Четврток, 14 Февруари 2013    PDF Печати Е-пошта
Зубовце, Свети Трифун – 2013

1_copyВо чест на Св.Трифун заштитникот на лозјата и градините, на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар денес во Зубовце се одбележа обредното закројување на лозјата.

 

Во име на Св. Трифун, сиромашниот чувар на гуски, а богат со Божја благодат и исцелителна моќ која ја употребувал против злите сили, зубовчани и граѓани од Гостивар и околните села се собраа покрај Светиот Крст на местото викано „Мал Камен“, на овој православен христијански празник, како секоја година да ги продолжат традиционалните обичаи.

Во присуство на свештеници на МПЦ-ОА и молитва, најпрво се закројаа лозниците, а потоа со скромна братско-сестринска трпеза и на далеку познатите зубовски колбаси, црвеното вино и ракија, како главни белези на овој ден, верниците го прославија во селската црква Св. Огнена Марена со верба дека и годинава ќе ги заштити плодните ниви кои ќе дадат богат и квалитетен род.

За прв пат годинава на оваа церемонија имаа чест да присуствуваат и членови на Унијата на жени на Општинскиот и Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар  и гостиварско.

Оваа година, двајцата кумови кои беа избрани мината година, со две погачи во кои се крие по една паричка, го предадоа кумството на други двајца кумови или поточно куми. Бидејќи жените доминираа со своето присуство, идната година честа да ја организираат прославата за Св. Трифун во Зубовце им припадна на две членки од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. И секако, според традицијата едната од нив е жител на с.Зубовце, а другата од Гостивар. Радоста, среќата и задоволството беа неизбежни, како за нив така и за останатите.

Св. Трифун во Зубовце денес се прослави и со цел да не се заборават корените, да не се заборават вековните обичаи и традицијата, да не се заборави добрата мисла, желбата за дружба и добра иднина на Македонија, која во Зубовце е останата како аманет од старите генерации.

На овој ден се покажа колку е голем Бог во кој силно верувал Св.Трифун и поради тоа бил осуден на смрт, колку Македонците од Гостивар, Зубовце и околните села се големи верници и колку ваквите празници можат да не сплотат нас Православните Христијани во Македонија.

За убаво и за многу години.

АМИН!

Zubovce_1

Zubovce_2

Zubovce_3

Zubovce_4

Zubovce_6

Zubovce_7

Zubovce_8

Zubovce_9

Zubovce_10

Zubovce_11

Zubovce_12

Zubovce_13

Zubovce_14

Фотографии Александар Ѓорѓиев

 

На прво место

News image

ОБЈАВЕНА Е СЕДУМНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

ОБЈАВЕНА Е СЕДУМНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ Александар ДОН...

Историја

News image

Милојевиќ: Мегленци го прифатиле исламот кога била укината Охридската патријаршија

„Муслиманите не само што ги истиснуваа христијаните и ги завземале нивните места, туку и со насилно ...

Иселеници

News image

Јубилеј: Десет години од формирањето на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј

На 23 мај 2007 година се формира Австралиско македонскиот ...

Култура и туризам

News image

Ново дело на дипломатот Константин Дораковски

Неодамна од печат излезе книга со драмски текстови под наслов „Шушулеменко“ од дипломатот Константин...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.