|
|
Македонски милениумски континуитет (5) |
Европскиот мајчин јазик - Македонски
Јазичкиот е само уште еден аспект кој ни ја разоткрива забранетата историја на Европа. Од Македонија до Скандинавија, од Франција до Русија, цела Европа е посеана со прастари Македонски записи, т.н. „Руни”, „Рити” или „Ч'рти и рецки” на Древно-Македонско слоговно писмо, изрежани во камен и печена глина, дрво и слонова коска, на садови и скулптури од божества, надгробни натписи и царски декрети. Натписот „ЗЕТАМАКЕДОНИА” (Македонија на Зетовите), е апсолутно првото и најстаро пронајдено име за земја на Европскиот континент, кое датира од древната Македонска култура – преименувана од Западно-европските кумови во „Магдаленска”, „Култура на чакални огништа”, „Култура од Винча”, „Индо-Европска”, „Венетска”, и т.н. Познатиот Оксфордски лингвист и историчар Игор М. Д'јаконов категорично посочи кон Балканот како единствен регион кој ги има сите карактеристики познати за Прото-Индо-Европската култура (PIE). Преку силата на аргументите, тој ни ја разоткрива просторната разместеност на сите познати Индо-европски јазици, но којa може единствено да биде објаснета само ако за прататковина на Индо-европските јазици е прифатена Македонија. Изучувајки ги и следејки ги трагите на првите Индо-Европски јазици и нивните модерни дијалекти тој успеа да го лоцира епицентарот на Индо-Европската култура околу 5-от милениум п.н.е. на Балканот. Д'јаконов ги образложува своите неотповикливи заклучоци во неговата позната книга „Патишта на Историјата” од каде е превземена оваа мапа на Европа од 5-4 милениум п.н.е.: Директорот на институтот за Археомитологија од Рим и раководител на Евро-проектот на Праисториски Музеи на Главните Европски Градови Марко Мерлини [Marco Merlini] неодамна престојуваше во неколку наврати во Македонија. По опсежните испитувања на археолошките локалитети тој изјави дека во Македонските карпи се наоѓаат врежани доказите за воопшто првата позната пишанa комуникација во светот. Праисториските записи и слоговниот систем на пишување од Македонија, заклучи Мерлини, се појавиле најмалку 2 милениуми пред Египетските и се постари дури и oд Сумерското писмо кое се сметаше за најстаро. Заклучоците на Д'Јаконов и Мерлини ги потврдија и праисториските слоговни писмa од Говрлево, Лепенски Вир (7-6 милениум п.н.е.) и Винчa (5-4 милениум п.н.е.), аналогни на Рашанското (т.н. „Етрурско”) и Македонско Слогово писмо (истото од Каменот од Розета). Датирањето на наодите од Лепенски Вир и Винча утврдени од научниците кои ги изучуваа и ги изучуваат (Радивоје Пешиќ, Х.Т.Ватерболк, и др.) се вклопуваат совршено во хронологијата на нивните колеги и ги следат во чекор ширењето и развојот на Индо-Европските народи и јазици.
Имињата и поимите, топонимите и хидронимите ги кријат пораките на нашите предци таму каде што најмалку очекуваме. Дури и самото име на науката за планини – Орографија, произлегува од Mакедонскиот збор за планина – Гора. Како што и поимот за вода во Англискиот и Немачкиот и понатаму е вода (water), така и поимот за леб во Старо-Англискиот е – хљаф (Old English hlāf ), „хљап” по старо-Македонски, или уште и „лoаф” (loaf) – векна на современ Англиски. Арно ама – во Англиските речници пишува дека води потекло од „Немачкиот збор” за леб – „Laib”! Можеби ќe изгледа неверојатно и претенциозно, но со обзир дека некои Западни „научници” мртви-ладни почнаа да ги преименуваат Европските јазици во „Индо-Hемачки” – вреди да се спомне името и неговото значењe на основачот на една од најголемите светски религии, Будизмот – „Буда”, коe значи „буден”. Да се надеваме дека некој од нашите лингвисти ќe смогне храброст да ни го преведе „Буда” на Македонски. Еден истотака огромен дел од историјата на древно-Македонскиот говор и писмо неодамна ни расветлија и двајцата Македонски научници – академик Том Бошевски и проф. Аристотел Тентов преку транскрипцијата на средниот текст од Каменот од Розета. Тие покажаа и докажаа дека Македонскиот јазик што денес се зборува на територијата на Р. Македонија и во форма на Македонски дијалекти низ териториите на поширока Европа – е директен потомок на јазикот испишан со Древно-Македонско слогово писмо на Каменот од Розета пред 2200 години. Тентов и Бошевски само ни го предочија и документираа толку очигледниот факт: средниот текст од Фараонскиот декрет на Каменот од Розета е напишан на писмото и јазикот на „Живите Господари” на древниот Египет од 2 век п.н.е. – Македонската Династија на Птоломеите со потекло од П'тол, 10 Км северно од Кајлари, Македонија. |