Среда, 20 Септември 2017   
Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

slave-katin-ilinden

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Славе Катин во неговиот богат опус за македонекото исепеништво во светот. Ова дело посветемо на големиот јубилеј Илинден, претставува рвтко оригинално издание од овој вид во македонската историографија. Тој во него услеал да оствари синтеза на историската борба на македонскиот народ за национална и социјална слобода во текот на цел еден век, крунисан со неговата самостојна и независна држава - Република Македонија.

Оваа книга ја изразува митолошката симболика ка ИЛИНДЕН, како ден на деновите, како амалгам кој ги поврзува и обединува Македонците во остварувањето на нивната историска и национална цел да имаат своја држава, без оглед каде се наоѓаат - во етничка Македонија ипи надвор од неа – насекаде по светот“

Ова го напиша проф. д-р Ввра Стојчевска-Антиќ како еден од рецензентите ма книгата "Илицден 1903-2003 и македонските иселеници", кое е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена по повод стогодишнината од најсветлиот празник на македонскиот народ – Илинден.

Вториот рецензент проф. д-р Цане Мојаноски во својата рецензија, меѓу другото, ќе напише: „Книгата "Илинден 1903-2003 и македонските иселеници" од Славе Катин е сведоштво за силината ка македонскиот дух и неговата трајна поврзаност со македонската земја. Таа, меѓу другото, сведочи за раселеноста на Македонците по земјите на сите      континенти, но и за духот македонски. за копнежот. а и за тоа да се покаже и докаже дека иселувањето не значи искоренување од матицата земја. Македонските исегенички организации и заедници, особемо македонските храмови се матиците околу кои се обединуваат Македонците од сите делови на Македонија. Македонските правоспавни цркви низ светотот, мноштвото гласила. објавените книги и неброените песни и ора, се само дел од историската ризница и културниот подем што го постигнуваат Македонците насекаде низ сеетот“.

Во воведот, пак, авторот Славе Катин ќе напише дека Македонците како библиски народ, своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно му го должат, меѓу другото, и на празникот Илинден, издигнувајќи ја неговата верска и национална симболика до ниво на маѓија која ги поврзува, независно дали се наоѓаат во Австралија, САД, Канада, Европа (Европската Унија) или на други простори. Овој македонски празник е ден над деновите,

симбол над симболите, магнет над магнетите, со кој националното ткиво има своја резонанса и планетарна шифра, по која светот Македонците ги распознава.

Стогодишниот јубилеј на Илинден е оној генетски предизвик од кој мора да се родат вакви и слични книги, посветени на неговите соѕвездија чие зрачење, ние Македонците го чувствуваме цел еден век, не само во нашата колевка на Балканот, туку и на сите континенти на кои изр’тило нашето семе.

Сега, со извесна дистанца од скромните дела за дијаспората, се гледа колку е силно и моќно илинденското племе Македонци, прифатено од меѓународната заедница како библиска нација, која го задолжила светот со старословенската писменост и куптура. Сега се гледа и чувствува големината на Илинденската епопеја, светлината што извира од неа за да го детронизира мракобесието и да го покаже латот на македонската национална ренесанса.

krusevo
Крушево

Крушевската Република е најславната страница на Илинденското востание. Тоа е најконкретен израз за симболиката на државно-правните стремежи на македонскиот народ, што беа идеал кон кој со години потоа се стремат новите генерации.

Магнетизмот на Илинден во дијаспората најсилно се доживува во текот на илинденските иселенички празнувања. Во тој период најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото. На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации. Овие празнувања, особено во Австралија, САД, Канада и Европската Унија (Европа), се одржуваат повеќе од седум децении, што значи дека тие се веќе традиционални.

Илинденските празнувања на сите континенти имаат свој типично македонски концепт, односно функционираат како систем кој го мотивира и стимулира најкреативното кај Македонците на овие простори. На нив доаѓа до израз исконското, цивилизациското кредо на нацијата, изразено низ вредностите создавани со векови во областа на музиката, фолклорот, везот, резбата и носијата, кои ја збогатуваат културната гама на државите во кои се етаблирале, во почетокот на покрагок, а подоцна и на подолг рок.

И Крсте П. Мисирков за Илинденското востание, рекол дека Илинден претставува епоха во македонската историја, но жестоко ги критикувал револуционерите-раководители за неподготвениот и крајно ризичен чин, Тој го осудувал отсуството на една општоприфатена национална лрограма, па предлагал заедно со барањето македонска држава да се побара и признавање на македонскиот национален идентитет. македонскиот литературен јазик и Македонската православна црква, во лицето на обновената Охридска архиеписколија.

На тој голем историски настан Илинден 1903-2003 авторот Славе Николовски-Катин му ја посветува и оваа книга, со која фактички сака да даде скромен придонес кон општите напори на македонскиот народ од етничка Македонија да го одбележи како најсветол датум ео својата историја, кој заслужува да биде осветлен од сите позначајни аспекти од нвговата појава до денвс.

ilinden-knigi

Покрај тоа што македонскиот народ во 1903 година се крена на востание да се бори за својата слобода и за создавање независна македонска држава, само десет години подоцна Македонија беше брутално нападната, окупирана и поделена од своите соседи Грција, Србија и Бугарија; поделба потврдена од страна на големите европските сили на 10 август, 1913 година, со Букурешкиот договор.

Познато е дека Македонците постоеле во 1912 и во 1913 година година. Всушност, целиот свет знаел дека Македонците постоеле дури и пред тоа, бидејќи читале за нив во весниците. Целиот свет читал за Илинденското востание од 1903 година и за тоа како македонскиот народ се обидува да се ослободи од турското ропство. Денес имаме стотици исечоци од весници од тоа време, практично од секој голем весник во светот, кои, без сомнение, докажуваат дека Македонците постоеле во 1903 година, само една деценија пред Македонија да биде брутално нападната, окупирана и поделена од соседните земји.

Исто така, треба да се знае дека ние сме Македонци затоа што ние, нашите татковци и мајки, нашите дедовци и баби и многу генерации мажи и жени пред нив, кои биле родени во етничка Македонија, биле Македонци, бидејќи земјата на која сме родени, во која сме пораснати и во која почиваат илјадници генерации се вика Македонија. Нам не ни требаат нашите непријатели да нѐ дефинираат и да ни кажуваат кои сме ние, а кои не сме. Ние сме Македонци бидејќи тоа е токму она што сме!

Македонска нација

 

На прво место

News image

Ламбе Арнаудов: Неколишевизам

Никој нема право да ја консумира слободата и во неа да ужива, ако претходно не ја заработил за друг....

Историја

News image

Трлиски инцидент

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македониј...

Иселеници

News image

Одгласи на Илинденското востание во различни кругови во светот (13)

Одгласите за Илинденското востани биле големи во различни ...

Култура и туризам

News image

Музеј на Старата скопска чаршија

Музејот на Старата скопска чаршија е сместен во рамките на Сули ан. Основан е како придружна институ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (10)

Напливот на бегање од Елада предизвика и други соодветни барања, бидејќи намесниците...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.