Среда, 01 Ноември 2017   
Илинденското востание во Пиринска Македонија (7)

ilinden7

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Пиринска Македонија е дел од регионот Македонија кој се простира во југозападниот дел на Република Бугарија, совпаѓајќи се со територијата на Благоевградската област и подрачјето околу селото Бараково, кое денес е во Општина Кочериново, Ќустендилска област.

Во Пиринска Македонија, за разлика од Егејска Македонија, во текот на Илинден се водени, главно, предавнички врховистички акции. А пак, Пиринска Македонија во времето на Илинденското востание во целост влегувала во состав на Серскиот револуционерен округ кој, со своето јужно крило, се ширел и преку денешната грчко-бугарска гранична линија. Уште пред Илинденското востание во овој округ се истакнал како способен      организатор и водач Јане Сандански кој доследно ги спроведувал принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација за самостојноста на македон-ското национално-ослободително движење.

Во почетокот на септември, кога востанието во Битолско веќе ја достигнало својата врвна точка, Серската окружна организација одржапа конгрес во Пирин на кој бил изработен план за востание во Серскиот округ. На конгресот, главно, било решено востаничките акции на четите да започнат на Крстовден (27 септември), почнувајќи од јужните реони денес во Егејска Македонија и постепено да се прошируваат и да дејствуваат кон север.

Во востаничките акции учествувале и врховистички чети, но под услов нивните водачи да се потчинуваат на решенијата на Окружниот комитет и да дејствуваат спрема веќе изработениот план. Овие услови врховистичките раководители (генерал Иван Цончев и лолковник А. Јанков) ги прифатиле привидно.

Слоред оваа спогодба, кон почетокот на селтември во денешна Пиринска Македонија дошле околу 400 врховистички четници, на чело со Цончев, Јанков и други офицери од бугарската војска. Врховисти биле упатени само во Серскиот округ, се’ со цел да се дозволи востанието да земе поголеми размери во граничните реони спрема Бугарија.

jane-ceta
Јане Сандански и неговата чета

Во Пирин во одделни околии биле одржани околиски советувања и конференции. Така, конференцијата на најдобро подготвената за востание околија - Разлошката - се одржала во гратчето Банско. На неа присуствувале дваесетина делегати од Разлог - Банско и околните села и бил изработен детален план. За ослободување на Разлог (Мехомија) и за други акции бил избран тричлен реонски (горски) штаб и селски војводи, според бројот на оружените сили по селата и сл.

Меѓутоа, под влијание на генерап Иван Цончев изработениот план за дејствија бил изменет во таа смисла што Штабот и главните востанички сили биле концентрирани не во Пирин, како што било првобитно утврдено, туку во пределите на Рила, во непосредна близина на турско-бугарската граница, Покрај тоа некои договори и акции на дојдените врхоѕисти {на пример да се бомбардира џамијата во селото Бачево) очигледно имале за цел да ги предизвикаат и онака разјарените Турци кон жестоки санкции.

Нападот за ослободувањето на Разлог не ги дал очекуваните резултати. Додека испратената група востаници внатре во градот жестоко се борела, генерал Цончев, кој бил на 6 - 7 километри оддалеченост не тргнал на помош, а неговите две чети, што биле испратени на Предел, за да го спречат доаѓањето на турски засилувања од Горна Џумаја {денешен Благоевград), ги напуштиле позициите и се упатиле со пушки на рамо кон турскобугарската граница. Потоа истото го сторил и генералот. Тоа им дало можност на Турците жестоко да се пресметаат со мирното население. Во Разлог биле изгорени 95 куќи и истепани 45-луѓе.

Во овој востанички реон најголеми борби се воделе за селото Белица, кое за еден ден и било ослободено. Но, под притисок на аскерот и многубројните башибозучки групи, востаниците го напуштиле селото, а заедно со нив и речиси сето население. Илјадници бегалци од селата се прибрале околу главните востанички сили во Рила и навлегле кон бугарската територија, така што и самите востаници биле принудени со сила да им отворат пат за натаму, напуштајќи ја со тоа и востаничката територија. Според тоа, предизвикувачките и предавнички врховистички акции и оѕверените Турци покренале седум до осум илјади бегалци од Разлошко, а тоа придонело мошне бргу да спласнат востаничките акции.

ilinden7-2

Меѓутоа, за Илинденскиот период во Пиринска Македонија најзначајна личност е Јане Сандански, познат како Пиринскиот цар, Сандан-паша и Старикот. Тој е македонски национален херој, војвода и водач на Македонската револуционерна организација.

Меѓу неговите активности во тој период, треба да се одбележи дека во април 1901 година, Сандански и Чернопеев во Разлошко, решиле да го грабнат д-р Хаус, протестантски мисионер од Солун. Меѓутоа тој го одложил патувањето и затоа тие решиле да ја киднапираат протестантската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско. Целата акција се усложнила и траела шест месеци. На 31 јануари 1902 бил платен откупот, а 23 февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во село Градошорци.

Внатрешната организација презела енергични мерки против врховистичката агитација. Од левата страна од Струма, околу Пирин, борбата против врховизмот ја предводел Сандански. Во Делвино, тој пред селаните кристално јасно ги претставил идејните разлики помеѓу двете организации. Истата агитација, Сандански ја повторил и во селата Марлево и Хрсово. Но и покрај силниот отпор на Внатрешната организација, на 22 септември (стар стил) 1902 година започнало т.н. Горноџумајско востание.

ilinden7-3

Во чест на Илинден,  ќе ја поместиме поемата „Иинденка“ од Васил Пецуровски од Вилинген,  Германија.  Тој е познат и признат бизнисмен, романсиер и поет.  Васил Пецуровски е роден во Русиново, Беровско, а е македонски печалбар кој познава неколку европски јазици. Тој е ценет бизнисмен во Еврипската Унија и е голем македонски патриот.

Тој е автор на романот „Нагорена душа“ и како прозно дело е роман-првенец на Васил Пецуровски, кој е и  автор на стихозбирката  „Печалбасрки проклетства“, кое претставува посериозно иселеничко дело.

ИЛИНДЕНСКА

Каде е Делчев војвода.
Во крв и пламен
на Илинден 1903
Македонија се вивна
за ропски пранги да скрши
од вековното ропство.

Гоце Делчев, Груев Даме
развеја револуционерно знаме.
Дојде денот македонски,
ден светол и светлозрачен.

Сонцето крваво запре
над македонската земја.
„Слобода или смрт!"
беше илинденската клетва.

Васил Пецуровски (Германија)

(Песната „Илинденка“ е објавена во делото „Илинденското востание 1903-2003 и македонските иселеници“, стр. 180.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.