрополит Европски

+Петар, Митрополит Австралиско-новозеландски и администратор Преспанско-пелагониски

+Тимотеј, Митрополит Дебарско-кичевски и администратор Повардарски

+Наум, Митрополит Струмички

+Агатангел, Митрополит Брегалнички
 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.