Среда, 15 Март 2017   
Билтен на Организацијата за македонски човечки права во Западна Австралија (24)

karta-na-makedonija

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Списаниео „Македонскиот патриотски билтен“ е прво информативно гласило од ваков вид што се печати во АвстралиЈа, а и воопшто меѓу иселеништвото во кое се презентирани голем број текстови што се однесуваат на човечките права на Македонците. Билтенот е орган на Оргаиизацијата за македонските човечки права во Западна Австралија. Печатен е во вид на списание на 24 страници на формат 21 х 29 см. на македонски и на англиски јазик, со кирилица и латиница.

Билтено се појави во јули 1989 година, а го уреди Редакциски одбор во кој беа Борис и Јоте Ќандовски, Крсто Шкордов, Миле Милевеки, Јанко Томов и Васил Лекушев, а     дописници: Јане Караџа, Пандо Косев, Михаил Шариновски, Величко Терзиоски-Пиринчо и Крис Ангелков. Клишето на главата е на македонски и на англиски јазик, на кое е поместен ликот на Гоце Делчев и етничката карта на Македонија.

Во предговорот на македонски и на англиски јазик на „Македонски патриотски билтен“, покрај другото, се вели: „Поради тоа што радиото, телевизијата и печатот се најмодерно информативно и пропагандно оружје, Организацијата за македонски човечки права од Перт, на еден од состаноците донесе одлука да го издава билтенот. Тој ќе содржи, покрај другото; информации, констатации, факти; постигнувања, и планирани чекори во борбата за добивање на човечките права; ќе биде збогатен со лични творби кои имаат патриотска содржина, ќе биде бесплатен, ќе се печати во поголем број примероци и ќе се дистрибуира ширум светот, завршувајќи со единствениот поздрав „Македонија на Македонците".

makedonski-patriotski-bilten
МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТСКИ БИЛТЕН“
(„MACEDONIAN  PATRIOTIC BULETIN “)
(1989)  - ПЕРТ

На првата страница е поместана етничката карта на Македонија во средината, со ликот на Гоце Делчев а под тоа паролата „Јас го разбирам светот единствено како поле за културно натпреварување на народите. Во продолжение е известувањето од Организацијата за македонските човечки права во Западна Австралија, во кое се вели дека на 23 јануари 1989 година во Перт е формиран Информативан одбојр, чие   ракоовод ство го сочинуваат: претседател Јане Караџа, потпретседател Тоде Гаштевски, секретар Јоте Кандовски, заменик секретар Пандо Косев и благајник Ванчо Филевичин, а во организацијата стапија други 21 член. За формирањето на оваа Организација за македонски човечки права се испратени информации насекаде во Австрадија, Канада, стариот крај – етничка Македонија  и во Солун.

Во продолжение на првиот број од „Македонски патриотски билтени на англиски јазик е даден текст што се однесува на улогата на Комитетот за македонски човечки праава од Перт, Западна Австралија, Извештајот на Делегацијата за човечки права на Македонците од Стразбур и Женева од 5 јуни 1989 година и од весникот „Австралиско-македонски неделник“ е пренесен текстот под наслов „Македонците создаваат историја во Европа“, а кој се однесува за учеството на делегацијата за човечки права на Македонците од Солун.

„ЛЕТОПИС ЗА СЕЛОТО ДРАГОШ" (1989) — ЏИЛОНГ

Билтенот е печатен на мал формат 14 х 20 см. на 16 страници не вклучувајќи ги кориците. На насловната страница е фотографијата од селото, а на задната иконата „Св. Илија“, селската слава. Издавач на брошурката е Селското друштво „Драгош“ во Викторија, а материјалот за печат го подготвил протојереј Чедомир Илиевски, тогашен парохиски свештеник на МПЦ „Св. Илија“ од Џилонг.

На почетокот од брошурката се дадени податоци за селото, во кои, покрај другото се вели: „Драгош се наоѓа на околу 16 километри јужно од Битола, а на околу десет километри северно од Лерин. Пред самиот влез на селото се наоѓа црквата „Св. Варвара“, потоа Основното училиште „Ѓорѓи Јовановски“. Селото е сместено на самата граница со Грција. Тоа е густо населено и е од планински тип, а од другата странја на границата е македонското село Св. Петка“.

Во продолжение на брошурката има бројни податоци за ова печалбарско село, од кое само во Џилонг живеат 70 семејства, во Мелбурн 50, во Шепартон 15, околу 40 семејства свиле гнезда во САД и Канада, а само 25 семејства останале на старите огништа во селото. Во билтенот, покрај другото, се зборува за св. Пророк Илија како заштитник на селото и селската слава, а е даден пригоден текст за Илинденското востание, за АСНОМ, за Охридската архиепископија, како и карта на битолскиот крај, со посебна назнака на селото Драгош.

selo-dragos
Селото Драгош, Битолско

mpco-sv-bogorodica
ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ, НА МПЦО „СВЕТА БОГОРОДИЦА“
(1990) — ЊУЕАјСЛ

Публикацијата е отпечатена во март 1990 година, а по повод 20-годишнината од официјаиното отвораше на МПЦ „Св. Богородаца“ и на Културниот центар. Ова јубилејно издание е отпечатено на македонски јазик со кирилица и на англиски јазик, на 44 страници и формат 21x29,5 см. Првата страница е на англиски јазик, со фотографија од зградата на црквата „Св. Богородица“ во Њукасл.

Во продолжение е дадена фотографија од познатата фреска „Оплакување на Богородица“, а потоа на три страници е поместен религиозниот текст под наслов „Света Богородица“. Исто така се дадени текстави на македонски јазик кои се однесуваат на животот и работата на Македонците во Њукасл, на Македонското етничко училиште „Гоце Делчев“, кое за првпат започна со работа во почетокот на 1971 година, на КУД „Стив Наумов", кое е формирано во почетокот на 1967 година, за Македонскиот младински клуб, Македонскиот радио-час, Спортскиот клуб и други информации. На англиски јазик, пак, на три страници е поместено Резиме кое се однесува на Македонија и на Македонската   православна црква.

Поголемиот број од текстовите се илустрирани со бројни фотографии од животот и активностите на македонските доселеници, почнувајќи од доселувањето во Австралија, од изградбата на црквата и првичните собирања, до идните дни.

На половина простор од оваа јубилејна публикација се поместени рекламно пропагандни материјали од деловни луѓе од македонско потекло, како и од друпи фирми кои го помогнале нејзиното печатење, а вклучува и голем број претпријатија и друг вид фирми кои со свои активности се вклучиле во животот и активностите на Македонската православна општина „Света Богородица“, што зборува за деловноста и значењето на македонските доселеници во Њукасл.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.