Среда, 27 Декември 2017   
ММД НИКОЛА КАРЕВ 40 ГОДИНИ АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР

nikola-karev-1

ММД ”Никола Карев", го одржа презентациониот бал на 16 декември во просториите на Ferraro Reception. Одбележувањето на достигнувањата, макотрпната работа през годината беше наградена со доделување на пехари на играорците од сите три групи. Вечерта ја отвори и ги поздрави присутните, претседателот на друштвото Аце Петровски кој истовремено посочи на фактот што ова друштво од самото формирање па до ден денес, означувајќи 40 годишне јубилеј, неуморно работи и е верен амбасадор на македонскиот фолклор, песна и оро.

nikola-karev-2

Исто така значајно за оваа година е тоа што ММД “Никола Карев” додели специјални признанија на долгогодишните членови : Андријана Стојановска – 20 години, Александра Петровска – 20 години,Сашо Петровски – 18 години, Николче Петровски – 14 години, Стефан Јовановски – 17 години, Александар Јовановски – 18 години, Тони Јовановски  - 22 години

Македонското младинско културно уметничко друштво

nikola-karev-3

Наградата за доживотен член (life membership) ја доби Гордана Аневска за нејзиниот огромен допринос и долгогодишна работа во друштвото. Ова е петнаесетта личност а прва жена која го доби ова високо заслужено признание во ММД “Никола Карев”.

Вториот дел од оваа вечер продолжи со распеаниот Дамјан Стојановски во придружба на Соната бенд & Влатко, Мелбурн гајда. Дамјан за првпат гостува во Австралија и со своите гласовни квалитети докажа дека е вистински професионалец и ја воодушеви публиката со изборот на свои песни но и песни од легендата на македонската народна песна, неговиот татко Војо Стојановски.

nikola-karev-4

Прекрасно организирана вечер која беше круна на сите успешни концерти, настапи и презентации одржани во годината што измина како дел од одбележувањето на 40тиот годишен јубилеј на ММД “Никола Карев”. Честитки до сите играрци, кореографи, родители, управниот одбор, со надеж за уште поуспешни години што следуваат во негувањето на македонското оро и песна. 

Гордана Димовска

 

На прво место

News image

Во Европа државата се бори против криминалот, само во Македонија криминалот и криминалците се држава

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани: „Мора да ги избркаме од Владата криминалците ако сакаме во Евро...

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.