Среда, 06 Септември 2017   
Рим – градот на светлината, убавината, шармот и архитектурата (2)

italija2

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ИТАЛИЈА

Италија е позната по своите кулинарски вештини, модата, дизајнот, облеката, архитектурата, уметноста, музиката, и други знаменитости. Затоа со право се вели дека Италија е земјата на минатото, на љубовта, на религијата...

Инаку, според историските податоци Рим станал центар на Римското Царство кое се’ до V век владеело со голем дел од Европа. Иако на почетокот било целосно подоцна се поделило на два дела и тоа: Источно Римско Царство и Западно Римско Царство. Во составот на Римското Царство влегла и Македонија како римска провинција.

Рим, градот на Ромул и Рем, е градот на шармот, грациозноста, убавината, индивидуалноста и универ­зал­носта, град кој е предизвик за секој патник, намерник, патеписец... Оваа италијанската метропола се смета за најголем град на Средоземјето. Рим е подигнат пред два и пол милениума на реката Тибар, на седумте рит­чиња: Палатин, Капитол, Квиринал, Виминал, Це­и­јан, Авентин и Есквилин. Тој претставува сре­диш­те на ита­лијанската култура, наука, образование, мода  и оп­штест­вен живот.

Во Рим уште во 1303 година е основан првиот уни­вер­зи­тет, а има и бројни високи шко­ли, како што е Академијата на науките, потоа научни институти, умет­­нич­ки галерии, библиотеки, театри, музеи, црк­ви, капели и друго културно богатство. Величенствени обележја на градот Рим се и црквата „Свети Петар“, Колосеумот, Римскиот фо­рум, Пантеонот со многубројните стари палати, ак­­вадуктите, старите бањи, катакомбите, триум­фал­­ните порти и други  монументи.

rim2
Рим

Исто така во Рим е раз­вие­­на индустријата за метали, машинската, хемис­ка­­та, графичката, стакларската, ќерамичката и филм­ската индустрија. Градот претставува железнички јазол, има два аеродрома, морско прис­та­ниш­те и други значајни објекти што го прават светска мет­ропола.

Според преданијата, Рим бил формиран во 753 година пред Христовото време, а го изградиле браќата Ромул и Рем. Во тоа време бил град - држава, а потоа република и империја. Денес Рим претставува најголема уметничка ризница во светот. Во него се наоѓа дури 60% од вкупното умет­нич­к­о богатство на планетата, а убавината на старата архитектура и вајарството извираат од секоја негова пора, планот од неговите авении, фасади, монументи, платоа, плоштади... Тоа е град со повеќе од 2000 фонтани и 450 цркви, храмови, бањи, амфитеатри… Во исто време тој е град со над четири милиони жители.

Колосеумот е градба со исклучително архи­тек­тонско значење, место каде што оставиле печат крвавите гла­дијаторски борби пред аристократијата и пле­беј­ците. Вниманието го привлекува и величест­ве­на­та, грандиозна црква „Свети Петар“, во која се наоѓа едно од најубавите дела на големиот мајстор Ми­ке­лан­џело.

Траен спомен на посетителот на Рим е, се­ка­ко, црквата „Свети Петар“. Ја посетивме во еден од повеќето сло­­бодни денови кога се слеваше река по­се­ти­тели кон овој голем, значаен, величествен и по мно­гу неш­та единствен христијански споменик на вечниот град.

roma

Уште кога човек ќе  дој­де на плоштадот пред црквата, може да ја почувствува вели­чественоста на овој монумент. А на плош­тадот секојдневно врие како во кошница. Таму има вер­ници, намерници, дој­денци, и бели и црни и жолти, од сите ме­­ридијани на светот. Се пробивме низ толпата луѓе и влеговме во големиот храм. Тука човек се чувствува поголем, поважен и позначаен. Веројатно, кај посетителите се отвораат сите се­тила и секој се труди што повеќе да види, да по­чув­ствува и да запамети.

Инаку, за нас Македонците е, исто така, важен Рим, бидејќи сесмета дека споменикот кој му бил подигнат на последниот македонски крал Персеј се наоѓал на западната градска некропола. Споменикот бил на околу 3 км западно од Рим, покрај самата Виа Валерија, каде е поставена  масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце, подарок од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, на која на македонски, англиски и италијански јазик пишува: 

ПЕРСЕЈ
КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА
ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Чинот на поставувањето на спомен-плочата, всушност, претставува темел за обнова и продолжување на македонското кралство. Со тоа се потврди ширењето на корените на античка Македонија до вечниот Рим и продлабочување на добрите односи и релации меѓу денешните две држави Република Италија и Република Македонија.

Таму географскиот амбиент наликувал на македонскиот пејзаж. Кон југозапад и југ се  протегале разбрануваните ниски ридови и рамнината на пресушеното Фукинско Езеро кон југоисток. Кон север по неколку километарската висорамнина, која наликувала на Пелагонија, речиси наеднаш високо во облаците се издигнувал дури до 2.487 метри замаглениот планински врв Велино, со околните врвови Кафорнија (2.409 м) и Севиче (2.331 м). Амбиентниот колорит е типично медитерански, би се рекло дури и балкански.

Според археолозите, пак, самиот објект - споменикот бил оформен во цврста малтерна техника, со средно големи варовнички камења. Тој бил во форма на доминантна кула, според стара фотографија која, за жал, се урнала во силниот земјотрес кој се случил во 1915 година. Денес, се зачувани остатоците од долниот дел, кои по малку наликувале на фигура на слон, што секако е случајно. Во урнатините до споменикот се гледа и дел од една покривна ќерамида-тегула, коринтски тип, што датира од подоцнежно време. Се претпоставува дека токму остатоците од тој споменик се на кралот Персеј и дека се темели на неговата монументалност и местоположба.

Инаку, по изминати речиси 22 века, се знае дека тогаш Персеј имал само 13 години, кога како македонски принц јавал на чело на дел од македонската армија кон пелагониските теснеци, кај прилепското село Барбарас, каде го запрел пробивот на дардански теорди. Долг е списокот на херојските подвизи на Персеј и на војската на Македонците за одбрана на македонската цивилизација и на Кралството Македонија.

Продолжува

slave44
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.