Среда, 25 Октомври 2017   
Илинденското востание од Битолскиот до Костурскиот регион (6)

ilinden6

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Егејска Македонија, до Балканските војни, во се ја делела судбината на другите македонски краишта. Во составот на турската империЈа, Македонија претставувала заокружена стопанска и народносна целина. Егејска Македонија во времето околу Илинденското востание (1903 г.) влегувала со еден дел во Битолскиот, со друг во Солунскиот и со трет во Серскиот округ на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Најмасовно во Илинденското востание влегол Битолскиот округ. Конкретните подготовки за востанието таму започнале главно по одржувањето на Окружниот конгрес во село Смилево.

На Смилевскиот конгрес учествувале и револуцио-нерните реони од Егејска Македонија и тоа: Лерински со Михаил Чаков и други, Костурски со Пандо Кљашев и Васил Чакаларов, Преспански со Славејко Арсов, Никола Карев и други делегати. (Преспанскиот востанички реон со северниот дел денес е во состав на Република Македонија, а јужниот во Егејска Македонија). Истакнатиот костурски раководител и поет Лазар Поптрајков бил избран за член - заменик на Главниот востанички штаб.

Меѓутоа, уште додека заседавал тој конгрес, предизвикани, главно од познатите Солунски атентати, Турците во некои места почнале масовни грабежи и погроми. Така во мај тие извршиле ѕверски колеж во селото Смрдеш - Костурско. Смрдеш бил ограбен и опожаран. Биле убиени и заклани 87, а ранети 30-мина селани. Меѓу жртеите имало и жени и деца. Масовен погром Турците извршиле во селото Баница, Серско, по загинувањето на глемиот револуционер Гоце Делчев, на 4 мај. Слични погроми на разузданиот аскер и башибозук имало и по други места на Македонија. Овие насилства и погроми биле предвесник на големите настани кои допрва престоеле.

Согласно со прогласот за востание на Главниот востанички штаб, и со решенијата на Смилевскиот конгрес, на Илинден 1903 година и во најјужните околии од Битолскиот округ, започнало востанието. Костурскиот реонски востанички штаб, на чело со Лазо Поптрајков, растурил со брзи курири, низ сите села, краток повик со кој се известувало способното население „по утврдениот ред да влезе во редовите на борците". Повикот завршувал со извиците: „Да живее автономна Македонија, која се бори за својата слобода! Да живеат борците!"

ilindensko-vostanie-6

За одбележување е дека по јасноста на целите на востанието овој повик го надминал и апелот на Главниот штаб. Инаку, востанието во Костурско било на прво место по масовноста, ударната сила и стратегиските потфати. Со Костурско можело да се споредува само Крушево.

И во Костурско отпрвин иницијативата во борбите ја имала востаниците. Нивни најважни реони биле Корештата и Клисурско. Селските востанички одреди ги уништувале комуникациите, напаѓале на помалите турски гарнизони и ослободувале села и територии. И до средината на септември под власт на востаниците се наоѓале 60 села. Но, најголеми успеси биле постигнати пред ослободувањато на двете гратчиња - Клисура и Невеска - сместени во планинскиот терен помеѓу македонските градови Костур, Лерин и Кајлари.

Во ослободувањето на Клисура која останала во востанички раце 22 дена, учествувале 600 востаници, а тој број подоцна нараснал на 800 луѓе. Ослободувањето на Невеска, пак, била заедничка акција на костурските и леринските востаници. Но, ни во Клисура, ни во Невеска не била организирана нова револуционерна власт по оној ред како во Крушево. Костурските востаници имале и повеќе други судири со аскерот и постигнале повеќе победи при ослободувањето на селата.

Во Леринската каза востаниците презеле повеќе акции во првите востанички денови. На Илинден, вечерта, еден одред ја нападнал станицата Екшису и ја онеспособил пругата. Други одреди ги уништувале телефонските линии, мостовите и пругите, ослободувале села, напаѓале на беговски кули и чифлици. При обидот на востаниците, според планот на Реонскиот востанички штаб, да се ослободи селото Арменско, Турците извршиле страшен погром.

Во Преспанскиот реон не се развиле некои пошироки востанички акции, но и овде народот масовно востанал. Прва и најголема востаничка акција бил нападот на нахискиот центар, селото Наколец, каде што имапо 100 турски војници, потоа борбите во Љубојно, Отешево и Крушје Други одреди влегле во борби со некои помали турски единици по селата. До првата половина на август востаниците и таму биле господари на положбата, а потоа под постојаниот аскерски притисок се повлекле во планинските предели.

kostur-lerin
Костур, Лерин

Во Кукушката околија првите судирања на четите со аскерот започнале во август. Потоа судирањата се прошириле кон Ениџо - Вардарско, Воденска, како и кон Гевгелиско и Тиквешко на север. Во Солунскиот санџак востаничките сили извршиле 7 бомбашки напади врз пруги и други комуникациски објекти - меѓу станиците Острово и Владово - Воденско, кај селото Бојмица - на пругата Солун - Скопје и неколку во Гевгелиско.

Со тоа се потврдило дека Егејска Македонија имала достојно место во борбите и страданијата на целиот македонски народ за своето национално ослободување.

Инаку, Егејска Македонија, или Беломорска Македонија е дел од регионот на Македонија, а денес е во состав на Република Грција. Овој дел од Македонија е најголемиот регион во Република Грција според областа и вториот регион според бројот на жители.

Грците овој дел го нарекуваат едноставно Македонија (грчки: Μακεδονία), како што се чувствуваат дека тоа е само птостор кој има право да го носи името Македонија. Ова е една од причините за грчко-македонскиот спор околу името на Република Македонија.

Меѓутоа, спорот за името меѓу Грција и Република Македонија опфаќа неколку главни прашања обединети околу името Македонија, етничкото потекло на населението кои живеат во оваа земја, како и ословувањето на јазикот на кој што се користи. Ескалирањето на спорот се протега на таква рамка што нејзиното решение вклучува учество на меѓународни медијатори од највисоко ниво.

Спорот, главно, е резултат на несогласувањето на Република Грција за прифаќање на уставното име на Македонија, за кое педесеттина години немаше примедба. Привременото решение "Поранешна Југословенска Република Македонија" (а го форсира кај народот името „Скопје“), го користи Република Грција, а го користат и други земји кои не го признаваат уставното име на Македонија. Сепак, сите членки на Обединетите нации, и таа самиот, како целина, е да се прифати едногласна одлука која ќе произлезе како резултат на разговорите меѓу двете земји.

Во врска со македонското иселеништво, пак, а во чест на  Илинденското востание во Егејска Македонија, ќе ја претставиме песната „Илинден – 2 Август 1903“ на Џим (Митре) Томев (на Патерој, Патерас) од Мелбурн, Викторија, Австралија. Тој е познат и признат австралиски интелектуалец од македонско потекло. Џим Томев е автор на седум драмски едночинки и подолги текстови, на стихозбирката на англиски и македонски, „Фрагменти на една историја”. и на делото на англиски јазик „Мали измислици –голема мудрост“ (Small tales- great wisdom). Тој е австралиско-македонски публицист, драматург, новинар и вљубеник во етничка Македонија, чиј корени се во селото Кабасница, Леринско. Џим Томев на Илинден  ја посвети следната поема:

ИЛИНДЕН - 2 АВГУСТ 1903

Се чинеше дека тиранијата
беше вмешана со истиот ветер
по петстотини години,
и изгледаше дека дечињата
ја цицаа од боските на младите мајки.

Во неприродната поворка
од монотоно ропство
надгробните крстови
беа се’ што надежта можеше да ни даде.

Но волјата на младите
со решителна енергија
изгради соништа од утопии
од слобода отаде безнадежноста
зашто тие ја знаеја слободата
отаде јаремот ставен само од луѓе
и дека светот не беше врзан
со непроменлива хиерархија.

Смешана со горчина и крвни паметења
 слободата разурнувачки
го прекрши парализираниот ветер.

Над вековното сонце
бели мугри изгреаја
огнот се чистеше и ги сечеше
дебелите шуми на темницата
стегата на ропството падна
на таа очајна секунда светлина,
потем монотоните жални пискоти
ужасни во своите непрекинати болки
продолжија и ние дознавме
дека славата беше наша
иако победата се изгуби.

Џим Томев (Австралијз)

(Песната „Илинден – 2 Август“ е објавена во делото „Илинденското востание 1903-2003 и македонските иселеници“, стр. 50.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.