Среда, 18 Октомври 2017   
Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

sa1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Македонија. Тоа биле Солунските атентатори, грула македонски интелектуалци, кои се наоѓале под влијание на анархистичките идејни гледишта. Основната тенденција на нивните „динамитни атентати" се состоела во рушење на институциите на тогашните држави во Македонија. Зад нив бил и стремежот да се заинтересира Европа за состојбата во Македонија.

Солунските атентатори предизвикале голема врева во Европа. Во Македонија ситуацијата уште повеќе се заострувала и станувала критична и затегната. Тогаш ушта повеќе се засилувал отпорот, се барал излез од кризата.

Кризната револуционерна состојба се комплицирале и со смртта на Гоце Делчев: 4 мај 1903 година, Херојскиот подвиг на предводникот на македонската револуција болно одекнал низ цела Македонија. Тоа имало одраз и врз конкретната активност на Внатрешната организација. Нејзиниот Централен комитет, со сотавот што го имал по враќањето од заточение на Даме Груев, се нашол во тешка ситуација.

Тогаш конкретниот збор го имале револуцинерните окрузи низ цела Македонија. Тие биле задолжени конкретно да се искажат за најважното прашање: Востанието.

Откако сите подготовки биле завршени, Главниот штаб на востаничките сили го определил Втори август - Илинден (1903) за почеток на востанието. Со специјален проглас бил разгласен повикот за востание низ целата земја. За почетокот на востанието биле известени европската дипломатија и светската јавност.

Илинденското востание започнало на 2 август во поголемиот дел од етничка Македонија. Во согласност на стеленот на подготвеноста на народот и на револуционерните сили, тоа имало различен интензитет. Неговото траење било различно, но, главно, Македонија се наоѓала во востанички пламен цели три месеци (август, септември, октомври 1903 година), а и повеќе. Во него широките македонски народни маси, потпомогнати од преставниците на народностите во Македонија, храбро опстојувале во одбраната на слободата и низ востаничките акции ги барале патиштата на слободољубивата егзистенција и еманципација.

Во востанието движечка сила биле народните маси, кои во него ја докажапе својата револуционерност, самоиницијативност и масовна борбеност. Затоа востанието уште во самиот почеток имало народен карактер. Било типично народно востание. Солствено дело на македонскиот народ.

grobot-na-goce-delcev
Гробот на Гоце Делчев

Најопсежни димензии Илинденското востание имапо во Битолскиот револуционерен округ. Со него биле опфатени сите револуционерни реони во Округот. Се манифестирало во прекинување на телеграфските и телефонските линии; во напади врз беговски кули и поседи; во јуриши на месните гарнизони; во рушење на     мостови и други објекти; во непосредни судири со аскерот и башибозукот.

Успешниот развој на востаничките операции бил насочен и кон напади на определени градски центри и села, како и кон создавање слободни територии во планинските подрачја. Таму востаниците, заедно со ослободениот народ, станувале единствени господари и организирале своја сопствена власт. Со тој значаен револуционерен потфат и ориентација дојшле до израз целите на револуцијата.

Највисок дострел илинденскиот револуционерен факел добил со формирањето на Крушевската Република и со создавањето на републиканската власт во Клисура и Невеска. Со оформувањето на овие револуционерно-демократски и релубликански творби дошле до израз државотворните традиции на етничка Македонија и настојувањата да се дојде до насоките во кои треба да се изградува македонската државност.

Формирањето на Крушевската Релублика настанала како резултат на солидната организација и успешното изведување на Илинденското востанио во Крушевскиот револуционерен регион. Со реализирањето на тактички план дошло до заземање на градот на 3 август. Со тој храбар и востанички подвиг била обезбедена победата на крушевските револуционери, а со тоа и на сиот македонски народ и на народностите на Македонија. Тоа бил голем чин за македонската револуција, врвна победа, израз на стремежите за слобода и за самостоен живот, за изградба на сопствена држава.

sa2

Најголемата обврска на Крушевската Република во првата фаза била изградувањето на нејзините органи. Пред се’ на Советот на Републиката, како типичен израз на републиканско-демократското устројство. На чело на оваа највисока релубликанска власт, како претседател на Републиката бил избран Никола Карев, истакнат ма-кедонски револуционер и социјалист.

Крушовската Република, односно „Величествената крушовска федерација", како што ја нарекол Димо Хаџи Димов, била прва слободна македонска држава која ги остварила суверените права на македонскиот народ и народностите. Тоа била, во истовреме и прва република на Балканот, што преставувало интересен феномен во тогашната балканска констелација.

Во создавањето на демократската востаничка и републиканска власт се гледало спроведување на идеите и искуствата на Париската комуна. Посебно, тоа дошло до израз во изборот на привремената влада, составена од шест членови на ксмисии за различни најважни органи на републиканската власт, која се ргулирала и со издавање разни акти и други одлуки, карактеристични за секоја револуционерна народна власт.

Програмските лозунги на народно-демократската револуција добиле најочевиден израз во Крушевскиот манифест, кој преставувал прекрасен документ за целите и задачите на револуцијата, за нејзините демократски стремежи, што воделе кон братска слога и единство меѓу народите. Таму се прокламирани високите начела на Македонската револуција за доследна револуционерна борба на сите потиснати маси, а се’ понагласено биле потенцирани длабоките демократски и напредни принцили за заедничкото живеење на народите.

Всушност, во него до највиден израз биле подвлечени принципите на Илинденското востание, во кое покрај влијанието на македонските налредни сили бил изразен државнотворниот стремеж на македонскиот народ и на народностите на Македонија.

Крушевскиот манифест бил напишан на типичен народен македонски јазик. Во него поетично и мошне пластично било изразено одушевувањето од постигнатата слобода што преставувало револуционерно верују за сите илинденски револуционери. Тоа била уште една потврда за прокламираните македонски самобитни цели на Илинденската револуција, кои на мошне автентичен иавтохтон начин дошле до најсилен израз и преставувале своевидно и аргументирано сведоштво. Затоа, Крушевскиот манифест, заедно со другите илинденски акти и документи, претставувал првокласен изворен документ за Илинденското востание.

Во продолжение ја поместуваме песна „КУД „Илинден“, чиј автор е доаенот на македонското иселеништво од Австралија Јован Кокаловски од Сиднеј. Тој беше од битолскиот крај, а во Австралија беше еден од основоположниците на културниот, националниот и духовниот живот на Македонците во Нов Јужен Велс, особено во метрополата Сиднеј

КУД „ИЛИНДЕН"

Почујте не’ сите наши Македонци,
во шеесет и шеста КУД - друштво се роди –
од „ИЛИНДЕН" славен име му се стави
и си тргна смело напред да си оди.

Тоа друштво сега - ние сме сите,
печалбарски деца - здружени ко еден –
петнаесет лета со песни и ора
си градиме живот радосен и вреден.

Роденденот денес го славиме ние,
со успеси видни од еланот траен –
и желба е наша „ИЛИНДЕН" да расте,
да ни биде вечен - прочуен и славен.

Јован А. Кокаловски (Австралија)

(Песната „КУД Илинден“ е објавена во делото „Илинденското востание 1903-2003 и македонските иселеници“, стр. 148.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.