Среда, 10 Мај 2017   
Во Сиднеј незаборавна драмска изведба

neocekuvana-zabava-1

Минатата недела, на 7-ми мај, во просториите од Шопфронт театарот во Карлтон (предградие на Сиднеј) по четврт пат беше прикажана драмската изведба „Неочекувана забава“ од авторот Стефо Нанцу.

Во полната сала, артистичката група од Сиднеј на гледачите им приреди вистинско изненадување со изведбата на ова драмско дело, кое преовладува со семејни проблеми на помладата генерација, од која последиците ќе ги трпат родителите и нивните деца. Оваа драма е мошне поучна приказна, од која поука може да добие секое семејство кое живее во оваа нова наша нова татковина во која животот е многу брз и темпераментен и бара меѓусебно разбирање и толеранција. Авторот и режисер, Стефо Нанцу, ова дело толку умешно го напишал и режирал што навистина треба да му позавидат и врвни театарски и филмски сценаристи и продуценти. Уште позначајно е тоа што во драмата успеал да внесе двојазичност и толкувањето на улогите им го доверил покрај на македонските артисти и на артисти од други јазични националности.

neocekuvana-zabava-2

За артистите од овој Австралиско-македонски теарар од Сиднеј може слободно да се каже дека после неговото 10 годишно постоење, во кое настапувале во повеќе драмски дела на авторот Душан Ристевски и на други автори, тие се целосно компактен тим и нема драмско дело кое со љубов и елан тие не би го реализирале. Во последново драмско дело настапуваат седумнаесет артисти од повеќе возрасти што е вистински успех и за секаква пофалба.

Од респект за нивната артистичка пожртвуваност не сакам да издвојувам добар од подобар, туку тоа ќе го сторам преку објавување на нивните имиња во овој запис, кој се надевам ќе остане и како историски доказ за постоењето на театарот и неговите успеси во афирмацијата на македонскиот јазик и култура во оваа далечна земја, Австралија. Еве ги нивните имиња: Гордана Милошевска, Валентина Апостоловска, Васко Србиновски, Зоран Гулабовски, Татјана Нешковска, Антонио Нешковски, Илдико Кис, Стефани Тодоровски, Стефан Нешковски, Марика Кулевска, Ана – Марие Вајлс, Мајкал Кулевски, Ребека Осаливан, Софиа Тудмаен, Изабел Синдон Џордан, Јаворка Котевска и секако авторот и режисерот Стефо Нанцу кој играше повеќе улоги . Техничката работа му беше доверена на Никола Апостоловски кој професионално раководеше со сценското осветлување и музичкиот аранжман.

neocekuvana-zabava-3

Последната претстава на „Неочекувана забава“ ќе биде идната сабота на 13-ти мај во Волонгонг, во просториите на црковната сала на црквата Св Димитрија Солунски со почеток во 19 часот.

Иван Трпоски

 

На прво место

News image

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.