Среда, 25 Јануари 2017   
Во земјата на убавите плажи, музиката, играта, спортот...

cuba3

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – КУБА  (3)

Кубанската култура е доста богата и има силни влијанија од Шпанија и Африка. Спортот е една од најго-лемите преокупации на народот. Поради поранешната блискост со Соединетите Американски Држави, во Куба се популарни спортовите кои се среќаваат во Северна Америка. Најпопуларен спорт е бејзболот, но доста попу-ларни спортови се и одбојката, кошарката, крикетот, атле-тиката и, се разбира, боксот. Меѓутоа, за нас кубанската музика беше нешто највозбудливо. Таа е доста богата и е еден вид симбол за кубанската култура. Главен елемент во кубанската музика е јужноамериканскиот мелос, што е основа за голем број музички правци како салса, румба и мамбо. Исто така, позната е кубанската  ча-ча-ча. Затоа и Куба често се нарекува дека е земјата на убавите плажи, музиката, играта, спортот...

Во врска со музиката во Куба треба да се каже дека во сите домови, општествени простории, а особено по хотелите се слуша различна музика. Меѓутоа, Кубанците ја негуваат латиноамериканската музика и во хотелот „Пунтарена“. Па така, додека престојувавме во хотелот, секоја вечер имаше оркестар кој нè забавуваше нас гостите, се пееше и се играше како да бевме во Македонија.

Една вечер бевме во друштво на германски и канадски туристи кои, исто така се одушевуваа на кубанската музика. Притоа, знаејќи ги вредностите на македонската музика, не прашаа кое е нашето мислење. Тогаш им рековме дека во Македонија постои поговорка дека  гостинот не треба да пее, оти ќе биде натпеан, не треба да свири, оти ќе биде натсвирен и дека не треба да игра, бидејки ќе биде надигран.

Сето тоа важи и за Куба, исто како во Македонија, меѓутоа, во Куба плус не треба да пиеш, оти ке бидеш натпиен, односно опиен. Правило кое го потврдивме при нашиот престој, особено кај туристите од Германија.

cuba3-2
Спортисти на Куба

Во текот на нашиот престој во Куба ја посетивме Хавана (шпански: La Habana) која е главен град на Куба и во кој живеат околу 2,5 милиони жители. Тој е најголем град во Куба и на Карибите. Хавана се наоѓа на околу 160 км југозападно од Ки Вест на Флорида. Градот Хавана е една од покраините на Куба.

Конквистадорот  Диего Веласкез де Куелјар ја основал Хавана во 1515 година, на јужниот брег на островот, блиску до денешниот град Сиргидеро де Батабано. Градот Хавана бил преселен на сегашната локација (тогаш позната како Карењас) во 1519 година.

Хавана првобитно била трговско пристаниште, а станала главен град на шпанската колонија Куба во 1607 година, како и главно пристаниште на шпанските колонии во Новиот свет. Хавана е прекрасен и возбудлив град, бидејќи претставува синтеза на екстремно старото и прогресивното ново. Таа полека се спушта кон морето, кое ја прави да биде привлечна метропола. Архитектонски гледано, пак,  Хавана е како една грациозна старица која седи од страна на морето, со очите загледана кон длабоките сини бранови на теснецот кон Флорида.

Улиците на Хавана се живописни. По нив се движат стари американски автомобили од предреволуционерното време заедно со руски “лади” и “москвичи”, како и најнови руски автомобили.

cuba3-3
Музучки состав

Во исто време Куба како да е чекор назад во времето, и тоа е необично и истовремено возбудливо, иако човек може се прашува колку долго може да трае тоа. И разбирливо е тоа. Но, денес  населението од Хавана сака да го модернизира градот и да го обнови, но треба да го задржи уникатниот оригинален карактер, кој му пркоси на времето во периодот од изминатите шеесетина лета.

 Нашето Варадеро е неверојатно место, главно, поради тоа што е убаво, пријатно, привлечно и  чудно место. Тоа е храмот на Хемингвеј, каде светски познатиот писател изградил куќа во непосредна близина на големиот гангстер Ал Капоне. Затоа овој дел на Куба бил привлечен во минатото, а и во сегашноста.

Инаку, Кубанците се неверојатно добри луѓе. Тие во материјална смисла на зборот имаат многу малку, но се весели, гостоприемвливи, задоволни како во нивните раце да го држат богатството на овој свет. Кубанските куќи во селата се лоши, стари и трошни, без цврсти прозорци и врати, заработувачката е мала, но секој Кубанец има широко отворено срце што ретко може да се сретне на друго место

И покрај тоа што Кубанците живеат сиромашно, меѓутоа тие се среќни, задоволни, пијат рум, пеат, седат во импровизираните кафулиња од трска со буриња наместо маси, ги забавуваат туристите за ситни пари, за неколку долари, а над нив висат фотографии на Че Гевара. Веројатно од сонцето, здравата храна и, се разбира генот, Кубанците, особено женскиот пол се многу убави, симпатични, благородни... Таму има одлична природа и забава. Затоа и многу Канаѓани, а многу туристи и намерници од целиот свет доаѓаат да ја посетат Куба.

cuba3-4
На плажа во Куба

Инаку, Кубанците се многу образована нација. Многу од нив како интелектуалци работат по хотелите, кои за среќа ги има во голем број на целиот брег околу Куба. Разговаравме со една професорка по англиски јазик и литература која работеше во барот. Таа беше многу љубезна, услужлива и ја ценеше својата работа, поради што беше наградувана. Таа, за жал, не информира дека подобро е што работи во хотелот, отколку да предава во некое училиште, каде примањата се многу мали. Таков е случајот и со други вработени кои ги служат гостите кои се дарежливи кон персоналот.

И пред да си заминеме од Куба, по нашите впечатоци, многу сонце и мирисот на солта по нашите тела, по вкусот на морската храна, која никогаш нема да ја заборавиме, по мирисот на различното овошје и сè она што не опкружуваше во текот на една недела  можеме да се заблагодариме на љубезните и школувани Кубанци, кои за да опстојат на таа ветрометина искажуваат силна љубов кон дојденците од другите десно-ориентирани земји.

Но, може да се заклучи дека Куба е родното место на игрите салса и мамбо. Таа одушевува со својата историја, колонијална архитектура, квалитетните цигари – пури, убавите Кубанки и прекрасните  плажи. Затоа, илјадници Канаѓани заминуваат на одмор и рекреација токму во Куба, во земјата на Кристофор Колумбо и Фидел Кастро.

Крај

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција- СДСМ имаат страв од ова раководство, затоа што...

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.