Среда, 30 Август 2017   
Италија – земјата на минатото, на љубовта на религијата... (1)

italija1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ИТАЛИЈА

Беше убав сончев пролетен ден, насекаде зеленило, а мирисот од пролетните цвеќиња се ширеше низ полињата. Во тие попладневни часови на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје се чувствуваше раздвиженост, бидејќи се очекуваа неколку летови од европските метрополи поврзани со прекуокеанските земји. Се освеживме со пијалак во царинската зона на аеродромот, а оттаму се упативме кон авионот кој беше специјален комерцијален лет за Рим. Откако ги зазедовме своите места во авионот го гледавме официјалното испраќање на некои видни патници од Република Македонија.

Авионот полека се креваше кон запад од каде се гледаше дел од Скопје, но по кусо летање се најдовме над Бистра и Мавровското Езеро, приклештено меѓу планинските масиви кои овде-онде беа покриени со снежна покривка. Авионот се упати на запад кон Тирана, а оттаму кон Јадранското Море, па кон Пиринејскиот Полуостров и конечно кон Рим во Италија.

Италија е јужноевропска земја, географски сместена на Апенинскиот Полуостров и два големи острова во  Средоземното Море: Сицилија и Сардинија. На север преку  Алпите се граничи со  Франција,  Швајцарија,  Австрија и Словенија. Независните држави Сан Марино  и Ватикан се сместени на италијанска територија. А, пак, таа територија на денешна Италија била населена уште во  времето на долниот палеолит.  Просторот бил населен  од страна на неандерталскиот човек. Најпознатите италијански праисториски цивилизации живееле во периодот на неолитот. Овде спаѓаат камунската цивилизација, терамарската, виланованската и други цивилизации.

Во праисторијата, Апенинскиот Полуостров  и неговата површина била поинаква за разлика од денес. Така, на пример, островот Елба и Сицилија биле поврзани со копното, а Венеција била плодна рамнина со влажна клима.

italija2

Италијанците, пак, се потомци на старите племиња кои уште во почетокот на првиот милениум пр.н.е. се населиле во краевите помеѓу Алпите и по целиот Апенински Полуостров и Сицилија. Овие народи биле од различно потекло, а најстари биле Лигурите и Илирите. Некаде во VIII век пр.н.е. на територијата на денешна  Италија се населиле и Етрурците кои се прошириле до реката По и Корзика. Вo близина на територијата на денешна Венеција, исто така, живееле Венетите, додека Сабјаните и Латините живееле во градот Лацио и околу него. Френтаните, Пицентите и Маручените се населувале околу Јадранското приморје. Со мешање на сите овие племиња се создал новиот народ, Италијанците.

Исто така е забележано дека Римската империја беше еден од најголемите империи во древни времиња. Варварската инвазија го уништи Западното Римско Царство и дозволи создавање на германски држави на територијата на Италија. Византија и Франконија во раниот среден век поседувале значајни делови на Италија. Последователните поделба на Италија во мали држави им овозможи на Светото римско царство, Франција и Австрија да доминираат во италијанската политика. Италија беше обединета во втората половина на 19 век.

Од обединувањето и на крајот на Втората светска војна, Кралството Италија создаде колонијална империја во Средоземното Море и Источна Африка. Од 1946 година, Италија е република.

raguza
Рагуза

По средниот век, Италија претставувала седиште на хуманизмот и ренесансата кои ја препородиле европската култура и уметност. Италија била расцепкана на повеќе градови - држави сè до 1861 година кога сите заедно се поврзале во едно кралство. Рим се придружил во 1870 година што претставувало конечно обединување на Италија. Денес, Италија е членка на НАТО и Европската унија, а   во 1957 година била една од државите која ги поставила темелите на Европската унија. Станала една од водечките сили во целиот свет и спаѓа во групата на земји G8.

Според историските факти, меѓу другото, се вели дека првите литературни дела пишувани на италијански дијалекти, наместо на латински јазик, се појавиле во XIII в. Благодарение на творештвото на Данте Алигиери (Божествена комедија), Франческо Петрарка (Песнарка) и Џовани Бокачо (Декамерон), тосканскиот дијалект станал доминантен во XIV век. Во Фиренца се афирмирал италијанскиот како книжевен јазик (почеток на XV век), а напоредно се развивале и сите други уметнички изрази со кои бил навестен периодот на општата преродба (ренесанса).

Со творештвото на сликарот и архитект Џото (фрески во црквите во Асизи, Падова, Фиренца) во преродбен период навлегле и ликовните уметности. По делото и дејноста на музичкиот теоретичар Гвидо Аретински (XI в.), патувачките музичари и пејачи и творците на граѓанската музика, раната ренесанса се почувствувала во световните дела на композиторот Франческо Ландини (XIV век).

По основачот на оперското творештво Јакопо Пери (Дафне 1597), втемелувачот на стилот белканто Џулио Качини и приврзаникот на драмскиот стил во операта Клаудио Монтеверди италијанската музика добила раскошен замав на оперската сцена која својот зенит ќе го доживее во XIX век. Напоредно, создавале и прочуените композитори Антонио Вивалди– творец на формата концерти во три става, Џузепе Тартини– автор на творби со романтичарска инспирација, и Доменико Скарлати – композитор на предкласичните сонати во рококо стил. Векот XIX е време на италијанската опера, кога своите вредни дела ги создале Џоакино Росини Винченцо Белини и  Џакомо Пучини кој навлегол во XX век.

Италијанскиот филм почнал да се произведува во 1904 година, остварил некои специфични жанрови,се потчинил на политиката во ерата на фашизмот, а најголемите дострели ги реализирал во периодот по Втората светска војна, создавајќи дела во неореалистички правец кој подразбираше снимање во реални амбиенти на последиците од Војната, бедата, остатоците од фашистичкиот период, невработеноста...

Италија уште во XI и XII век има развиено цела мрежа универзитети, кои спаѓаат меѓу најстарите во Европа. Иако во некои извори се наведува дека Парма го добила својот универзитет во 1065 година, вообичаено Болоњскиот Универзитет од 1119 (или:1088?) година се смета за прв на Полуостровот. Други универзитети основани до почетокот на XIV век: Модена 1175, Перуџа 1200, Падова 1222, Неапол 1224, Сиена 1240, Мачерата 1290 и Рим во 1303 година, град во кој бил основан Конзерваториум во 1570 година.

Инаку, според Уставот од 1948 година Италија има дводомен парламент кој е составен од Застапнички дом и Сенат како и посебно судство. Претседателот на Републиката се бира на секои седум години, а го бира парламентот заедно со мал број на одбрани регионални пратеници. Претседателот го предлага претседателот на владата, односно премиерот кој ги предлага останатите министри. Поголем број од министрите треба да ја зачуваат довербата на двата органа.

Претставниците на двата органа на парламентот се бираат на избори, а се користи мешан состав. Претставниците на двата дома се бираат на пет години, а законите можат да се предлагаат од двата дома. Италијанското судство, пак, е основано според Римското право, наполеонски код и статути. Уставниот суд одлучува за уставноста на законите. Тој бил основан по Втората светска војна.

Продолжува

slave44
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “АНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ ЌОСЕТО“

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “А...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.