Среда, 03 Јануари 2018   
СЕКОЈА ПЕДА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА ГО ОСВЕТЛУВА НЕЈЗИНОТО ИМЕ

gordana-dimovska

Човековата активност од дамнина до ден денешен претставува предмет на проучување. Деветнаесеттиот век се смета за почеток на интензивно анализирање на материјалната култура, податоци за животната средина и се што оставиле зад себе луѓето во европските земји. Оттогаш започнале истражувања и во другите земји низ целиот свет. Наречена наука на човештвото, археологијата опфаќа широк спекатар на процедури и  проучувања со чија помош се отвора прозорец кон старите ракописи, старите градови, старите култури и традиции.  Арехолошките пронајдоци се вистински извор на богатство,  кои го докажуваат потеклото, историјата на одредени цивилизации. Ако некогаш биле цивилизации,  денес се само мали земји кои со текот на времето поминале низ најразлични периоди .

Сакам да ја истакнам и големата важност на книгата. Во светот до ден денешен се испечатени над 130 милиони книги а еден човек можеби ќе прелиста или прочита 3000 во текот на својот живот. Во минатото свесно биле палени, уништувани многу книги само да се сокрие она вистинско богатство кое го содржат, да се уништат податоци кои не им одговараа на владетелите во општеството. Постои податок дека книги биле уништувани уште во 303 година, кога царот Диоклецијан наредил запалување на христијанските текстови. Некои христијани подоцна запалиле цели библиотеки, а особено еретички или неканонски христијански текстови. Да не се изненадуваме овие практики се сретнуваат во сите периоди низ историјата на човештвото, а се случуваат и денес во многу земји. Неколку нации денес сè уште во голема мера цензурираат, па дури и уништуваат книги. Не помалку е оштетена и осиромашена, да не кажам испревртена и историјата за Македонија во минатото. Важно е да се чуваат сите ракописи од сите времиња, за генерации Македонци да знаат за своето потекло и да се чува споменот на нашите претци кои ги запишувале тие важни редови на свој јазик.

 Македонија  е земја која изобилува со голем број на археолошки објекти и  вредни артефакти. Тие се од исклучително значење и говорат за нејзината големина и потекло. За нив  треба многу да се пишува и со тоа да се види историјата од друг аспект.

Велат дека грчките историчари своите книги во голема мера ги испишале врз основа на лажни фати, без оригинални записи. Постојат и случаи каде едни со други  не се признаваат, и се обвинуваат за пишување на лаги.Тие отсекогаш биле и против истражувања на одземениот дел од Македонија.

Интересен е податокот за британскиот картограф и истражувач на британската разузнавачка служба, Луис Камингс. Во 1940 година, тој учествувал во проект за античката историја и притоа ја напишал книгата за Александар Македонски. Во првото поглавје од книгата тој наведува на потребата да се направат арехолошки ископувања кај Воден. Сето тоа го навел со причина што при истражувањата увидел дека постои голема празнина во текстовите за античкиот период и посакувал еден ден археолозите да ги пронајдат старите кралски гробници околу Воден, Егејска Македонија. Тој верувал дека ископувањата би биле вистински извор на вредни информации и надополнување на тие пропусти.

Не бил далеку од вистината. Во 1977 кога  се направени  првите ископувања кај селото Кутлеш. Така е откриена ѕвездата од Кутлеш на надгробната плоча на Филип Втори Македонски. Ѕвездата од Кутлеш или позната како 16 зрачно сонце, била симбол кој отсекогаш  се користел за означување и истакнување на македонскиот идентитет а јужниот сосед и тоа со закон го заштити како свој. Но сето тоа од друг аспект претставува откритие кое јасно говори за стара високо развиена македонска култура со типично македонски симболи: сонце, здравец, крин, лав, змија, зелад, дабови лисја.

За еден континуиран вековен историcки и културен развој, сведочи и локалитетот Хералкеја Линкестис кој го основал токму македонскиот крал Филип II Македонски. Тој восебе носи белези на еден развиен воено-стратешки центар насеверо-западната граница на тогашната македонска област Линкестида. Древниот град Хераклеја Линкестис  претставувал значајна раскрсница на патот Виа Игнација кој се смета за еден од најславните од сите римски патишта во тоа време и кој  во голем дел врви низ Пелагонија. Се градел 44 години и претставувал најскап  градежен проект и најдолг пат на империјата со должина од 800 км

За името на патот постојат две верзии. Едната е дека е добиено според името на месноста Игнација на самиот Јадрански брег од каде и почнувал патот а другата е дека името е според она на проконзулот Гај Игнациј кој е и конкретниот градител на патот. Втората верзија денес се смета за поверојатна, зашто како татко на Виа Игнација во повеќе извори се смета Гај Игнациј. Виа Игнација започнала да се гради во 145 год. п.н.е само една година по крајот на Третата Македонско-Римска војна, како заштита на Римската империја од евентуални повторни создавања на Македонска војска по македонските планини и тешко достапни места.

Археолозите од Институтот за историја на уметноста и археологија од Скопје и од прилепскиот „Завод и музеј”  после едномесечно истражување кај прилепско Старо Бонче ја открија новата гробница. Сметаат дека тоа е уникатна кралска гробница  во која бил погребан македонски крал од 3 и 4 век пред нашата ера.

 Археолошкото богатство е уникатно и незаменливо. Тоа битно влијае и на тоа како луѓето реагираат, како се претставуваат и размислуваат за светот.Освен во книгите, артефактите се уште еден начин на обликување и рефлектирање на историјата.

Ова е уште една потврда за тоа дека секоја педа земја крие дел од минатото, нова информација која би се спротивставила на лажно запишаните грчки записи за Античка Македонија. Со нивното пронаоѓање и зачувување започнува да се пишува вистинската приказна за минатото за која никогаш не е доцна и светот треба да ја знае.

И како што вели Радован Павловски во песната “Зрно“, “ во мене живее житието на народот, а со мене и судбини по светот се пребројуваат, да не ми остане семето во темнина, земјата да не ми огрубее, овенее, и низ камен отварам пат, породот кон сонце го водам“ Македонското име не смее да се менува, тоа е нашиот корен, нашата одек на историјата, на нашите претци кои се жртвуаа и натопија земјата со крв за да биде слободна.

Пишува: Гордана Димовска

 

Историја

News image

Македонија не им припаѓа ни на Бугарите, ни на Грците, ни на Србите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Манастирот „Света Мала Богородица“ во Сливница

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, ин...

Фељтон

News image

Александар Македонски (36)

Во тој период две Египќанки се омажија за двајца македонски воени гувернери, а тврди...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.