Среда, 23 Август 2017   
Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Париз (4)

sv-kliment-spomenik

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ФРАНЦИЈА

Големиот број манифестации се одржуваат по различни поводи и масовно се посетени не само од Македонците, туку и од Французите, кои секогаш знаеле и знаат да го ценат вредното и убавото и да ги искажат оцените или забелешките на нивен својствен начин. Во кулутрно-уметничките друштва при клубовите, кои работат во составот на Црковната општина во Париз, се негуваат културните традиции, се игра тешкото и сите други маке-донски ора, се пејат македонски песни, за како се вели дека им нема број, а Франција како држава со многу висока култура секогаш била одушевена од убавината и колоритот на македонскиот фолклор.

Црковната општина „Свети Климент Охридски“, со своите ченови и нивното организирано работење, достојно и сестрано ја презентира Македонија. А за тоа, се чини, најзаслужни се сите членови на управата на Црковната општина, донаторите, како и познатите и непознатите при-јатели на македонскиот народ кои им дале пријателска рака на Македонците.

Аналитичарите забележале дека црковниот живот на Македонците во Париз, всушност, започнал во малата црквичка на Авенијата „Мишел“, бр. 85, на 9 декември 1990 година, кога се собрале многу македонски фамилии, возбудени и радосни, бидејќи тоа било ден на збратимување и признавање. Православните Французи, Романци и други христијани, исто така, дошле таму да го чујат словото за познатиот славјански учител свети Климент Охридски. Македонците кои со децении живеат во Париз тој ден ја имале привилегијата да чујат молитви и беседи на македонски јазик. Таков бил случајот на беседата што ја одржал свештеникот од Македонија, Александар Гиревски, а која православниот свештеник Мишел Ларош ја превел на француски, кој ги вовел во делото на Свети Климент и воопшто во црковната традиција на Македонската православна црква.

Македонците од Париз дошле во толку голем број што малата црквичка не можела да ги прими во своите скромни простории. Но, тоа никому не му попречило. Луѓето стоеле пред вратата, на прозорците, на тротоарот. Важно било тој ден да се биде тука, да се запали свеќа за покој на мртвите и за среќа на живите, да се поздрават меѓу себе, едноставно, да се видат, а некои и да се запознаат.

Во Париз и во околните места живеат повеќе од 300 македонски семејства од сите делови на Македонија, а најголем број од Македонците на тие простори се собрале во црквата бидејќи тоа било за првпат во Париз да се отслужи света литургија со која се поставија основите на македонскиот православен храм посветен на свети Климент Охридски.

pimen-pariz
Митрополитот Пимен меѓу Македонците во Париз

Црквичката сјаела од многуте свеќи за кои одамна немало место на свеќниците. Ги лепеле по скалите што воделе кон олтарот. Во атмосферата имало нешто духовно, некое ослободување на душата. Како да се давала оддишка на сето она што се насобрало сите минати години. Но, во атмосферата се чувствувал и еден поинаков трепет на дружење, на заедништво, да се биде поблизу еден до друг, да се разговара на македонски јазик, тие да се поздравуваат и да се гушнуваат меѓу себе, како да им било тоа прво видување.

За време на престојот гостите од Македонија се сретнаа со амбасадорот на Република Македонија во Република Франција, Луан Старова, и советникот во Амбасадата, г. Александар Василевски, кои опширно информираа за актуелната состојба во Македонската заедница во Париз.

Потоа, на срдечниот прием на кој присуствуваа и членовите на Управниот одбор на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ и други видни граѓани од македонско потекло коишто живеат во Париз, стана збор за поголем број актуелни прашања и проблеми во Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“ и во Заедницата во целина. Во разговорот беше нагласена неопходноста од соработка на Општината со Македонската православна црква, Комисијата за односи со верските заедници и други институции во нашата држава.

igraorki

Во врска со изградбата на објект на Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“, пак, црковната и државната делагација, како и претставниците на црковната општина, се сретнаа со надбискупот на епархијата „Свети Денис“, господинот Оливиер де Беранжер и неговите соработници, кои беа претставници на Католичката црква во Париз, каде живеат повеќе од еден милион верници и кои имаат околу осумдесет црковни објекти. Во разговорот беше нагласена соработката меѓу Македонската православна црква и Римокатоличката црква, како и долгогодишните

плодни соработки меѓу Македонската православна црква и Ватикан. 

Исто така, делегациите присуствуваа на банкетот што беше организиран по повод петгодишнината на Маке-донската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“, на кој се собраа претставници на црковната општина, фудбалските клубови „Вардар“ и „Македонија“.

На денот на македонскиот просветител свети Климент Охридски, во една од католичките цркви во предградијата на Париз, се одржа црковна богослужба на која чинодејствуваше европскиот архијереј г. Горазд, во сослужение на прота Чедомир Димитриевски. Покрај делегациите од Република Македонија, на богослужбата присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Република Франција г. Луан Старова, и советникот Александар Василевски, претставници на Друштвото „Штркови“ и околу 200 Македонци.

Ваквата духовна поврзаност на Македонците во Париз беше во функција, пред сѐ, тие да ги зачуваат своите вековни традиции, патриотскиот дух, обичаите, религијата и другите национални вредности донесени од родната земја Македонија. Исто така, со своите постигнувања и интеграција во новото општество, тие даваат свои придонеси во збогатувањето на големото француско културно богатство, а во исто време ги прошируваат врските меѓу францускиот и македонскиот народ и  меѓу двете држави, Франција и Македонија.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.