Среда, 27 Септември 2017   
Македонски фолклорни фестивали и други манифестации во Шведска (2)

svedska2-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ШВЕДСКА

Викинзите го освојувале светот, а ние од Копенхаген до Малме, шведската земја стасавме за четирие­се­тина минути, и го продолживме патувањето кон север во Еслев. Повод за нашето патување беше фестивалот на фол­кло­рот во Лунд, во организација на Ма­ке­дон­ски­от со­јуз од Шведска, а домаќин беше Македонското кул­тур­но и спортско друштво „Пелагонија“ од Еслев.

Оваа значајна манифестација на Маке­дон­ци­те од Шведска се одржува во различни градови ши­рум државата каде се формирани фолклорни групи и ансамбли  кои го негуваат македонското оро и песна, обичаите, тра­дициите и сè она што е поврзано со Македонија.

На овој празник на фолклорот во Еслев учествуваа пет културно-уметнички друштва, односно седум иг­раор­ни групи, кои како колоритен букет ја одиграа својата улога на вистински          ам­ба­са­до­ри на македонскиот фолклор. Во исто време тие беа иницијатори на семакедонската за­бава што траеше цели 12 часа, а на која се собраа  над илјада дечиња, младинци, студенти, родители, гос­ти и пријатели, вљубеници во фолклорот, по­чи­ту­вачи на македонската песна и оро, на Македонците во Шведска и на Република Македонија.

Еслев се наоѓа на четириесетина километри се­верно од Малме. Малку необично за Шведска за тој период во годината, меѓутоа како времето це­лос­но да се изменило и, во мајскиот период без дождови и ветришта, чиниш се нао­ѓаш некаде на југот од Европа. Сонцето чии бои се прелеваа во далечините на Запад, кога завр­шу­ва­ше денот, полека заминуваше зад хоризонтот.

Глетката беше прекрасна. Насекаде зе­ленило. Голем број парцели како килими со жолта боја од цвеќиња на маслиновата репка, стро­го геометриски одредени форми и негде-годе од­ре­ден број ветерници кои се губеа во не­пре­глед­ните прос­тори на јужниот дел на Шведска.

Градот кој бе­ше домаќин на Македонскиот  фолклорен фестивал е ин­д­ус­трис­ки центар. Во него има фаб­рика за пре­хран­бени производи во која работат нај­голем број Ма­кедонци, како и Фабриката за трактори „Фер­гусон“, како и фабрика за хар­­тија, фабрика за стакло и фабрика за филтри. Во Еслев живеат и ра­­бо­тат околу илјада Македонци, кои, главно, по­­тек­нуваат од битолскиот крај, а само мал број се­мејс­тва се од други места во Македонија. Тие дошле во    се­думдесеттите години како „привремено вра­бо­те­ни“, а сега како „постојани жители“ свиле семејно гнездо во овој убав град.

lund
Лунд

Во демократска Шведска Македонците ги ужи­ваат сите социјални, политички, човекови права и сло­­боди, а возвраќаат со тоа што претставуваат при­­мер на трудољубивост, работливост, честитост, ло­јал­­ност... Во гратчето Еслев цветаа јоргованите кога се одржуваше Македон-скиот фолклорен феестивал.

По завршувањето на фестивалот заминавме во Малме. Овој привлечен и интересен град со многу скандинавски специфики и едно од најјужните места на Швед­ска, го посетивме во делник. Градот се споменува уште од 1275 година. Бла­го­дарение на својата местоположба, овој убав и пре­кра­­сен приморски центар во средниот век пре­рас­нал во големо и богато трговско место, за потоа да се раз­вие во индустриски, а денес и во многу значаен културен и ту­рис­тич­­ки град.

Често Малме го нарекуваат градот на пар­ко­вите, бидејќи во него има голем број познати и по мно­гу нешта карактеристични паркови, како што е пар­кот Кунгспаркен, во кој се наоѓа познатиот дво­рец што им припаѓал на тогашните управувачи на покраината Сконе, изграден во 1500 година. Стариот дел на градот е опкружен со ка­нали и изобилува со градби што потекнуваат од сред­­ниот век. Исто така, овој дел врие од рес­то­рани, кина, дискотеки, бутици и други објекти.

Малме претставува влезно-излезна порта на Шведска која се отвора кон Европа и кон светот, особено со пуштањето во сообраќај на мостот Оресунд кој го по­врзува Малме со Копен­ха­ген, односно Шведска со Данска. Преку овој значаен објект поминуваат милиони автомобили, камиони, ве­лосипеди и мо­то­цикли и преку кој е развиен же­лезничкиот соо­браќај.

Во Малме ги посетивме про­сто­риите на Македонското спортско друштво (КСД) „Ма­ке­донија“ што се наоѓаат во центарот на градот и кои претставуваат место на дру­гарување, на забава, при­јателство и национално дру­же­ње на Ма­кедонците од Малме и по­ши­роко. На овие простори има околу две илјади Македонци. Инаку КСД „Ма­ке­до­нија“ е формирано на 20 ное­мври 1969 година од група ентузијасти и вљу­бе­ници во фуд­балот и фолклорот.

Таму, се срет­навме и со прет­став­ни­ци на Македонскaта православна црковна општина „Свети Наум Охридски“, значаен духовен и национален храм, формиран во 1973 година, кој претставува  важен центар за Македонците од Малме. Исто така, и средбата со претставниците на Македонското друштво  „Македонија '92“ ни остана во сеќа­ва­ње од разговорот за голем број прашања кои се од интерес за националниот, црковниот и културниот напредок на Македонците на тие простори.

А Македонците во црквата, клубовите и друштвата ги одбележуваат сите верски, историски и национални празници, кои претставуваат празнување, зближување, другарување и зачувување на националниот идентитет, верата, обичаите и сите вредности донесени со себе од  Македонците во демократска Шведска.

Треба да се нагласи дека современите преселнички движења од Македонија кон Европа во изминатото столетие се одвивале со различен интензитет. Меѓутоа, заминувањето на Македонците на времена работа во западноевропските земји започна во шеесетите години од минатиот век. И покрај нецелосните податоци, сепак, се проценува дека во земјите на стариот континент има околу 300.000 Македонци, од сите делови на Република Македонија кои веќе живеат и работат таму околу педесет години.

Најголем број од нив се во Германија, потоа во Швајцарија, Шведска, Австрија, Франција, Данска и други земји. Исто така, во Европа има неколку десетици илјади Албанци и Роми и помал број Турци од Република Македонија. Според неофицијални податоци во Европа има и десетина илјади Македонци од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија. Овој број македонски граѓани на „привремена работа“ и престој во последните десетина години расте или варира со осцилации.

Македонците на времена работа и престој во поголемите центри уште со доселувањето имаат организиран живот преку клубовите и друштвата. Досега се формирани педесетина клубови на граѓани од Република Македонија и други асоцијации, здруженија со македонско национално обележје.

Оваа форма на општествено собирање овозможува значаен придонес во зачувувањето на националниот и културниот идентитет на Македонците и нивната врска со родната земја. Тоа, исто така, придонесува во негувањето на меѓусебната солидарност и соработка, а со тоа и го спречува негативното влијание од соседните балкански земји на кое Македонците се изложени во тамошната средина. Исто така, со различен успех се организираат црковно-просветни информативни, културно-забавни, воспитно-образовни, спортски, и други активности, кои придонесуваат за зближување на Македонците во новите средини.

poezija-svedska
Денови на македонската поезија во Шведска

Македонците во европските земји сèповеќе се организираат за изградба на свои цркви под јурисдикција на автокефалноста на Македонскaта православна црква, кои се духовни и културни домови. Најстара и прва македонска православна црква во западноевропските земји е црквата „Свети Кирил и Методиј“, формирана во 1973 година во Гетеборг, Шведска. Денес тој број изнесува над триесет

Инаку, Македонците започнаа да се населуваат во Шведска во седумдесетите години од минатиот век и тој процес трае до денес. Првите форми на организирано живеење се појавија со самото доаѓање во новите средини, каде биле формирани десетина македонски друштва, меѓу кои: „Гоце Делчев“ во Гетеборг, „Македонија“ во Малме, „Македонија ‘91“ во Халмштад, „Пелагонија“, во Еслев, „Пелистер“ во Трелеборг, „11 Октомври“, Хелсингборг, „Даме Груев“ во Стокхолм, „Илинден“ во Вахјо, „Вардар“ во Скара, „Питу Гули“ во Еиславед и други. Во сите овие друштва се одвивал богат културно-просветен и спортски живот, а Македонскиот координативен одбор бил организатор на традиционалниот Македонски фестивал.

Продолжува

slave-katin-svedska
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.