Среда, 05 Април 2017   
Импонзантна „Македонска Трпеза“ во Сиднеј

makedonska-trpeza-sidnej-1

Во организација на Редакцијата на Македонскиот телефонски именик, на 31-ви март, во свечената сала “Conca D’Oro”, во Сиднеј, по 24-ти пат се одржа традиционалната вечер  на македонските бизнисмени и професионалци, наречена „Македонска трпеза“.  Покрај многубројните гости, присутен на вечерата беше и Амбасадорот на Република Македонија во Австралија Господинот Веле Трпевски, како и генералниот конзул на Република Македонија во Канбера, Господинот Драган Богдановски.

Вечерта, Редакцијата на Македонскиот телефонски именик ги додели највисоките признанија “ Македонско сонце“, за најдобри достигнувања во 2016 година.

Од областа на бизнисот наградата “ Македонско сонце “ за 2016 година, за натпросечни деловни резултати ја доби Господинот Џејмс Рошков, сопственк на Адвокатската компанија, "Hencock Alldis & Roskov" од Сиднеј. Покрај нив номинирани за оваа висока награда беа: Гоце и Елизабета Стојановски, сопстевеници на "Kings Court Delicatessen" и Господинот  Димитар Тодоровски, сопственик на " Healthy Stone Treed"  од Сиднеј.

makedonska-trpeza-sidnej-2

 “Македонското сонце“ за најдобри достигнувања во општествените дејности, образованието, културата и спортот, во 2016 година, го доби МКУД „ Илинден“, за  успешно организираниот педесет годишен јубилеј од постоењето на друштвото, а номинирани за ова признание беа и новинарката и општественик Радица Бојковска Димитровска  и Прилепското друштво „Методија Андонов - Ченто“ од Сиднеј.

Наградата за животно дело ја доби Господинот Тоде Кабровски од Сиднеј.

Вечерта беше прочитано Отворено писмо до жителите во Македонија и до македонците во светот со кое се дава потполна подршка за зачувување на интегритетот и унитарноста на Македонија и остро се осудија сите обиди за да се разнебити татковината , народот и македонскиот јазик.

makedonska-trpeza-sidnej-3

 Забавата помина во пријатна и весела македонска атмосвера. Присутните ги забавуваа музичката група “Арија“ и Репрезентативниот Ансамбал на лауреатот- МКУД „Илинден“ од Сиднеј.

 Македонскиот телефонски именик е книга за секој дом. Тоа е најиздавана македонска публикација во дијаспората. Македонскиот телефонски именик е гордост на македонската заедница во Австралија. Редакцијата на Македонскиот телефонски именик на сите Македонци им се заблагодарува на довербата со желби за понатамошна успешна соработка.

Соња Лозановска

 

На прво место

News image

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.