Среда, 17 Мај 2017   
Во метрополата на германската вистина – Берлин (4)

berlin4-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ГЕРМАНИЈА

Речиси секој дојденец во Хамбург, од повеќе причини, задолжително ја посетува железничката станица. Таа е, буквално, подземна железничка станица сместена во строгиот центар на градот и е поврзана со сите делови од градот, со најголем покрив од сите же­лез­нич­­­­ки станици во Германија, којшто е долг 140 метри, широк 120 метри, а висок 35 метри. Под таа железна конструкција има бројни ресторани, киосци, продавници, во кои врие како во кошница, поради нивното работно време.

От­тука, посетителот ги има сите врски со под­зем­на­­та и надземната железница, кои како со нож го се­чат градот и го превезуваат ефикасно најголемиот број од неговите жители и посетители. За жал, околу же­лезничката станица се собираат и најголемиот број корисници и дилери на современото зло на чо­веш­твото - дрогата, во што и се уверивме при нашата посета.

Посебно впечатлива е авенијата „Мон­кеберг“, со многуте стоковни ку­ќи, трговски дуќани и други интересни објекти, какви што се црквата „Свети Јакоб“, во која има три цркви посветени на свети Лука, на свети Петар и на свети Тројца, а ко­ја е изградена во XIV век. Оваа црква е позната и по фамозната Штитгерова органа од XVII век, на која еднаш свирел и Јохан Себастијан-Бах. Во не­по­сред­на близина на центарот е градскиот пазар од кој се пружа прекрасна глетка кон најзначајната и нај­­познатата зграда на Хамбург - Ратхаус (Градското со­брание). Тоа е нај­пре­поз­нат­ливата, најубавата, нај­сли­ка­ната зграда и симбол на гра­дот. Овој значаен и по многу нешта специфичен и ин­тересен објект е из­гра­ден кон крајот на XIX век во нео­ре­не­сан­сен стил. Ратхаусот е симбол на са­модовербата на гра­­ѓаните, како и седиште на Се­натот и на Градскиот пар­­ламент.

Зградата лежи на мочурлива почва. Затоа при из­градбата било потребно да се вложат големи на­пори и средства за денес таа да се вишнее во небото и да £ пркоси на иднината. Кулата што е симетрично по­­ставена во средината на зградата и која е главен влез, од каде се поврзани сите нејзини делови, е ви­­со­ка 112 метри. А таа зграда - убавица на Хамбург, како често ја нарекуваат, има 647 соби, односно шест повеќе од Бакингемската палата во Лондон. Целата е во преубав мермер, украсена со позлатени предмети, вредни умет­нички слики, орнаментика, де­ко­ра­ции, ме­бел и сè што било убаво и значајно во минатиот век.

Хамбург е градот во кој се доселиле жители од европските и другите земји, меѓу кои и неколку ил­јади Македонци, од сите краишта на Македонија. Пр­вите дојденци или „привремено вработени“, како често ги нарекуваме (а кои останаа постојано), се до­селиле околу 70-тите години на минатиот век, кога кај нив  започнал пр­виот процес на организирање во одреден број асо­ци­јации. Меѓутоа, се чини дека Македонскиот клуб „Илинден“ и Македонската православна црква „Свети Ѓорѓи Кратовски“ остануваат да би­дат место со најзначајните активности што ги реа­ли­зираат Македонците во тој дел од Германија.

По Хамбург следната наша дестинација беше Бон, сместен на бре­го­вите на реката Рајна, со околу 200.000 жители. Тоа е род­ното место на Лудвиг ван Бетовен, градот на старата рим­ска тврдина и на други стари и нови зданија. Во минатото во Бон биле смес­тени речиси сите дипломатски претставништва од светот, чиј број изнесувал 150, поради што го на­ре­ку­вале и град на дипломатијата. Меѓутоа, најголемиот број диломатски претставништва се преселиле во Берлин.

По кусата прошетка низ Бон се упативме кон хо­телот „Холидеј ин“, каде се одржа заедничка сред­­­­ба на македонските клубови, друштва и цр­ков­ни оп­ш­тини со претставници на амбасадата на Ре­пуб­ли­ка Македонија во Германија. Средбата беше убаво ос­мислена, органи-зирана и посетена од прет­став­ници речиси на сите македонски асоцијации во Гер­ма­нија.

Го напуштивме Бон и се упативме кон Келн.  Како и Хамбург и Келн е град - пристаниште, но на реката Рајна, во близина на Рур, главен град на Северна Рајна Вест­фалија, со која Република Македонија има многу доб­ри економски односи. Кога го гле­давме Келн, се потсетивме на податокот дека таму е нај­ста­­риот универзитет во Германија, основан во 1388 го­­дина, дека има бројни готски и романски објекти, вклу­чувајќи ја и познатата Келтска катедрала.

Потоа, заминавме за Берлин, главниот град на Гер­манија кој со својата местоположба е исто толку оддалечен од центарот на Германија како и Бон, со тоа што тој се наоѓа во центарот на Европа. Поблиску е до Прага и до Копенхаген, отколку до Бон и одвај да е нешто подалеку од Варшава, отколку од Франкфурт на Мајна. Надежта дека Берлин ќе биде во мож­ност да го добие значењето што го имаше за вре­ме на Вајмаровата Република е оправдана. Интелектуалниот „лонец за топење“ и ковачницата на таленти, кои му ја дол­желе својата привлечност на судирот меѓу Западот и Истокот можат повторно да бидат создадени.

berlin4-2
Берлин

Како и во 20-тите години од минатиот век, Берлин е меѓународен, кос­мополитски град и град на културата, со исклу­чи­тел­но жива квалитетна и разновидна театарска, уметничка и музичка понуда. 

Во Берлин човек во поголема мера се соочува и со германската историја - со објекти и споменици на Прусија и на германското царство, со архитектура на Вајмаровата Република, со докази за Третиот рајх со места од кои се вршени прогони на Евреите со докази за едно поинакво време и настани. Ова соочување со минатото, исто така, може да пре­диз­вика политичарите на новата генерација да бидат предводници на сосема друг курс во модерните текови и предизвици.

Германија, европскиот и светскиот џин и водечката сила во Европската унија, е примамлива дестинација во која се доаѓа, се гледа, се шета или се работи и се замину-ва, а патеписецот останува со извонредни впечатоци за минатите времиња и времињата што доаѓаат.

Се вративме во Франкфурт каде останавме цел ден, бидејќи авионот за Скопје леташе во вечерните часови. На аеродромот имаше многу патници кои ги преплавија фри-шоповите каде купуваа стока од цел свет, и имавме чувство како да сме во некој голем трговски центар. За разлика од прекуокеанските летови кои тргнуваат од аеродромската зграда, ние требаше да одиме со автобус до нашиот авион кој беше на една споредна писта, како и други авиони, особено од источните земји на Европа.

Летот за Скопје беше удобен и безбеден. Слеговме во Скопје каде бевме пречекани од неколку пријатели. Тука се чувствувавме посигурни бидејќи бевме на македонска земја.

Крај

slave-katin-germanija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА СРЕДБА - ТРНОВО 2017

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Историја

News image

Соопштение за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона

Во пролетта на 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ територијата на Македонија ја подели на пет оп...

Иселеници

News image

Радио емисии на македонски јазик во Европа и Европската унија (12)

Воведувањето радио програма на македонски јазик во Европа ...

Култура и туризам

News image

Густав Вајганд за културата и обичаите на населението во Македонија

Една особено шарена слика претставуваат неделните пазари каде што селаните и селанките во најразличн...

Фељтон

News image

Илија Донев – духовник и чувар на религијата кај Македонците во Канада (13)

Кога се пишува за македонските православни цркви и црковни општини во Канада, неод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.