Среда, 27 Септември 2017   
Македонија и нејзината историска голгота (2)

etnicka-makedonija-karta

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Бескрајно долг и трнлив пат, исполнет со блескави страници на едно величествено истрајување, Македонија го минувала низ лавиринтот на времето на една феноменална исклучивост: нација и Црква, кои што конечно се конституираа дури кон половината на XX век и народ со европски профил, лоциран во срцето на Балканот.

На територијата каде што античко-елинската култура и римската цивилизација оставиле бројни траги, а потоа христијанството и исламот долго се бореле за превласт. Каде што се судирале, но и меѓусебно проникнувале грч-киот, албанскиот, романскиот, словенскиот и турскиот етнос - македонскиот народ опстојал под сите видови притисоци и вековни обезличувања и се зачувал со силата на својата исконска култура итрадиција, Иако наклонетоста на судбината најчесто го заобиколувала, сепак, сета логика на долгата и вековна исцрпувачка борба, проследена со востанија и порази, од пркоси и победи, ги научила Македонците успешно да ја совладуваат суровата школа на опстанокот.

Во античкиот период Македонија постоела како самостојна држава, робовладетелска, која се наоѓала на територијата на истоимената област, порано нарекувана Ематија. Древната Македонија се граничела на југ со античка Елада-Грција, на запад со Епир, на северозалад со Илирија и на исток со Тракија.

Мнозинското население на државата биле македонските племиња Орести, Линкести, Елимиоти и Еродејци, кои во етнички поглед биле блиски до Илирите, Траките и Елините-Грците. Во шестиот век пред нашата ера, Македонија немала поблиски комуникации со античката елинска-грчка држава и култура. Во општествен поглед, таа се уште живеела првобитен поредок, но постепено навлегувала во епохата на таканаречената воена демократија.

Кога веќе развојните процеси ја вклучиле и Македонија во класното општество, дошло до првото обединување на расцелканите области на земјата. Царот Александар први (498-454 пред н.е.) е првиот обединувач на Македонија. Царот Архелеј силно ја зацврстил централизацијата и вовел парични и воени реформи (413-399), додека во времето на Филип Втори (359-336) Македонското царство се проширило. Тој ја организирал војската, ги ликвидирал сепаратистичките тенденции, а со битката кај Херонеја (338 год. пред н.е.) им го нанел на античките Елини-Грци и на целата антимакедонска коалиција, најголемиот пораз издигајќи ја Македонија во едча од најсилните држави на Балканот и пошироко.

Наследникот на Филип Втори - неговиот син Александар Македонски, или наречен уште и Александар Велики (336-323 пред н.е.) ги продолжил завојувачките походи. Хегемонијата над античките Елини-Грци и над поголемиот дел од Балканот, утврдена со Коринтскиот конгрес лига во 337 година пред н.е. Александар ја уништил и со своите походи на исток дошол до Индија.

filip-aleksandar 
Филип и Александар

Тогаш Македонија станала центар на една огромна држава која се протегала на три континенти и која го достигнала врвот на својот развој. Но, по смртта на Аалександар, Македонија како држава почнапа брзо да се распаѓа, а завојувачките стремежи на Римјаните на Балканот довеле до трите т.н. македонски војни (214-205, 200-197 и 171-168 пред н.е.). По ова Македонија била покорена и поделена на четири автономни области во рамките на римската провинција, со центар во Солун, а подоцна и во Стоби.

Доаѓањето на словенските племиња (Драгувити, Сагудити, Велгизити, Струмјани, Ринхини, Смољани, Березити и други) се случило кон крајот на VI век и траело до средината на VII век. Освен Солун, тие ја населиле територијата на цела Македонија, мешајќи се со староседелците, кои брзо ги асимилирале, создавајќи го, на тој начин, идниот етнички амалгам на Склавините или Македонците, односно на денешните Македонци, кои заедно со античките Македонци имаат право да го носат славното име на Македонија.

Наоѓајќи се на најпрометниот дел на Балканот, Македонците набрзо станале објект на туѓински аспирации и завојувања, зашто Византија секогаш во евентуалната македонска поцврста државна организација, гледала потенцијална опасност од создавање на нова силна              македонска држава. По жилав и долг отпор од преку 200 години, Македонците биле покорени од Византија. Едно од најпознатите антивизантиски востанија била Буната на синовите на брсјачкиот кнез Никола во 976 година. Синот на Никола - Самуил, успеал до крајот на X век да ја ослободи цела Македонија и да ја организира првата значајна државна заедница на Македонците.

car-samoil
Цар Самоил

Царството на Самуил траело од 976 до 1018 година. Тогаш Македонија била една од најсилните држави на Балканот, со престолнина, најпрвин во Преспа, а потоа во Охрид. Нејзината Црква имала ранг на патријаршија. Во рамките на Самоиловата македонска држава влегувале Тесалија, Епир, дел од Албанија со Драч, северна Бугарија, Босна, Дукља и Рашка.

 Откако Византија успеала да го порази Самуила во битката кај Беласица, за Макадонија започнале вековите на робување, Најпрвин Византија, потоа бугарските и српските војувања и освојувања, за најпосле турското ропство да се протегне низ пет столетија, се’ до почетокот на XX век. Наспроти тиранијата почнувајќи од XI век наваму Македонија постојано се извишувала над своите величествени мигови на непокорот.

Прво, востанијата против византиската власт (Петар Делјан во 1040/41 и Ѓорѓи Војтех во 1072/ 73 год.) биле задушени со крв, Само за споменуѕање е дека од XII век до Балканските војни, Македонците воделе непрекинати битки против тираните, независно дали биле бугарски или српски, а особено турски, кои османлиското владеење на овие простори го зачуеапе цели пет века.

Најмасовно востание против турската власт Македонците имапе во времето на Австро-руската војна до 1689 година, позната како Карпошово востание. Со свои чети активно учествувале и во Српското и во Грчкото востание против Турците, во 1804 и 1821 година.

По освојувањето на Македонија од Турците дошло до крупни промени во животот на Македонците. Според турскиот административен систем, кој првпат се споменува во XI век населението од овој регион свесно за својата национална припадност, водело енергична борба против Цариградската патријаршија, која преку воведувањето на грчкиот јазик во црквите и училиштата се обидувапа да го асимилира.

Меѓутоа, во периодот од 1846 до 1880 година во македонските поголеми населби биле отворени голем број училишта, во кои наставата се изведувала исклучиво на македонски јазик (месно наречје), Тоа е време кога грчката влада доселениците од Кавказ, познати како просвиги, (православни Турци) ги наоружала и ги направила чувари од опасноста од север, давајќи им неограничени права. Оружјето го носеле со себе дури и на нивите. Македонскиот селанец не се чудел, бидејќи и Турците своите пушки ги носеле на рамо, а сабјите во појасите, топорејќи му се на населението со закани за ограничување на нивните слободи и прааа.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.