Среда, 30 Август 2017   
Весникот „Глас на Егејците“ – сведоштво за голготата и прогонетите (6)

glas-na-egejcite

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година претставува голгота за македонското население од егејскиот дел на Македонија. Таа беше една од нај­дра­матичните и најсуровите војни со огромни последици и неизлечиви трауми за ма­кедонското население, особено за нај­мла­дите, за недопрените цветови - децата.

Граѓанската војна беше најкобна за на­­па­тениот и измачен Македонец од Егејска Македонија, кој во неа влезе ор­­ганизирано и свесно, со надеж дека низ ору­же­на борба, заедно со про­гре­­сивните сили на грчкиот народ, а против грчката реакција и странскиот фак­­тор, ќе извојува национална слобода во рамките на една нова де­мо­крат­­ска Грција.

Меѓутоа, наместо слобода на македонскиот народ, војната донесе погроми и остави трај­ни траги врз тешката судбина на Ма­ке­­до­н­ецот над кого се вршеа раз­лични репресии и невидени при­тисоци. Како резултат на тоа, огромен број беа при­ну­­дени да ги напуштат своите родни места. Меѓу нив и над 28.000 деца на возраст од 2 до 15 години беа засекогаш откорнати од сво­јата родна земја во 1948 и 1949 го­дина. Тие беа избркани од пра­де­дов­ските до­мови во егејскиот дел на Македонија и беа однесени да жи­веат во разни земји по светот, каде што им беше обез­беден мирен и спокоен живот, но со тага на срцето.

За време на Граѓанската војна, безбедноста на ил­јад­­­ници деца бе­ше во опасност, бидејќи воените единици и жандармеријата во своите на­­ле­ти, со себе безобзирно го земаше цивилното население и децата, меѓу нив сеејќи страв, особено кај учесниците во ДАГ. Поради тоа беше нео­п­ход­но обезбедување посигурен живот на де­ца­та кои најмногу беа из­­ло­жени на опасности што секој­дневно ги носеше Граѓанската војна.

Та­ка, кон крајот на 1947 година, раководството на Комунистичката партија ­на Гр­ција и на Привремената демократска Влада на Гр­ци­ја се обратија ­со мол­ба до владите на земјите со таканаречена „на­род­на демократија“: Ју­го­славија, Ал­­ба­нија, Романија, Ун­га­рија, Чехословачка и Полска, привремено да ги при­мат од ослободените и по­луослободените територии нивните деца. По до­би­вањето на по­зи­­тив­ниот одговор започна системат­ска (смислено нз.) и организирана ева­куација на де­цата од егејскиот дел на Македонија. За илјадници од нив, прогонети од дедовските корени тоа беше и пат без враќање.

Сето тоа повеќе и поскромно е забележано во низа публикации објавени насекаде во светот, особено во Република Македонија, кои ја отсликуваат борбата, прогонот, животот,  тагата на македонскиот народ во несреќната Егејска Македонија.

Меѓутоа, авторот на овој текст Славе Катин, како новинар-аналитичар ќе се задржи на весникот „Глас на Егејците“. Имено, ова информативно гласило почна да излегува во Скопје на 1 сеп­тем­ври 1950 година, како орган на Здру­жението, односно Главниот од­бор на Здружението на бе­галците од Егејска Македонија.

За период повеќе од три години, колку што из­легуваше весникот „Глас на Егејците“, се от­печатени четириесет и еден број. Главен и одговорен уредник на почетокот беше доблесниот Тодор Си­мовски, по­тоа познатиот Ми­хаило Керамитчиев и значајниот новинар и публицист Христо Андоновски, а бројот на со­­ра­ботниците од Републиката и надвор од неа беше навистина им­по­зан­тен.

Ваквата журналистичка актив­ност придонесе весникот да биде еден од прозорците кон светот и сакан гостин во домовите на Маке­дон­ци­те од егејскиот дел на Македонија, кои живееја во Народ­на Република Македо­нија, во многу краишта на ФНР Ју­го­славија и во други земји.

Во уводникот на првиот број на „Глас на Егејците“ од 1 септември 1950 година, меѓу другото, се вели дека, одамна се чувствуваше потреба за издавање ваков весник за бегалците од Егејска Македонија кои жи­веат во ФНРЈугославија. Таа потреба, како што се вели, про­из­легуваше от­таму што весникот требаше да стане ор­га­низатор и раководител на еми­грантите; да ги запознае и да ги ориентира за проблемите на бегалците од Егејска Македонија да биде одраз на животот на Македонците од Егеј­ска Македонија.

Во уводникот се опишуваат и страдањата и бор­би­те на македон­ски­от народ во Втората светска војна, каде што меѓу другото е пренесено и следното:

„Свирепиот монархо­фа­шистички терор и невидената де­на­цио­на­ли­за­т­ор­ска политика на грчката реакција, како и предавничката политика на Ко­мунистичката партија на Грција, при­ну­дија повеќе од триесет илјади Ма­кедонци да ги напуштат своите домови и да побараат прибежиште во ФНР Ју­го­сла­вија, која братски ги прими и сестрано им помогна да ги за­ле­куваат раните од војната“.

Исто така, во бројот 14 од септември 1951 година се вели: „Весникот „Глас на Егејците“ не е само орган на Главниот одбор на Здружението на бе­галците од Егеј­ска Македонија, туку и верен изразувач на вековните на­мери на целиот македонски народ кој со децении се бори за сво­јата на­ционална слобода, за човечки пра­ва. Весникот е огледало на животот на бегалците од Егеј­ска Македонија во Југославија...

Весникот се бори за вис­тината околу НОБ во Грција, која на подмолен начин се обидува да ја замагли предавничкото рако­вод­ство на КПГ (Комунистичката партија на Грција). Тој е жи­вот­на артерија што ги поврзува Македонците во туѓина рас­па­дени од својата родна грутка. Весникот на своите страници ги собира, сис­те­матизира и овековечува борбеното минато, слав­ните тра­диции и мно­губројните жртви на македонскиот на­род во бор­ба­та против неговите поробувачи“, се вели меѓу другото.

Во првиот број на  „Глас на Егејците“, е објавен текстот што се од­несува на животот на децата во Домот во Црик­ве­ница. Во него е забележано дека 292 деца-бегалци (прогонети) од егејскиот дел на Македонија беа смес­тени во ова приморско гратче што се наоѓа во непо­сред­на близина на Риека.

glas-na-egejcit-2

Во рамките на Домот, кој е лоциран на самиот брег на Јад­ран­ско­ Море, беше отворено Ос­нов­ното училиште “Гоце Делчев“, во кое ра­­ботеше би­блио­­тека со скромен фонд на книги (околу 450), а кое по­с­ти­гнуваше видливи резултати за што беше и награ­ду­вано.

Во учи­лиш­тето особено внимание се посве­ту­ва­ше на образовно-просветната ра­бота. Како резултат на тоа училиштето беше најдобро во Цриквеница; во Домот со успех работеа пионерски хор, фолклорна, реци­та­тор­ска и пе­јачка група, а постоеја и домаќинска, шивачка, пеглачка, градинарска и други секции.

Во овој број исто така е пренесен  текстот за една група од 30 деца бе­галци од Егејска Македонија, која жи­вееше во Домот во Осиек, Сла­во­ни­ја, а која го посети Скопје, главниот град на НР Македонија. Имено, од вкуп­­но 86 момчиња и девојчиња од Егејска Македонија, колку што ги имаше во Домот во Осиек, 30 од нив беа на одмор во Охрид, при што покрај уба­виот Охрид посетија и други места во Македонија.

Во бројот 7 од март 1951 година, пак, донесена е веста за изградбата на дом за прифаќање деца-бегалци во се­лото Петровец, кај Скопје, чиј ка­пацитет е за 60 деца, ка­де што се обезбедени сите услови за живот.

Потоа во наредниот број објавен е прилогот за Детскиот дом „Лазо Трповски“ во Битола, во кој се вели дека во новиот дом што беше отворен на 1 јануари 1951 година, сместени се 92 деца, а се очекува во скоро време Домот да прими 120 деца.

 Најмладите во овој дом ги имаат сите услови за живот и работа. Еден дел од помалите де­ца учат во училиштето „Свети Климент Охридски“ а повозрасните во гимназијата. Управата на Домот „Лазо Тр­по­вски“ се погрижи да ги снабди со училишни торби, книги и друг школски прибор.

Значителен простор му е посветен на текстот за Детскиот дом „Го­­це Делчев“ во Струга отворен на 1 март 1950 година. Тој има капацитет за 60 деца од 7 до 14-годишна воз­раст. Де­цата во Домот се безбедни и се води голема грижа за нивното здрав­је и исхрана, а во него со успех работат би­блио­тека и шаховска сек­ција.

На страниците на број 10 од јуни 1951 година, претставен е еден од многубројните дет­ски домови формирани во Југо­сла­вија по ослободувањето, кој имаше за цел да ги прибере сирачињата од војната, како и децата на бедни ро­­ди­те­ли. Тоа беше Домот „11 Октомври“ во Скопје, изграден во истоиме­но­то стопанство, основан во 1947 година во кој од вкупно 93 де­ца, 69 беа од Егејска Ма­ке­донија,  меѓу кои 40 девојчиња.

Објавен е и напис под наслов „Успесите на не­полната гимназија во Бела Црк­ва“, во кој се истакнува дека во учебната 1949/1950 година во Бе­ла Црква се отвори Неполната гимназија, со 221 ученик. Вкупниот број на уче­ниците, заед­но ­со оние во Основното училиште „Гоце Делчев“, из­не­сува 522 деца-бегал­ци од Егејска Македонија, а бројот на наставниците на крајот на година­та бе­ше 12.

Исто така, во долгата репортажа за Домот во Бела Црква од Христо Ан­доновски од ноември 1951 година, се вели дека Домот е центар на воспитувањето. Авторот Андоновски сликовито го прет­ставува животот, ги опишува работните соби, дет­ската изложба, библиотеката, хо­рот, балетската група итн.

Во овој број објавен е и текстот кој се однесува на шовинистичкото раководство на КПГ кое се обидува да ја спроведе својата политика и во детските домови, каде што околу 90% од децата се Македончиња. Притоа е даден маркантниот случај кога авторот на текстот Хри­сто Андоновски го за­пра­шал раководителот на Домот во Бела Црква Никос Геор­гијадис, инаку Грк, зошто наставата ја изведува на грчки јазик, тој се правдал ве­лејќи дека „тие деца се утреш­ни кадри што ќе раководат со грчкиот народ“ .

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.