Среда, 14 Октомври 2009   
Истражувања: Македонија во Балканските војни

Трагичен епилог на долгите борби

Балканските војни во 1912 и 1913 година претставуваат трагичен исход на национално-ослободителната борба што македонскиот народ ја започна со бројни буни и востанија во втората половина на XIX и почетокот на ХХ век. Изгубена верба во сопствените политички и други организации.

Во сеќавање на проф. д-р Ванче Стојчев

vance-stojcevИстражувањето и документирањето на геноцидот врз македонскиот народ сеуште не е актуелна тема која можеби треба да биде водилка за сите нас кои останавме на македонската кауза. Македонскиот народ како многупати во историјата и денес е приморан да се бори за сопственото име, за идентитетот, за својот јазик и за опстојување на својата држава. Почитуваниот Ванче Стојчев целиот свој живот работеше, пишуваше и зборуваше, за македонците за македонската вистина и за Македонија.

По кусо боледување, во Воената болница во Скопје почина проф. д-р Ванче Стојчев, професор на Воената академија, поранешен директор и основач на Воениот музеј на Македонија, неуморен борец и документарист кој донесе во татковината многу значајни документи на актуелните теми кои се стогодишна мисла за македонците.

Посветен научник и почитуван граѓанин на Македонија кој мечтаеше преку документите што ги наоѓаше да поттикне ред или редослед на историските настани или „Како од балканското буре со барут да се создаде историја за македонците“. Од осамостојувањето на Република Македонија, соседните држави ги обновија своите големодржавни аспирации, ја активираа негаторската политика кон Македонија.

Ситуацијата е многу слична на онаа од пред 96 години кога во 1913 година во Букурешт соседните држави со поддршка на големите сили меѓу себе ја поделиле Македонија, - рече во најавата за печатење на своето последно капитало дело за вистината за Македонија, сега покојниот проф.д-р Ванче Стојчев.

Во сеќавање на големиот македонец, редакцијата на Веб порталот „Македонска нација“ направи избор на дел од документираните и обработени материјали и истражувања: „Македонија во балканските војни“.

Пишува: Ванче Стојчев

Балканските војни во 1912 и во 1913 година претставуваат трагичен исход на ослободителната борба што македонскиот народ ја започна со бројни буни и востанија во втората половина на XIX и во почетокот на XX век. Илинденското востание од 1903 година претставуваше врв на прогресот на националниот дух на македонскиот народ и највисока точка до која се воздигна свеста на македонскиот народ за својата национална посебност. Задушувањето на востанието, палежите, колежите и максималната бесчувствителност на османлиската војска и на башибозукот, како и отсуство на поддршка и помош од соседните земји и од големите сили биле причина македонскиот народ жестоко да се замолчи и да ја загуби надежта дека кога било ќе се ослободи. Тоа претставувало уште поголема загуба од самиот пораз на бојното поле.
Покрај тоа, македонскиот народ ја загубил вербата и во сопствените политички организации, во своите предводници кои пред Балканските војни биле во постојани расправии и жестоки судири, па му спласнале и желбите и силите да се брани од туѓите пропаганди. Така разочаран и под влијание на соседните пропаганди македонскиот народ почнал да верува дека до негово ослободување може да дојде само со помош од Бугарија, од Србија и од Грција, и тоа во една заедничка војна. Најголемите надежи на македонскиот народ биле свртени кон Бугарија. Егзархиската црква, а потоа Врховниот македонски комитет (ВМК), односно врховистите во текот на Илинденското востание успешно ја извршиле таа задача, па македонскиот народ најмногу верувал и очекувал од Софија. Поради тоа бугарската пропаганда наоѓала плодна почва и многу длабоко ја всадувала бугарштината кај македонскиот народ. Непосредно пред Балканските војни во свеста на Македонците главно била присутна бугарската доминација.

СОЗДАВАЊЕ НА БАЛКАНСКИОТ СОЈУЗ

Преговорите за создавање на Балканскиот сојуз започнале есента 1911 година. Особено компликувани биле преговорите меѓу Србија и Бугарија, и тоа поради несогласувањата околу поделбата на Македонија. Под силен притисок на Русија двете страни биле принудени на разни отстапувања. За да започнат преговорите услов било Бугарија да се откаже од прелиминарниот Санстефански договор и на Србија да го признае правото на дел од Македонија. Според тоа, мотивите за создавање Балкански сојуз се поделбата на Македонија, а непосреден повод била Италијанско-турската војна во 1911 година.

Потпишувањето на спогодбата, според бугарската влада, било забрзано од следните причини: таа сметала дека Младотурците ќе го истребат бугарското население во Тракија и во Македонија; дека руско-турските преговори ќе овозможат користење на Босфорот и на Дарданелите на руската флота, со што ќе ја загуби Русија како заштитник на бугарските интереси во случај на војна со Турција, дека врз основа на спогодба меѓу Австро-Унгарија и Романија ќе се овозможи проширување на Романија на бугарска територија и дека Турција ќе отпочне превентивна војна против Бугарија.

Српската влада имала сопствени причини да го забрза потпишувањето на спогодбата со Бугарија. По избувнувањето на Италијанско-турската војна, српската влада веднаш испратила доверлив распис во Петроград, во Лондон и во Париз, обрнувајќи внимание на тројната Антанта на последиците што Италијанско-турската војна, веројатно, ќе ги предизвика на Балканот, напоменувајќи притоа дека најдобар начин за зачувување на интересите на балканските народи ќе биде создавањето сојуз меѓу балканските држави. Грчката влада не го очекувала решението на македонското прашање од големите сили, меѓутоа во согласност со дотогашната поддршка на грчката политика, особено од Англија, очекувала да го оствари своето територијално проширување на територијата на Македонија. Поради тоа била солидарна со другите балкански држави за создавање балкански сојуз. Црна Гора се солидаризирала со Србија, а своите територијални претензии ги насочувала кон Скадар и кон Албанија.

СРПСКО-БУГАРСКАТА СПОГОДБА

Основата на Балканскиот сојуз ја чинела српско-бугарската спогодба, а во преговорите што започнале кон крајот на септември 1911 година многу активно учествувале руските пратеници во Белград и во Софија, Хартвиг и Некљудов. На 13 март 1912 година е потпишан Договорот за пријателство и сојуз меѓу Србија и Бугарија, придружен со таен додаток и со воена конвенција што е потпишана на 2 јуни истата година како интегрални делови на Договорот. Покрај тоа истиот ден се потпишани и две спогодби на главните генералштабови.
Јавниот дел на Договорот имал дефанзивен карактер: двете земји си гарантирале една на друга државна независност и неповредливост на територијата, а во случај на напад на една или на повеќе држави, заедно да се помагаат со сите сили; ако некоја од големите сили се обиде да анектира, окупира или со воена сила да заземе кој било дел од балканската територија под турска власт и доколку тоа би било спротивно на нивните заеднички интереси, двете страни се обврзувале да си помагаат една на друга; мирот можел да се склучи заеднички, според претходнниот договор; било предвидено договорот да трае до крајот на 1920 година.

Со тајниот додаток на Договорот се предвидувала војна против Турција, со тоа што претходно би се известила Русија. Целата територија што би ја зазеле од Турција би имала карактер на заедничка своина, односно кондоминиум, а таа територија дефинитивно би се разрешила три месеци по склучувањето на мирот врз следните основи: Србија го признава на Бугарија правото на областите источно од Родопите и реката Струма. Бугарија на Србија ги признавала областите северно од Шар Планина.

По тие области не постоеле спорни прашања, па се нарекувале неспорни области. Територијата меѓу Шар Планина, Родопите, Архипелагот и Охридското Езеро, била означена како спорна и за неа е речено дека може да се организира во автономна област или да се подели меѓу сојузниците. Значи според српско-бугарската спогодба од 13 март во 1912 година за најголемиот дел на Македонија, т.е. за таканаречената спорна зона на прво место се предвидувала автономија а потоа нејзина поделба. Меѓутоа, фразата за автономија на Македонија, што била внесена на барање на Иван Гешов и што во договорот влегла како прва можност, била внесена заради измама на македонскиот народ, а особено на македонската емиграција во Бугарија.

Откажувањето на Бугарија од прелиминарниот Санстефански договор и одлуката на Македонија да и се даде автономија по протерувањето на турската војска од Балканот биле главни причини македонскиот народ да се вклучува во балканските војни без оглед на тоа под чија команда ќе се бори. Од друга страна токму тие две одлуки биле пресудни за српската и бугарската пропаганда да извршат одредено влијание врз македонското население. Всушност, ни српската ни бугарската влада не помислувале на македонскиот народ (чија националност не ја признавале) да му дадат автономија, туку со истата спогодба била предвидена поделбата на Македонија без оглед на етничкиот состав на населението и без размислување за последиците што ќе настанат по нејзината поделба.

Пишува: Ванчe Стојчев
(продолжува)

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.