Среда, 21 Јуни 2017   
На Митровден меѓу Македонците во Тичино (2)

ticino

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ШВАЈЦАРИЈА

Тичино е еден од кантоните во Швајцарија. Тој е најјужниот кантон во федерацијата и единствен кантон каде само италијанскиот е службен јазик. Името на кантонот потекнува од реката Тичино. Овој кантон се наоѓа во јужниот дел на Швајцарија и е опколен од Италија од исток, запад и југ. Во самиот кантон се наоѓа италијанската ексклава Кампионе д’Италиа и е дел од италијанска Швајцарија. Во кантонот Тичино се наоѓаат познатите езера Маџоре и Лугано. Иако кантонот Тичино е сместен во јужната страна на Алпите, него го заплискува медитеранска клима бидејќи е поврзаноста со Италија и со Медитеранот.

Според пишаните документи вкупното население на кантонот Тичино е над триста илјади, од кои 83.1% зборуваат италијански, 8.3% зборувале германски, 1.7% зборувале српскохрватски, а мал процент зборуваат и македонски јазик.Таку  единствен официјален јазик е италијанскиот.  Во Тичино околу 76% од населението се католици и 7% протестанти, а има и бројни православни верници. 

Ние (делегацијата во состав: тогашниот митрополит Горазд, надлежен за Европската епархија на Македонската православна црква, министерот за иселеништво м-р Мартин Треневски, во времето кога постоеше Министерството за иселеништви, како и авторот на овие редови) престојувавме во посета на Швајцарија, на Локарно, главен центар во јужниот кантон, во регионот Тичино.

Таму, во тој убав и туристички град Локарно и во околните места живеат околу илјада македонски семејства, од кои најбројни се од струмичкиот регион. Но, се чини дека селото Ново Коњарево кое се наоѓа непосредно на македонско–бугарската граница се преселило во Локарно. Македонците од ова струмичко село се најбројни, ги има повеќе од сто фамилии.

Исто така, од овој дел на Струмица има поголем број семејства и од Ново Село, Старо Коњарево, како и од селата Муртино, Моноспитово, Самоилово, Колешино, Мокрино, Босилево, Куклиш и други струмички села. Исто така, во овој дел на Швајцарија се доселиле одреден број Македонци од Скопје, Штип, Кочани, Виница, Велес, но нивниот број во споредба со оние од струмичкиот регион е многу мал.

lokarno
Локарно

Тие скромни и благородни Македонци се големи трудбеници и лојални граѓани на двете татковини, Македонија и Италија. Тие се вработени претежно во угостителските објекти на тие простори, а ги има и во градинарството, здравството и во други гранки. Тоа го потврдивме при нашата посета, при што бевме сместени во хотелот „Корона“, чиј сопственик беше скопјанка, една од првите дојденци на тие простори, за кои хотелот беше семеен бизнис.

Ја посетивме Швајцарија и кантонот Тичино за Митровден, големиот христијански празник посветен на свети Димитрија Солунски. Тој дел беше значаен бидејќи беше формирана 28 македонска православна црковна општина на Европската епархија под името „Света Богородица“. Таа покрај Македонската православна општина „Свети Наум Охридски“  во Цирих, е втора во Швајцарија. Затоа, Македонците од Тичино изразија големо задоволство дека Митровден им останал во сеќавање и тој е забележан со големи букви во нивниот црковен живот.

Свечената богослужба на македонски јазик се одржа благодарение на одговорните на црквата „Света Богородица на фонтаните“, која припаѓа на Католичката црква, особено на тогашниот бискуп Дон Гранпа. Тој покажа голема христијанска љубов кон верниците на Македонската православна црква од овој дел на Швајцарија и им дозволи тогаш, а и во иднина да ги вршат своите православни христијански обреди во Католичката црква.

Инаку, црквата „Света Богородица на фонтаните“ е сместена во живописното подгорие на познатиот туристички град Аскона, кој заедно со Локарно прават една целина. Аскона е град во кој се одржува познатиот џес- фестивал, како оној во главниот град на Република Македонија - Скопје.

Таа значајна и светска манифестација се одржува во летната туристичка сезона, за што доаѓаат познати гости од целиот свет. Храмот, пак, „Света Богородица на фонтаните“ бил изграден кон крајот на XVI и XVII век, а во 1882 година бил обновен и дополнет со уште еден објект, кој го користат студенти. А бил изграден и еден параклис сместен пред Црквата. Овој храм е еден од поголемите и поубавите на тие простори. Црквата има интересен фрескоживопис, икони и орнаментика, што е карактеристично за овој дел на светот.

За време на одржувањето на првата богослужба на македонски јазик како дополнение на Црквата беше поставен олтар како во православните цркви, кој беше збогатен со икони донесени од Македонија. Во таков пријатен амбиент, тогашниот надлежниот архијереј на Европската епархија, митрополитот Горазд, во сослужение на прота Ацо Гошевски и еден свештеник на Ерменската православна црква ја отслужи првата богослужба за Македонците од кантонот Тичино.

Голема беше радоста на сите присутни, а ги имаше околу 400 кои ја следеа богослужбата и кои од срце дарија бројни подароци и средства за црквата, како израз на нивната љубов кон својата македонска православна вера, кон својата Македонска православна црква и кон родната Македонија. Во тие радосни мигови им беше подарена една икона – резба и четири копии од виничките теракотни икони, со што се збогати православниот амбиент.

Притоа, голем број верници беа причестени, што за нив претставуваше величествен чин, а со што возвратија со голем број средства како помош за новата Македонска православна црква „Света Богородица“, кон која ја изразија својата силна љубов и желба таа да се проширува и промовира со верници – Македонци.

Вечерта се одржа заедничка веселба, во салата што беше оддалечена дваесетина километри од Локарно, на која присуствуваа повеќе од 500 посетители. Во прија-тниот амбиент кој беше збогатен со бројни постери од Македонија и со други државни и црковни обележја,  гостите ги забавуваа естрадни уметници од Македонија, придружени од македонски оркестар во Швајцарија.

Во текот на целата вечер се пееше и играше до доцна во утринските часови кога и заврши заедничкото другарување на Македонците од овој дел на Швајцарија.

kamena-bogorodica
Црквата „Камена Богородица“

Исто така, се одржа средба на гостите  со поголема група Македонци уште од првиот ден. Тоа беше прва средба од таков вид, ни рекоа нашите домаќини кои на одреден начин се чувствувале како да се заборавени од Македонија. Вакви средби тие посакаа да имаат и во иднина. Во разговорите присутните поставија голем број прашања кои беа од интерес за македонската заедница и воопшто за  македонските доселеници на тие простори.

Во текот на посетата имавме прилика да се запознаеме со голем број културно–историски споменици на тој туристички регион, во кој очигледно преовладува ита-лијанскиот дух. Меѓу другото, ја посетивме Католичката црква „Камена Богородица“, која е лоцирана на стрмните падини на планината што се вишнее над Локарно и претставува значаен споменик што го посетуваат голем број туристи од целиот свет. Црквата започнале да ја градат во 1470 година, а во сите наредни векови била дополнувана, доградувана и обновувана.

При посетата на Локарно сите погледи ни беа  свртени кон езерото Маџоре, кое започнува од вливот на реката Маџа во Швајцарија, а четириесетина километри се протега низ Швајцарија и Италија и продолжува да ги носи водите кон Милано. Ова значајно езеро е туристичка атракција, а во исто време важно од лимнолошки научен аспект.

Тоа е едно од  поголемите и подлабоките езера во светот кое крие многу тајни. По своето значење и изглед наликува на Охридското Езеро, за што постојат научни врски меѓу институциите од Македонија и од Швајцарија. Меѓутоа, за Македонците од Тичино важно е што планините кои се вишнеат над езерото Маџоре и рамната површина кај Лугано наликуваат како по форма, така и по климатските услови на Беласица, односно на Струмичкото Поле. Затоа, Македонците во кантонот Тичино се чувствуваат како да се во Струмица, во Македонија.

Продолжува

slave-katin-svajcarija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.