Среда, 14 Јуни 2017   
Швајцарија – земјата на федерални контрасти и на зимските спортови (1)

svajcarija1-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ШВАЈЦАРИЈА

Многумина во светот мечтаат да ја посетат и видат Швајцарија, земјата која изобилува со богатство, убавина, контрасти, часовници, земјата на алпското сирење, на дивината, на зимските спортови, земјата на напредокот, на иднината. Оваа држава на тајните банкарски влогови, или како луѓето од бизнисот од светот ја нарекуваат „држава трезор“, за патниците, посетителите и намерниците е предизвик и раскрсница на светот, за еколозите – пример од светски размери од чистота, за богатиот свет – место за одмор и рекреација, а за Македонците – второ катче за живеење, за поголем број нашинци кои свиле гнездо привремено или постојано во Швајцарија.

Швајцарската Конфедерација или Швајцарија е европска земја, - без излез на море, како Република Македонија. Земјата која се граничи со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ и Австрија и Лихтенштајн на исток е седиште на голем број меѓународни организации. Швајцарија има вековна традиција на политичка и воена неутралност, но исто така и на меѓународна соработка. Таа е позната како  конфедерација и претставува еден од најдобрите примери за развојот на федeралните односи на територијата на Европа.  

Според пишаните историски документи, Швајцарија уште во 1291 година била поделена на три подрачја. Тие кантони биле формално дел од Германското царство уште од 1339 година. Договорот кој бил постигнат е познат како Bundesbrief, кој во превод значи федерација. Од тогаш, овој сојуз се нарекува и Голем сојуз.

Овој сојуз во текот на 14 век имал огромни успеси, добивајќи независност од Хабсбуршката династија и Германското царство. По победата над германскиот цар Максимилијан II во 1499 година, сојузот уживал во потполна независност, и главно се засновал на принципот на неутралност. Веќе во почетокот на 16 век, сојузот се состоел од 13 кантони, кој како систем на уредување во Швајцарија постоел сè до започнувањето на ерата, на малиот по раст, а голем по сила-Наполеон Бонапарта.

За време на Реформацијата, Швајцарија го избегнала внатрешното разделување и немири, настани со кои биле зафатени соседните европски држави. По падот на Наполеон во 1798 година, Швајцарија го добила својот прв Устав. Така,  конфедералното уредување било укинато, а државата станала унитарна, а кантоните станале обични административни единици.

svajcarija1-2
Берн

Во 1802 година, Уставот бил променет со нов, кој го ублажил унитарниот режим на власта. Во самата држава владееле недоразбирања помеѓу унитаристите и федералците. Наполеон се обидел да донесе т.н. посреднички акт кој го содржал федералното уредување со некои конфедерални елементи кои предвидувале поголеми права и власт на кантоните. Но, системот не се покажал со примена во пракса, затоа во 1815 година, на Виенскиот конгрес, Швајцарија била разделена на 22 кантони со конфедерално уредување.

Исто така, во историските документите се вели дека промената на Швајцарија од конфедерација во федерација била проследено со граганската војна и промената на Уставот. Во 1847 година, католичките кантони формирале свој сопствен сојуз со намера да се одвојат од протестантските кантони. Така започнала и граѓанскатса војна која траела краток период и со мал број жртви. Како последица на тое,  во 1848 година бил донесен нов Устав според кој било забрането било какво делење односно формирање на сојузи.

Швајцарија е интересна земја, особено по своите природни убави. А тоа се должи на климата која е умерено-континентална, на планините - планинска, претежно алпска. Околу 30% од нејзината територија е покриеа со планини. Во умерените реони околу Алпите, температурите се многу ниски поради висините. На поголемите висини на планините, снегот останува преку целото лето. На падините, пак, се создаваат микроклиматски услови, а по долините дуваат ветрови. Летата во Швајцарија се топли и влажни со повремени дождови, а наспроти тоа зимите се студени со големи врнежи од снег.

svajcarija1-3
Женева

Инаку, бројот на населението во Швајцарија е околу осум и половина милиони од кои се: Германци 63,7 %, Французи 20,4 % и Италјанци 6 %. Исто така, таму свиле ново гнездо и голем број поранешни македонски жители, од кои најбројни се македонските Албанци. Во Швајцарија службени јазици се: германскиот, францускиот, италјанскиот и ретороманскиот јазик.

Во таа демократска земја нема главен град, но Берн, всушност ја има таа улога. Во него живеат околу сто и триесетина илјади жители, затоа тој е петтиот по големина град, по Цирих, Женева, Базел и Луцерн. Во пошироката урбана зона, пак, таму живеат над 660.000 жители и со тоа Бернската област е четврта најнаселена област во Швајцарија.

Градот Берн веќе со години се наоѓа меѓу неколкуте први места на листата градови по квалитетен живот. Покрај тоа, стариот дел од градот, кој е добро сочуван и извонредно уреден, е ставен на списокот на Светските градови на УНЕСКО. Берн се наоѓа во средишниот дел на Швајцарија, подеднакво оддалечен од Германија, Франција и од Италија.

Најголемиот град во Швајцарија е Цирих и е главен град на кантонот Цирих. Лоциран е во централна Швајцарија на северозападниот крај од Циришкото Езеро. Додека општината брои околу 380.000 жители, областа на циришката метропола е урбанизирана област од меѓународно значење со близу 2 милиони жители. Цирих е раскрсница на железнички, патен и воздушен сообраќај. Циришкиот аеродром и железничката станица се најголемите и најфреквентните во земјата.

Женева, пак, е втор град по население во Швајцарија (после Цирих). Се наоѓа на југоисточниот дел од државата. Градот е претежно населено со французи и се наоѓа блиску француската граница. Во близината на Женева се наоѓа Женевското езеро кое важи за едно од поубавите езера во Западна Европа. Во Женева се наоѓа и едно од седиштата на Обединетите Нации.

svajcarija1-4

Според пописот во 2008 година во Швајцарија христијанството е доминантна религија, поделено помеѓу Римокатоличката црква (46%) и Швајцарската реформска црква (40%). Имиграција го донела исламот во изминатиот век, и денеска бројот на муслиманите е околу 4.26%. Истот се однесува и за православието, чијшто процент е околу 1.8%. Други помали религиозни зеадници се различни протестантски вероисповеди (во висина од 1,94%), Нова Апостолска Црква (0,45%), Хиндуизам (0,38%), Будизам (0,29%), Јудаизам (0,25%), Јеховините сведоци (0,23%) и Старокатоличка црква (0,18%). 11,11% од Швајцарија се атеисти според податоци од 2000 година, други 4,33% одбиле да дадат изјава.

Ете тоа е дел од истористичката документација на позната демократска Швајцарија, земјата на часовниците, на зимските спортови, земјата на напредокот и на федералните контрасти.

Продолжува

slave-katin-svajcarija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.