Среда, 02 Август 2017   
Списанието „Македонче“ од Букурешт – прво македонско гласило (2)

katin-mip

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Македонската емиграција, заедно со грчката, живееше и дејствуваше во рамките на сите организирани форми што ги реализираше Комунистичката партија на Грција, чие раководство и мнозинството од членовите, по поразот на ДАГ беа принудени да емигрираат. Партијата и натаму за емиграцијата претставуваше главна политичка раководна и идеолошка сила, а за сплотување на сета емиграција околу себе и за реализирање на своите програмски цели, формира разни политички и масовни организации и стручни служби со централни раководства и нивни дисперзирани тела во секоја земја одделно.

Сојузите претставуваа масовни организации со основна цел - негување и развој на културно-националните традиции, на политичкото единство на членството, развој на патриотскиот дух и сл. Вака зацртаната активност, сојузите ја спроведуваа преку своите органи, весници и списанија, што нивните централни органи ги издаваа во секоја земја одделко.

Bo почетокот се’ почна повеќе од скромно, со кратки информативни билтени исполнета со најнови информации или ставови на Партијата, со провизорни ѕидни весници во детските домови и фабричките хали, во кои беа вработени повеќето мигранти, во болниците каде што се лекуваа ранети борци на ДАГ и на други места. Веќе од есента 1949 година почнаа да излегуваат и првите весници на политичката емиграција, во чии рамки се печатеа и страници на македонски јазик.

Така, во Романија излегуваше весникот „Нea зои" („Нов живот"), во Унгарија „Лаикос агонас" {„Народна борба"), во Полска „Димократис" („Демократ"), во Чехословачка „Лаикос агонистис" (,,Народен борец"), во Бугарија „Лефтерија" („Слобода"), а во Ташкент, во Советскиот Сојуз, во почетокот излегуваше весникот под име „Прости ники" („Кон победата"), кој подоцна го мени првичното име и излегуваше под наслов ,,Неос дромос" („Нов пат")

Значајно е да се одбележи дека во тие немирни години Комунистичката партија на Грција имала позитивни ставови кон Македонците од Егејска Македонија и, воопшто кон македонското прашање, што подоцна, за жал, тоа раписно се измени.

Инаку, посебни македонски гласила, а особено македонските страници како додаток во грчките весници излегуваа редовно се’ до 1968 година, (период од околу 18 години). Потоа некои од страниците, порано или подацна се укинуваа како резултат на ставот на Централниот комитет на КПГ, дека натамошното издавање на македовските страници и’ пречи на нејзината работа во Грција, во напорите за нејзино легализирање и соработка во Грција, за кои македонското прашање непостоеше.

Првото списание што на македонски јазик беше отпечатено во источно-европските земји е списанието „Македонче", на прогонетите Македончиња од Егејска Македонија. Клишето е на македонски јазик со кирилица со цртеж на борци од Илинден и од HOB. Toa се печатеше на 28 страници на формат 20 х 26. Во почетокот одговорен уредпик бешо Христо Поптрајанов, а беше наменето за македонските деца и за младината. Тоа во Букурешт се појави во август 1949 година во кое работеа: Алеко Дуковски, Павле Каљков, Петре Калабов, како и поголем број соработпнци, ученици и младинци во источноевропските земји.

„МАКЕДОНЧЕ" (1949—1953) — БУКУРЕШТ

makedonce-bukurest

Во воведот во првиот број, се објаснува целта на списанието и, меѓу другото, се вели: „Една сурова војна, што ни ја наложија туѓинците, принуди нашите деца за да се спасат, да го земат патот за туѓина. Во народните републики нашите деца најдоа секаков мајчин и човечки прием што може да даде еден народ кој што твори ново општество со работа, на прогрес, мир и радост и ја чувствуваа нашата борба многу близу до нив, како нивна борба.

За Македончињата на кои првпат им се дава можност да се образуваат на свој мајчин македонски јазик, благодарение на заедничката и општа борба на грчкиот и македонскиот народ, благодарение на големата грижа и помош на народните републики во кои денес живеат, вакво списапне ќе помогне од многу страни. Стремежот, или обидот, да се научат нашите деца на свој мајчин јазик, да им се пренесат револуционерните преданија и духот на нашиот народ, да се научат спрема способностите во местото каде живеат и да се подготват за одбрана и заштита на народот, на мирот и на налредокот.

Настојувањата на списанието се за единство меѓу Македончињата и Грчињата. Имено, како што македонскиот и грчкиот народ се челичеа во борбата против општиот непријател, така сега заедно ќе развиваат љубов, пријателство и соработка со народите со кои што живеат, а особено ќе се стремат нивните деца, да станат патриоти кои ќе ја сакаат својата татковина и својот народ, да станат луѓе со длабока мисла, а нивниот пример да биде нивниот живот, работата, духот и напредокот на социјалистичката младина."

И првиот брај и наредните 35 броеви (колку што се отпечатени во петте години) содржат голем број материјали и за децата и од децата во Романија и пошироко, како и текстови од македонската историја, обичаите, културата  и  образованието.

Втариот број од списанието „Македонче" излезе по два месеци во октомври 1949 година, на ист формат како и првиот број, на 32 страници и со поголем број материјали. Третиот број, пак, е отпечатен на 49 страници истата година во декември.

Во 1950 година се отпечатени исто така три броја, во јануари, јули и декември, кои се исти или идентични како и оние од претходната година. Bo 195I годшна, пак, се отпечатени пет броја, додека во 1952 и 1953 година се отпечатени по дванаесет броја, на ист формат, на различен број страници и со многу богата детска и друга содржина.

Во почетокот списание „Македонче", во недостиг на учебници и читанки за децата, тоа имаше улога на учебпик за Македончињата, а од нero материјали за настава користеја и учителите. Но, она што посебно го чинеше привлечно, беше рубриката „Поетско катче", низ која најмладите првпат можеа на свој мајчин јазик, да ги изразат своите чувства и радост дека се спасени од страотиите на една неправедна војна. Притоа тагата и носталгијата за напуштената таткова земја и копнежот да се вратат пак на старото  огниште беа неизмерни.

Написите со историска содржина го правеа списанието да биде и еден вид прирачник по историја. Од него децата учеа за Илинден, за HOB, а со тоа и ги развиваа овоите патриотски чувства. Низ текстовите од литературата, фолклорот, географијата најмладите Македончиња се запознаваа со минатото, традициите, обичаите на својата поделвда татковина Македонија.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Потребно е да се напредува според квалитет

Мицкоски: Балансерот за вработување до сега се злоупотребуваше и фрустрираше, потребно е да с...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.