Среда, 21 Јуни 2017   
Македонските гласила „Наш лист„ и „Македонски весник“ во Шведска (8)

svedska1

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Улогата на средствата за јавно информирање кај Македонците во Шведска била е и ќе биде од суштинско значење. Информативните гласила се  незаменливи во продолжувањето на културните традиции на македонските доселеници во новиот свет. Тие настојуваат целосно да го запознаат читателот со македонскиот јазик, културата, историјата, фолклорот, обичаите и со други карактеристики донесени од Македонија.

Во Шведска се печатени бројни гласила. Едно од нив беше списанието „Илинден 1903“, кое се појави во 1976 година, во Партиле. Тоа беше орган на ДОМ (Движење за ослободување на Македонија). Се печатеше на македонски јазик. со кирилица и на шапилограф. Сгисанието го уредуваше Миле Илиевски, а соработуваа членови од групата на ДОМ. Тоа се печатеше повремено и се излезени десетина броеви. Страниците на ова гласило се исполнети со бројни материјали од областа на историјата на македонскиот народ, со посебна нагласка на делото на Методија Андонов — Ченто.

„НАШ ЛИСТ" (1978) — ГЕТЕБОРГ

nas-list

Списанието „Наш лпст", всушност е првото име што го носат броевите од 1 до 9, а од број 10 во иднина се печати под новото име „Македонски весник". Првиот број излезе на 12 февруари 1978 година на 12 страници, на формат 21 х 29 см. на маке-донски јазик со кирилица. Главен и одговорен уредник е Благој Миленковски. Тоа е информативен лист на друштвото на Македонците „Гоце Делчев" од Гетеборг. Клишето на главата е на макeдонски и на шведски јазик, лево е амблемот на друштвото, а во средината ликот на Гоце Делчев.

Во воведната статија на првиот број, покрај другото, се вели: „ Кога се формира нашето друштво се носевме со мисла да издаваме весник, списание или некој друг вид публикација на друштвото. Скоро секоја новоизбрана управа на друштвото го поставуваше тоа прашање како една од најважните точки во програмата за својата работа. Причината што таа умна мисла не беше досега обистинета беше прашањето на економските средства. Сегашната управа на друштвото смета дека условите се зрели и можностите дозволуваат еден скромен почеток. Весникот е замислен како периодична публикацијa и ќе излегува според потребите и можностите, а неговата цел е на јавноста да дава информации за: работата на друштвото и неговите секции, за новостите од заедничкото живеење, законодавството и актуелните прашања во Татковината и во Шведска, за културните и спортските настани и други активпости".

Првиот и наредните броеви од весникот содржат текстови за бројни активности на Македонците во Гетеборг и пошироко, особено на друштвото „Гоце Делчев", речиси сите илустрирани со фотографии. Од почетните 12 страници, тој од третиот број излегува на 16 страници, а од осмиот број дури на 20 страници, на кои редовно информира за активностите на Македонците на тие простори.

„МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК" (1979 ) - ГЕТЕБОРГ

mb-vesnik

Поголемо и ангажирано собирање на Македонците во Шведска се почувствува во почетокот на осумдесеттите години. Во тој период се формираа првите друштва „Годе Делчев" во Гетеборг и „Македонија" во Малме, чија основна цел беше, пред се’, омасовување и прибирање на поголем број членови, а потоа обединување на друштвата и клубовите во македонската заедница.

Како резултат на овие активности започна да излегува и списанието „Македонски весник". Во него е забележано дека тоа е национално гласило на Македонците во Шведска и е хроничар на збиднувањата и на активностите од културата, просветата, фоклорот и спортот во македонските заедници во Шведска. Списанието, истакнува во еден од воведниците дека не се занима со политика, бидејќи не е орган на некоја политичка организација, туку им служи на привремено (постојано н.з.) вработените од Македонија да ги искажат своите литературни способпости и склоности. Целта му е да биде мал гостин во домовите на голем број нашинци во Шведска.

Списанието „Македонски весник" започна да излегува на 12 февруари 1978 година, како информативен весник и периодична публикација на македонското друштво „Гоце Делчев" од Гетеборг под име „Наш лист", а од двобројот 6 и 7 (септември и октомври) 1978 година, како орган на Интересната заедница на македонските друштва и клубови во Шведска.

Првата година под името „Наш лист" се отпечатени 9 броеви, а од бројот 10 печатен во јануари 1979 година, списанието го менува името во „Македонски весник". По Второто годишно собрание на Македонската интересна заедница во Шведска, од февруари 1981 година списанието започна да нзлегува како орган на Координациониот одбор на македонските друштва и клубови во Шведска.

geteborg
Гетеборг

Првите броеви на списанието „Македонски весник" се печатени на 12 страници со скромни новинарски и технички можности. Меѓутоа, од број до број списанието се подобруваше и по обем и по содржина, израснувајќи во модерно и современо гласило, паралелно растејќи како што се развиваа друштвата и клубовите на Македонците привремено (времено н.з.) вработени во Шведска.

Заклучно со бројот 18 од ноември 1979 година, списанието го уредуваше Редакциски одбор од македонски активисти претежно од Гетеборг, меѓу кои: Виолета Димовска, Александар Митревски, Пеце Атанасовски, Јордан Стојановски и Трајан Масев, a главен и одговорен уредник беше Благој Миленковски. За време на 14-годишното постоење на весникот се отпечатени околу 110 броја на формат 21x29,5 см. со компјутерска обработка, на кирилица, и во обем од 16 до 36 страници.

Уште на самиот почеток списанието беше замислено како периодична публикација кое ќе излегува според потребите и можностите, а со цел членовите на друштвата и клубовите заемно да се информираат за работата на секциите, фолклорните групи и фудбалските екипи. Настојувањата беа да информираат и за актуелните прашања во Македонија и пошироко, а во тие рамки и за прашањата сврзани со правата и обврските на Македонците во Шведска.

Во исто време, а за поцелосно активирање на најмладата генерација на македонските граѓани во Шведска, почнувајќи од 1979 година, како додаток на „Макодонски весник“ се печати и списанието за деца „Снегулка".

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо најостро...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.