|
|
Македонски милениумски континуитет (7) |
Археолошка потврда на Македонскиот континуитет Познато е дека дури и Марија Гимбутас (Maria Gimbutas), литванката која e главниот идеолог на традиционалната инвазиона „Курганска теорија”, престојувала во Македонија и на Балканот кадешто вршела Археолошки испитувања. По ова нејзино соочување со реалноста на теренот и таа се приклонува кон моделот на Д'Јаконов, Ренфрју, Пигот и др. , и предложи нејзин ревидиран нов модел наречен „Старa Европа” кој e прикажан во нејзината книга „Божиците и Боговите на Стара Европа: 7000-3500 п.н.е.”. Гимбутас заради различната политички условена терминологија во соседните земји[1], праисториската Индо-Европска култура на Стара Европа што се протега на територијата на Македонија и Балканот ја нарече – „Егејска и Централно-Балканска култура” и нејзините најстари почетоци ги локализира долж сливовите на реките Вардар и Морава. Датирањето со радиоактивен Јаглерод14 ја одреди староста на оваа Прото-Индо-Европска култура од крајот на 7-от милениум п.н.е. до почетокот на 5-от милениум п.н.е.. Испитувањата на Гимбутас исто така го покажаа и постепениот процес на разделување со тек на времето во посебни регионални групи. Така на пример вeќе во 6-от милениум п.н.е. се одвои кон југ т.н. „Сескло” култура од Тесалиа како карактеристично различна по формата на артефактите од остатокот на Централно-Балканскиот комплекс. Нејзините археолошки истражувања исто така ја потврдија и следната фаза во ширењето на оваа Прото-Индо-Европска популација кон централна и западна Европа. Тоа бавно придвижување кон Северо-Запад и ширење на популацијата со земјоделството и сточарството вeќе кон крајот на 5-от и почетокот на 4-от милениум п.н.е. многу убаво се гледа на следнава мапа: Но, нејзината претходна и погрешна „Курганска инвазиона теорија” сеуште им одговара премногу на Западно-европските мршојадци и шакали за да биде повлечена поради напредокот во науката. Според „Курганската Теорија” сите се дојдени од некаде и никој не е од никаде, што им остава на Западно-европските политички кругови слободен простор за манипулација со историјата а со тоа и со широките народни маси.[1] Праисториската Индо-Европска култура која се протега воглавно во етничките граници на Македонија, поради модерните гео-политички деформации во Грдсиа се нарекува „Прото-Сескло култура”, во Србиа „Старчевска”, „Винчанска” или ”Култура од Лепенски Вир”, во Р. Македонија „Велушина-Породинска”, и т.н. |