Среда, 03 Мај 2017   
Во Сиднеј премиера на: ИЗНЕНАДУВАЧКА ЗАБАВА

iznenaduvacka-zabava-1

Минатиот петок, 28 април, во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ во Рогдаел (Сиднеј) се изведе премерата на драмата Изненадувачка забава од Стефо Нанцу во изведба на реномираниот Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.

Како и што беше најавено, преставата беше наменета за помладата гледачка бублика по повод Неделата на младите, но исто наменета за сите генерации со теми тесно поврзани на македонските семејства во Австралија: културната изолираност, конфликт во семејството, притисокот врз младите, економските тешкотии, гордоста за своето име, јазик и нација... Драмскиот писател и режисер кој исто така се појавува како глумец во повеќе улоги, Стефо Нанцу, донесе свежина на сцената со приклучување на седумнаесет актери од 7 годишна до 60 годишна возраст, актери од македонска и друга националност, само да се долови мултикултурниот дух во кој се живее во Австралија. Во еден мозаик на секојдневни збиднувања се следи животната приказна на Кирил (Антонио Нешковски), неговата сестра Кристина (Стефани Тодоровски) и малиот брат Кристиан (Стефан Нешковски) во семејството каде владее конфликт помеѓу Мариа (Гордана Милошевска) и Луи (Зоран Гулабовски). Во целата таа конфузија на секојдневната „борба“ да се задоволат потребите на сите членови во семејството се појавуваат дедо Борис (Васко Србиновски) и баба Лена (Илдико Кис) кои се обидуваат да ги „решат“ проблемите во семејството.

iznenaduvacka-zabava-2

На прв поглед изгледа дека семејството се распаѓа се додека не се дознае животот на другите семејства, како на Оска (Ребека Осаливан) и траумити на Бинг (Изабел Џордан) низ кои поминуваат некои млади во Австралија и секојдневните семејни разочарувања на Ребел (Софиа Тудмен) и успесите на Даш (Мајкал Кулевски), а и животните сонови на постарите како на Мила (Јаворка Котевска), а сето тоа преку интеракцијата на пешачкиот премин каде грижителот/заштитникот а и набљудувачот на луѓето кои ги делат своите проблеми со Алекса (Валентина Апостоловска) дознаваме дека љубовта кон луѓето во средината во која живееме е битна за нашата егзистенција.

iznenaduvacka-zabava-3

На многу природен и професионален начи ги интерпретираа своите карактери, како пример би ја спомнал наставничката Г-ѓа Стил (Марика Кулевска), Татјана Нешковска во улогата на Заклинда покажа дека е изврсна актерка иако по втор пат е на сцена како и Ан-Марие Вајлс во улогата на Бронвин која после повеќе години се врати на сцена и Илдико Кис со голем професионализам ја изигра/трансформира улогата на баба Лена. Младите Стефани, Стефан, Софиа, Мајкал Ребека и Изабел иако за прва пат се на сцена покажаа дека имаат голем артистички/глумачи потенцијал за кои доправа ќе слушаме, посебно би го спомнал седум годишниот Стефан. Ветераните на АМНТ Стефо, Васко, Валентина, Гордана, а посебно Зоран и Антонио покажаа вистинска професионалност со високи глумачки вештини за кои треба да се гордееме што се дел од овој Театат.

iznenaduvacka-zabava-4

Сценографијата и музиката беше на Стефо Нанцу и Никола Апостоловски кој исто управуваше со светлата.

Честитки до режисерот Стефо и целата екипа на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј кој за последните девет години од формирањето на сцена успешно има поставено идинаесет драми и две монодрами.

Следните престави на Неочекувана забава се во Bankstown на 5 мај во 19 часот во Bankstown Polish Club, 11 East Terrace, во Carlton на 7 мај во 18 часот во Shopfront Theatre, 88 Carlton Pde., во Wollongong на 13 мај во 19 часот во Sun Lounge Function & Reception Centre, 14 Stewart St.

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА СРЕДБА - ТРНОВО 2017

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Историја

News image

Соопштение за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона

Во пролетта на 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ територијата на Македонија ја подели на пет оп...

Иселеници

News image

Радио емисии на македонски јазик во Европа и Европската унија (12)

Воведувањето радио програма на македонски јазик во Европа ...

Култура и туризам

News image

Густав Вајганд за културата и обичаите на населението во Македонија

Една особено шарена слика претставуваат неделните пазари каде што селаните и селанките во најразличн...

Фељтон

News image

Илија Донев – духовник и чувар на религијата кај Македонците во Канада (13)

Кога се пишува за македонските православни цркви и црковни општини во Канада, неод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.