Среда, 21 Јуни 2017   
Јубилеј: Десет години од формирањето на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј

amts

На 23 мај 2007 година се формира Австралиско македонскиот театар од Сиднеј кој за последните десет години постави на сцена 13 оргинални продукции. Со своите продукции гостувал во повеќе градови во Австралија, успешно оствари две турнеи во Република Македонија каде учествуваше и на театарскиот фестивалот  „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

После само една година од формирањето, се стави на сцена драмата Страв и срам (2008), а потоа следеа драмите Мр Балкан (2010); Стари и весели (2011); Раскол (2012); Остави ја свеќата да гори (2012); Борење со мечка  (2013) Ограда (2014); Доктор жими мајка (2015); монодрамата Ченто (2015); Куферот (2016); Баба се мажи (2016); монодрамата Неда (2016); Неочекувана забава (2017).

amts2

Театарот е добротворна општествена организација со цел да ја промовира драмската и театарската уметност. Главните целина оваа организација се да ги зближи луѓето од македонско потекло кои се активни и креативни во сценски продукции, драма, театар, музика, филм, креативно пишување и играње; да ја промовира заедницата преку театарско, филмско и фестивалско творештво; да им помогне на интерпретатори, артисти, глумци посебно од помладата генерација со вклучување во оваа уметност.

За време од една деценија Театарот одигра важна улога во подобрување на културно-забавниот живот на Македонците во Австралија но исто така повеќето од драмите, поради темите поврзани со здравјето и семејството, се употребија за просветување на македонската заедница, посебно тука би ги одвоил драмите „Страв и срам“, „Стари и весели“, „Оставија свеќата да гори“ и „Борење со мечка“.

amts3

Театарот, преку своите продукции успешно делува во промовирање на македонската култура и нација во Австралија. Истите се посетени од повеќе илјади Македонци од сите генерации како и од австралјанската публика.  Делови од преставите како и целосни престави се работени и на англиски јазик за пошироката публика. Театарот е награден во 2009 година од Министерството за здравје и Центарот за ментално здравје за успешното иноваторство во едуцирање на македонската заедница. Во 2015 година, од Мултикултурен НЈВ, Театарот ја доби престижната национална награда за култура и уметност за драмата „Ограда“. Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во 2015 год. на Театарот му додели Повелба за промовирање на македонската култура и нација.

Покрај тоа што Театарот повеќе пати е наградуван, самите артистите се имаат здобиено со повеќе награди. Драматургот Душан Ристевские награден со посебна награда за театарско иноваторство од Министерството за здравје на Нов Јужен Велс за драмата Страв и срам.  Премиерот на Нов Јужен Велс во 2015 год. го награде Душан Ристевски за неговата неизмерна работа во мултикултурната заедница посебно во театарската уметност.

amts4

Артистите Олга Николовска, Васко Србиновски како и режисерот Стефо Нанцу се добитници на наградата Златно сонце за своите достигнувања во театарската уметност и нивната работа во овој македоснки театар. Со цел да се признат креативните способности на артистите во Австралија, во 2015 год Театарот ја воспостави наградата Александар Македонски. Оваа престижна награда за најдобро толкување на машка улога ја имаат добиено Стефо Нанцу (2015) и Васко Србиновски (2016) за најдобро толкување на женска улога ја имаат добиено Јаворка Котевска (2015) и Валентина Апостоловска (2016). Со наградата Александар Македонски за животно дело во работење во театарот се наградени Душан Ристевски (2015) и Васко Србиновски (2016).

Театарот исто така одигрува важна улога во зачувување на македонскиот јазик во Австралија. Преку продукциите гради еден мост помеѓу постарата и новите генерации на Македонци. Театарот преставува како амбасадор на македонската театарска уметност и култура во Австралија.  Честит нека им е јубилејот со желба успесите да се множат и понатаму.

Иван Трпоски

Facebook: Australian-Macedonian Theatre of Sydney (AMTS)

 

На прво место

News image

ДЕМАРШ ДО АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ГРУБО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА!

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира до американскиот амбасадор Џес Бејли, зарад...

Историја

News image

ПРОГЛАС ОД ОКРУЖНИОТ ОДБОР НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ ЗА ВОДЕНСКО

Народи како нашиот, бездомници, со векови потиснувани и поробувани, го грабнале оружјето во рацете и...

Иселеници

News image

Библиотеката во Мил Парк го одржа деветтиот по ред Саем на книгата наречен Booklovers festival

На овој фестивал свои дела претставија 39 автори меѓу кои ...

Култура и туризам

News image

Крали Марко и непослушната жена

Коа се скарал со жената  и си јавал на коњот отишол во Солун Крали Марко. Па му рекла мајка му:...

Фељтон

News image

Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење (14)

Македонската православна црква-Охридска архиепископија е важен фактор кој игра зна...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.